Специјална акција во Energi Studio! До 55% попуст на третман по избор: aроматерапи масажа, маникир или педикир, SPA detox третман или пакет третмани за слабеење по избор во Energi Studio

img

Цена од

450 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

800 ден.

Попуст

44%

Заштеда

350 ден.

Преостанато време

Купени: 1

  • ул. Методија Шаторов Шарло (карши црквата св. Илија)

    Одведи ме таму

    02 2464 222, 070 791 243

Добивате

Опции на понудата:

Маникир со траен лак + пилинг на раце 850 ден. 490 ден.
Педикир со траен лак 1,400 ден. 790 ден.
Ароматерапи масажа на цело тело (60 мин.) 1,600 ден. 890 ден.
SPA detox систем за детоксификацiја на тело 800 ден. 450 ден.
Пакет третман за слабеење: 1 кавитација+ 1 радиофрекфенција + 1 вакум систем 2,200 ден. 990 ден.
Пакет третмани за слабеење: 1 липоласер + 1 радиофрекфенција + 1 вакум систем 2,200 ден. 990 ден.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 25.11.2022 до 24.12.2022
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.

Опис

Маникир со траен лак + пилинг на раце

Маникир техника за средување  на ноктната плочка и кутикулите. Постапката е како кај маникирот ,се разликува по тоа што ноктите се лакираат со траен лак кој се пече во лед лампа. Времетраење на лакот  3 до 4 недели. 
 

Педикир со траен лак

Педикир е постапка за средување на стапалата. Естетскиот педикир  подразбира средување на  ноктните плочки  и кутикулите, и  одстранување на мртвиот рожнат, керотински слој од стапалото.  По желба, ноктите  се лакираат со лак за нокти или се лакираат со траен лак, кој се пече во  лед лампа.Се завршува со рефлексна масажа на стапала.
 

Ароматерапи масажа на цело тело

Ароматерапијата е уметност каде што се применуваат есенцијални етерични масла кои помешани со базното масажно масло треба да го постигнат саканиот ефект на потполна опуштеност на телото. Етеричните масла всушност се ароматски супстанци, добиени од цветови и плодови на голем број растенија, а делуваат преку кожата или преку респираторните органи. Оваа лесна ритмична масажа е услов за антистрес и опуштање и за враќање на природната хармонија на духот и телото. Опуштете се и уживајте во опојните мириси на есенцијалните масла. Благи и лесни ритмички движења ,кои треперат по вашето тело. Дозволете си едно прекрасно и несекојдневно искуство
Ароматерапија на лице и тело (90  мин.)

 

SPA detox систем за детоксификацiја на тело

AQUA DETOX апаратот произведува електрични импулси со ниска фреквенција која нежно вибрира низ телото и ги стимулира ќелиите да лачат токсини кои се лачат преку лимфниот систем, а преку порите на стапалата (има 2000 пори на секое стапало) се исфрлаат. Самиот апарат има енергетски кертриџ кој ги создава електричните импулси или јони кои протекуваат низ телото, а со тоа се врши излачувањето на отровите преку лимфните жлезди.

Позитивни ефекти:

  • Детоксикација на целиот организам
  • Ја зголемува енергијата на целото тело
  • Го подобрува и регулира метаболизмот
  • Ја подобрува циркулацијата
  • Регулација на крвниот притисок
  • Регулација на холестеролот
  • Регулација на шеќерот во крвта
  • Слабеење и отстранување на -целулитот
  • Го подобрува сонот
  • Намалување на потењето и непријатните миризби
  • Го подобрува тенот на кожата
  • Апаратот не би требало да го користат:
  • Лица со вграден пејсмејкер
  • Лица кои имаат епилепсија
  • Лица со поголеми психички пореметувања
  • Бремени жени
  • Лица – веднаш после оперативни зафати

 

Пакет третмани за слабеење. Опис на третманите

Кавитација

Апаратот има напредната технологија  на  ултразвучна кавитација, која  нехируршки,безболно и сигурно се справува со вишокот маснотии и целулит.

Кавитација работи на принцип на прецизно насочена фрекфенција на местата кои ги третираме,при што ултразвукот преку кожата допира до масните клетки, ги загрева и ги разложува. Мастите во облик на триглицериди одат во меѓуклеточната течност, каде со помош на ензимите се делат на глицероли и високи масни киселини. Глицеролот оди во крвта, а вишокот масни киселини во црниот дроб, каде се метаболизираат како и сите останати масти внесени со храната. Затоа најважна работа која треба да ја споменеме, е дека оние слободни и разградени масти кои патуваат низ нашиот организам во вид на липопротеини мора после третманот со кавитација да се потрошат со одредена физичка активност. 

Важно е да се напомене дека насочената ултразвучна фрекфенција е концентрирана исклучиво на масното ткиво, а неможе да наштети на ниеден друг дел од телото. Кавитацијата може да се изведува на стомакот, колковите, бутините, нозете , задникот и рацете.

Липо Ласер

Ова е најнов метод на слабеење со систем на ласерска терапија. Составен од специјално дизајнирани мулти-диоди кои емитуваат ласерски ладни црвени зраци , истиот е неинвазивен и безболен третман за слабеење и затегнување на кожа. Како резултат на ласерската енергија која ја емитува, ткивото се затоплува и ја подобрува микро-циркулацијата, а со тоа се намалува појавата на целулит. Ласерската терапија со ниско ниво на кохерентна ласерска светлина продира во кожата и придонесува за разложување на мастите кои потоа организмот ги исфрла по пат на липолиза.

Со овој третман ефикасно се отстранува вишокот на масти без негативни и несакани ефекти и без штетно влијание на околните ткива и кожата.

Радиофренквенцијата

Метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови.

Биполарната радиофренквенција е поусовршена од монополарната во однос на резултатите кои се постигнуваат. Ова е поусовршен метод на радиофренквенција каде целата енергија е фокусирана во центарот помеѓу двете електроди што се наоѓаат на една сонда. Предноста на биполарната радиофренквенција е што може да се постигне истовремено третирање и во длабоките и на површните слоеви на кожата. Поради тоа, третманот е безболен и пријатен, давајќи моментални резултати за многу краток временски период. Целулитот претставува спор дегенеративен процес, кој се одвива во поткожното масно ткиво и се манифестира на површината на кожата во облик на кора од портокал. Површината на кожата во облик на кора од портокал најчесто се наоѓа на бутините, задникот и стомакот.

Вакум Систем

Одлично го помага процесот на намалување на масното ткиво во комбинација со другите третмани од апаратот LIPO LASER-BODY SLIMMING, (радиофрекфенција и липоласер) и служи за оформување и зацврстување на телото.

Одлични резултати има за зацврстување на рацете, нозете и бутините,идеално го подига и зацврстува задникот,а посебно е добар за лимфна масажа. Вакуумот го забрзува метаболизмот на ткивото, го напаѓа целулитот, елиминира замор и подобрува имунитет, забрзува циркулација на крвта, елиминира пренатрупаност и намалува болка,а помага и за чести заболувања како висок крвен притисок, опстипација, лошо варење на храната и сл.

За компанијата

Почетоците на нашето учење во оваа креативна дејност ,започнаа од далечната 1993год. Љубовта која се роди кон оваа професија,понатаму со годините, допринесе за нејзино усовршување. Со стекнување на поголем број клиенти, се наметна идејата за отварање на салон за убавина. 

Големата желба да  ги удостоиме нашите верни клиенти,  доведе до проширување на нашиот салон и потреба за нови кадри.  Во текот на годините, многу курсеви и обуки , дополнителни тренинзи и коучинг програми ,го збогатија нашето стручно и духовно знаење. Постојано ги следиме новите трендови во оваа дејност, со цел да им угодиме на нашите драги клиенти. Низ годините што поминуваа  нашето стекнато  знаење, го пренесувавме на голем број практиканти кои ни се доверија. Денес, истите тие, може достојно да говорат за Нас.

Денес, Енерги Студио е модерно дизајниран салон, кој користи апаратура со напредната технологија. 

Во него ќе ве пречекаат топлата  и пријатна насмевка на нашите вработени.

Многу наши клиенти ни ја искажаа довербата и се долги години дел од Енерги Студио.

Повелете и вие да бидете дел од нашиот круг на клиенти и партнери.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.