7 ја следат оваа компанија


Fytosave® растителна фитовакцина

1099 ден.

Ве молиме одберете една од наведените опции!

Опис

Fytosave® растителна фитовакцина е нова молекула за природна одбрана на растенијата против болести како што се сиво гниење и пепелница. Производот е плод на научниците од FytoFend, иновација на компанијата од Универзитетот од Намур Белгија.        

cos-OGA нова активна материја која делува како стимулатор на одбрамбениот механизам на растението. Оваа активна материја е составена од патентиран комплекс на олигосахариди од природно потекло. Овие олигосахариди се производ од Хитозинот (хитоолигосахариди или COS) од една страна и од пектини (олигогалактурони или OGA) од друга страна.

ПРЕДНОСТИ

  • Ја минимизира и забавува појавата на сиво гниене и пепелница
  • Биостимулирачки ефект кој ја зголемува силата и крајниот ефект на културата
  • Уникатно решение во Интегралното и Органското производство
  • Овозможува намалување на уотребата на хемиски производи за заштита на растенија
  • Покажува висока компатибилност со други производи
  • 100% Природен производ
  • Нема каренца, Нема резидуи
  • 100% безбеден за земјоделецот, за корисникот и потрошувачите
  • Отпорен на испирања, дождови и ултравиолетови зрачења

 

ПОЗИЦИОНИРАЊЕ

  • Време на апликација:
  • Да се извршат најмалку 2 превентивни апликации со растојание од 7 дена за да се постигне максималното дејство на одбрана на растението.
  • Максимален број на апликации - 5 пати
  • Интервал помеѓу прскањaта - 7 до 10 дена

КУЛТУРИ И ДОЗА

  • Култури во оранжерии: домат, пиперка, модар патлиџан, тиква, краставица, диња, лубеница, корнишони.
  • Трпезно и винско грозје.
  • Доза на примена: 2,5-3 л/ха.
  • Нов пронајдок со ефект на вакција против сиво гниење и пепелница

Детали за испорака

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "ХЕМПРО"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

ХЕМПРО е локална семеjна компанија, основана уште во 1992 која се занимава со трговија на мало со семе, ѓубрива и пестициди од водечки светски компании од земјоделскиот сектор.
Тимот агроном и хемиски инженер, е посветен на обезбедување на професионална и навремена услуга како и препораки за правилна примена на ѓубрива и пестициди - хербициди, фунгициди, инсектициди.
Ние им нудиме на нашите клиенти експертиза и советодавни услуги од областа на исхраната и заштитата на растенијата што им се потребни за да успеат во земјоделското производство и агробизнисот. Нашите совети денес им помагаат на повеќе од 100 активни клиенти (индивидуални производители и фирми) да ги одржат нивните култури здрави и безбедни преку:
• Подобрен квалитет и зголем принос на земјоделските култури преку избор на најсоодветните сорти, како и планирање на оптималните датуми за берба односно жетва
• Оптимална употреба на хранливи материи преку агрохемиска анализа на почвата  преку соодветна препорака за ѓубрење со тоа што ќе Ви помогнеме да идентификувате каде и колку да аплицирате за максимален раст и принос, а истовремено да го минимизирате трошокот за ѓубрива.
• Подобра контрола на штетниците со тоа што ќе Ви помогне да развиете соодветна стратегија за заштита преку интегрираното управување со штетници (ИПМ) како метод за контролa

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.