Дестинација Македонија! 50% попуст на серија на ексклузивни предавања за „Меѓународниот ден на археологијата 2018“ (15.11.2018) од ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција за културата во вредност од 620 ден. по цена од 310 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Дестинација Македонија! 50% попуст на серија на ексклузивни предавања за „Меѓународниот ден на археологијата 2018“ (15.11.2018) од ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција за културата во вредност од 620 ден. по цена од 310 ден.

img

Цена

310 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

620 ден.

Попуст

50%

Заштеда

310 ден.

ЛИМИТИРАНА КОЛИЧИНА

Добивате

Серија на ексклузивни предавања за „Меѓународниот ден на археологијата 2018“

  • Несекојдневни предавања за археологијата и културното наследство на Република Македонија
  • Интеракција со предавачите (археолози, антрополози, археоастрономи и класични филолози)
  • Со секоја купена зделка следува обемен водич за културното наследство на Република Македонија

Детали за настанот:

  • Датум: 15.11.2018
  • Локација: ЕУ Инфоцентар, Скопје
  • Почеток на настанот: 19:00 ч.
  • Времетраење: 2,5 часа
  • Јазик: македонски
  • Организатор: ХАЕМУС - центар за научно истражување и промоција на културата

Mastercard Бонус: Купи го овој купон со Mastercard картичка и добиј го по специјална Mastercard цена од 295 ден.

* Разликата ќе ти биде вратена во твојата Grouper торбичка


Услови

  • Купонот може да се искористи од 15.11.2018 до 15.11.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот, потребно е да се информирате во компанијата за слободни места 
  • По купување на купонот, задолжително контактирајте ја компанијата за потврда на место во групата и испратете го купонот на емаил
  • Во цената нема дополнителни трошоци за влезници
  • Оваа тура не важи за лиценцирани туристички водичи и придружници на Република Македонија
  • Mastercard е спонзор на кампањата Дестинација Македонија. Секоја зделка купена со Mastercard картичка ја добивате по специјална Mаstercard цена.

Опис

Центарот за научни истражувања и промоција на културата ХАЕМУС, на 15.11.2018 со почеток во 19:00 часот во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, ќе организира серија на ексклузивни предавања повод „Меѓународниот ден на археологијата 2018“.

Настанот е од промотивен карактер и се прави во соработка со Archaeological Institute of America, една од најголемите и највлијателните стручни археолошки организации во светот, a основната цел е популаризација на македонската археологија и културното наследство кое потекнува од нашата држава. Меѓународниот ден на археологијата е светски настан кој ја слави археологијата и ја подигнува свеста за неа како наука, во исто време обезбедувајќи можност за учество на јавноста во археолошките активности и дебати. Говорниците на овој настан ќе имаат свои презентации од по 15 мин. по што публиката ќе има можност да ги прашува и да дебатира на зададената тематика.

Меѓународниот ден на археологијата за 2018 во Република Македонија е во подорганизација на УНЕСКО клуб ХАЕМУС под мотото на УНЕСКО за „Отворени едукативни ресурси“ (ОЕР), како и под мотото на Европската година за културното наследство. Настанот е кофинансиран од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на годишната програма за култура за 2018 година.

Говорници на настанот:

1,Д-р Лидија Ковачева (ЕвроБалкан, Скопје) Чумата низ антиката, Византија и средновековието и нејзиното восприемање во  македонските народни преданија

2,Јулијана Иванова (Локален археолошки и историски музеј „Теракота“, Виница) Мистеријата на виничките „икони“

3,Д-р. Олгица Кузмановска (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Природно-математички факултет, Институт за физика, Скопје) Небото над Кокино и неговото значење за ритуалите од бронзеното време

15 минути пауза

4, Аница Ѓорѓиевска (НУ Завод и Музеј Битола, Битола) Хераклеа Линкестис - Бисер на антиката

5,Душко Темелковски (НУ Завод и Музеј Прилеп, Прилеп) Стибера - македонската Помпеја

6, Д-р Никос Чаусидис (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Институт за историја на уметноста со археологија, Скопје) „Речни народи“ во Северното Принцрноморје и во Македонија

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ