2 ја следат оваа компанија


Форвита® Витамин Б12

336 ден.

Опис

ТО ПРЕТСТАВУВА ФОРВИТА® Витамин Б12  И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Витаминот Б12 покрај тоа, е неопходен за одржување на нормалното ниво на хомоцистеинот во крвта, а со тоа и на структурата и функцијата на нервниот систем, особено за одржување на когнитивните функции (како концентрација, учење, меморија, резонирање), намалување на ризикот за нивно опаѓање со стареење и појава на Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, како и  деменција. Нормалното ниво на хомоцистеинот е поврзано и со намален ризик од кардиоваскуларни и невроваскуларни болести, нарушување на функцијата на бубрезите, како и со можен намален ризик за појава на карцином.

Посебно внимание последниве години се посветува на проучување на неговата улога како имуномодулатор на целуларниот  имунитет, пред сè во зголемување на бројот на CD8+ или NK клетките, кои се важни за уништување на канцер клетките.

Генерално, витаминот Б12 има улога во растот и одржувањето на здравјето на организмот, во сите фази на животот.

Ниското ниво на витаминот Б12 кај трудници е  поврзано со зголемен ризик од дефекти на невралната туба. Одредени популациски групи со посебен животен стил, на пример вегани и вегетаријанци, се изложени на ризик од недостаток на витамин Б12, поради отсуство на витамин Б12 во нивната исхрана. Кај 10-30 % од постарите лица, како и лицата со одредени болести  има намалена апсорпција на витамин Б12.  За овие популациски групи се препорачува суплементација на витаминот Б12 за  подобро општо здравје.

Најновите студии укажуваат на можни позитивни ефекти од примената на витамин Б12 при SARS-CoV-2 инфекција. Нивото на витаминот Б12 е поврзано со тежината на  симптомите на SARS-CoV-2 инфекцијата, преку следниве проучувани механизми: намалување на оксидативниот стрес, подобрување на циркулацијата (со намалување на нивото на хомоцистеинот кој ја нарушува микроциркулацијата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем и бубрезите) и со противвоспалителното дејство.


За што се употребува  граничниот производ ФОРВИТА® Витамин Б12

ФОРВИТА® Витамин Б12 придонесува за:

  • Нормална функција на имуниот систем;
  • Нормални психолошки и невролошки функции;
  • Нормално формирање на еритроцити;
  • Нормален метаболизам на хомоцистеинот;
  • Нормална клеточна делба;
  • Нормален енергетски метаболизам;
  • Намалување на замор и слабост.

ФОРВИТА® Витамин Б12 не претставува замена за стандардната пропишана терапија.


ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА

ФОРВИТА® Витамин Б12 сублингвалната таблета се става под јазикот и се остава да се раствори неколку минути. Не се препорачува голтање, бидејќи со тоа значително ќе се намали нејзината апсорпција и ефикасност.

ФОРВИТА® Витамин Б12 сублингвалните таблети може да се земаат со или без храна.


Начин на употреба:

Возрасни и деца над 14 години: една таблета дневно се става под јазик. По потреба дозата може да се зголеми на 3 (три) таблети дневно.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

По препорака на лекар дозата може да се зголеми.

ФОРВИТА® Витамин Б12 не содржи глутен и лактоза.

Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.


ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА

ФОРВИТА® Витамин Б12 не треба да се употребува при пречувствителност на витамин Б12 или на било која состојка на ФОРВИТА® Витамин Б12.

Пред употреба на ФОРВИТА® Витамин Б12 потребна е консултација со лекар или фармацевт.


СОСТАВ

Една сублингвална таблета содржи 100 µg витамин Б12 (Cyanocobalamin). 

 

Детали за испорака

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "Green Shop"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

Green Shop, ново отворенa ексклузивна продавница за здрава храна, додатоци за храна, производи со “full spectrum” екстракт од канабис и козметика

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.