Enjoy Balkans ве води на Патот на Атиџе Муратова! 17% попуст на пакет аранжман кој вклучува пешачка тура по патот на Атиџе Муратова, последната жена во Европа која одгледува диви пчели во карпест предел, во вредност од 2299 ден. по цена од 1899 ден.

Цена од

1899 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

2299 ден.

Попуст

17%

Заштеда

400 ден.
  • Соборен храм „Свети Климент Охридски“, Boulevard Partizanski Odredi, Skopje, North Macedonia

    Одведи ме таму

    071 206 220 ; 072 221 732

    info@enjoybalkans.net

Добивате

Понудата се однесува по лице, за термин по избор (ограничен број на купони) 

Опции на понудата:

Патот на Атиџе Муратова - пешачка тура за термин: 19.09.2020 (Сабота) 2,299 ден. (37 еур)
1,899 ден. (31 еур)
Патот на Атиџе Муратова - пешачка тура за термин: 20.09.2020 (Недела) 2,299 ден. (37 еур)
1,899 ден. (31 еур)

* За слободни места за вклучување на турата, може да ја контактирате компанијата на тел: 078 221 002

Основни параметри за турата организирана од Enjoy Balkans:

Старт на собирно место, сред село на с. Дорфулија, во 08:30 наутро

  • Должина: 14км
  • Вкупна нивелација: 240 м.н.в.
  • Тежина: средно – лесна пешачка патека
  • Газечка површина: комбинација од сува прашлива земја, каменест ронлив предел

Времетраење: 9  часа, од кои:

  • 4 часа пешачење
  • 1 час посета на локална земјоделска куќа
  • 1 час пауза за ручек
  • 1 час посета на Атиџе
  • 1 час превоз до/од с. Кишино
  • 1 час брифинг и слободни активности

“Полoвина за нас, половина за пчелите” – Атиџе Муратова

Услови

  • Купонот може да се искористи од 19.09.2020 до 20.09.2020
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • За слободни места за вклучување на турата, може да ја контактирате компанијата на тел: 078 221 002
  • Минимум број за реализација на турата 15 лица
  • Максимум број за реализација на турата 25 лица
  • Доколку дојде до било каква повреда во текот на турата, организаторот не ја превзема одговорноста и не сноси било каква одговорност, но сепак е тука како организантор да помогне при санирањето на истата, при што обезбедува прва помош или директен транспорт до лекарска установа.
  • Во случај на откажување на турата од страна на организаторот, средствата подлежат на 100% рефундација или по барање на гостинот се пренасочуваат за некоја од наредните термини
  • Организаторот има право да ја откаже турата во случај на временски неприлики и средствата ќе бидат пренасочени за некоја од наредните датуми
  • Во случај на откажување на турата од страна на купувачот на овој купон, паричните средства не подлежат на рефундација или пренасочување за некоја од наредните термини
  • Во случај на доцнење на гостите и непочитување на даденото време за почеток на турата (08:30часот) организаторот не е должен да ја спроведе во целост агендата за тие гости, додека доколку гостите задоцнат повеќе од 30 минути (09:00часот), турата пропаѓа, без рефундирање на паричните средства и организаторот не превзема никаква одговорност.
  • За лица под 18 години задолжително присуство на родител или старател
  • Минимум возраст на лицата за турата 14 години (цената на турата е иста за сите возрасти)
  • Максимум возраст на лицата за турата 60 години
  • Напомена: Пешачката тура е во должина од 14км и спаѓа во групата на средно- лесни патеки 

Препораки за гостите:

  • При движење во селата долж пешачката тура задолжително е носење на маска и следење на Мерките за заштита
  • Потребно е ограничување на собири и држење на меѓусебно растојание во текот на целата пешачка тура
  • Доследната грижа за хигиената на рацете, со миење со сапун и вода односно дезинфекција по допир на какви било нечисти површини е обезбедена од организаторот
  • Строго забрането е одвојување од групата без предходно барање и одобрување на планинскиот водич
     

Опис

Програма на турата:

  • Во 08:30ч. наутро собир на групата на сред село во селото Дoрфулија од каде што почнува авантурата (види мапа и локација – GPS координати
  • Од 08:45ч. се упатуваме кон локалната турска куќа, каде што на влез ќе бидат запазени сите мерки и протоколи за заштита од Covid 19
  • Во оваа селска куќа ќе имаме можност да дегустираме турски чај, подготвен од нашите домаќини на традиционален начин, а воедно и да го вкусиме тазе набраното овошје од локалните земјоделски поседи.
  • Во 08:55ч. започнува локалната презентација и едукација од страна на нашите домаќини во однос на нивниот секојдневен живот, како и начинот на одгледување и обработка на тутун и други земјоделски култури традиционални  за поднебјето
  • По едукацијата и презентацијата, следува запознавање со локалниот и планинскиот водич, како и краток осврт на целодневната екскурзија
  • Во 10:00ч. се качуваме со локалниот превоз со кој ќе пристигнеме до атарот на селото Кишино од каде што и започнува пешачката тура.
  • * Напомена – Поради ограничен број на возила кои што се упатуваат на овој локален пат, транспортот ќе се врши на два наврати, што значи дека првата група, која ќе пристигне, прва се враќа по крајот на турата.
  • Во текот на целата тура не прати фотограф, кој што е тука за вас да го овековечи вашето патување низ објективот на неговата камера, а кој подоцна во текот на денот ќе ги објави сите ваши фотографии БЕСПЛАТНО– Организаторот има право, јавно да ги објави сите слики направени за време на турата.
  • За време на турата имаме и техничка подршка со теренско возило
  • Започнуваме со пешачењето кон долината на реката Брегалница, со попатни паузи и берба на локални диви овошки
  • Околу 11:30ч. пристигнуваме на брегот на реката Брегалница, каде што ќе бидеме пречекани од нашите локални жени, при што ќе имате можност да дегустирате кисело млеко, подготвено во тамошните бачила и секако пишии направени од златните раце на нашите домаќинки
  • По пикникот и ручекот на Реката Брегалница околу 13:00ч групата се упатува кон локалниот извор на лековита вода, каде што ќе направиме една кратка пауза за полнење на вода од изворот
  • Веднаш потоа се упатуваме кон атарот на селото Бекирлија каде што ќе бидеме пречекани од нашата домаќинка, Атиџе Муратова
  • Средбата со нашата национална гордост - Атиџе Муратова ќе биде исто така под посебен протокол за заштита од  COVID 19
  • Во дворот на нашата домаќинка ќе бидете послужени со турско кафе, подготвено на традиционален начин и тука започнува дружбата со Атиџе, при што ќе имате можност одблизу да се запознаете со неа и нејзиниот начин на живот, преку песна и убава мисла да ја осетите нејзината добронамерна животна цел. 
  • Откако гостите ќе го испијат кафето, по нивна желба, ќе имаат можност да дознаат нешто повеќе за нивната иднина, преку адетот на Атиџе, гледањето и “гатањето„ од филџанот.
  • Веднаш потоа, ќе имаме мало изненадување од нашата хероина
  • По дружбата со Атиџе Муратова, со песна ќе бидеме испратени на пат кон селото Кишино
  • Пристигнуваме околу 17:00ч. во атарот на селото Кишино од каде со локален превозник ќе бидеме пренесени до селото Дoрфулија
  • 17:45ч. пристигнуваме во селото Дoрфулија, каде што накратко ќе ја резимираме турата, впечатоците и импресиите од истата и ќе се упатиме кон паркингот каде што се вашите возила

Што треба да понесете со себе:

  • Удобни, разгазени, цврсти обувки
  • Шушкавец за дожд / ветер
  • Резервна облека 
  • Крема за сончање
  • Подлога за седење на пикникот 
  • Капа за заштита од сонце
  • Минимум 1.5л. вода 
  • Резервен оброк/закуска доколку вклучените се недоволни

Напомена:

На поголем дел од патеката нема мрежна мобилна покриеност. Патиштата по кои ќе движиме се земјени локални со ниска фреквенција на сообраќај и луѓе, на одредени места не очекуваат бачила со овци и овчарски кучиња, затоа движењето во компактна група е важно.

Водата од подземен извор на пикник местото во близина на р. Брегалница не е лабораториски испитана, но препораката на локалните жители е дека се пие. Изборот е исклучиво Ваш, како и евентуалните нелагодности. Водата од извор кај Атиџе во с. Бекирлија не е лабораториски испитана, но нејзината препорака е дека е пивлива. Изборот е Ваш. Вкусот на водите НЕ е секојдневен.

Капење во р. Брегалница не се препорачува, бидејќи има сомнежи за загаденоста на реката, поради фактот што голем дел од фабриките сместени во градовите кај што поминува Брегалница, ја користат за испуштање на индустриските отпадните води. Изборот е исклучиво Ваш.

Секое непридржување и непочитување на насоките за однесување на тура, посочени од планинскиот водич, а со тоа и последиците кои произлегуваат од тоа, се на сопствена одговорност на гостинот. Планинскиот водич има дискреционо право да отстрани гостин од турата доколку процени дека неговото однесување не е во согласност на препораките. Во тој случај средствата уплатени за турата не се рефундираат воопшто.

Отпадоците кои ќе ги создадеме за време на турата, треба секој со себе да си ги понесе во својот ранец. Да ја оставиме природата онаква каква што сме ја затекнале.

Кратко инфо за пределот:
Посета на неколку села, Дорфулија, Кишино, Бекирлија, во Општина Лозово, во југозападниот дел на областа Овче Поле, во близина на патот Велес - Штип. Во непосредна близина на течението на втората река по должина во Македонија, Брегалница. Поради сличноста што ова подрачје ја има со вистинските степи, народски е познато како македонската степа. Сувата и солена почва сведочи за геолошките трансформации во минатото и за влијанието на човекот врз природата.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.