ЗЛАТНА ЗДЕЛКА: 21 година ЖАН МИТРЕВ Клиника! 30% попуст на испитување на генетска состојба по избор во Лабораторија за Генетика на Жан Митрев​ Клиника и Био Инженеринг

img

Цена од

2450 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

3500 ден.

Попуст

30%

Заштеда

1050 ден.

Купени: 7

  • Бледски Договор 8, Скопје, Македонија

    Одведи ме таму

    02 3091 484 ; 02 3091 500

    [email protected]

Добивате

Испитување на генетска состојба по избор во Лабораторија за Генетика на Жан Митрев​ Клиника и Био Инженеринг

Опции на понудата:

Интолеранција на лактоза 3,500 ден. 2,450 ден.
Интолеранција на глутен 5,500 ден. 3,590 ден.
Ризик за ќелавост кај мажи 6,000 ден. 3,690 ден.
Сексуално преносливи болести – 7 истовремено 6,000 ден. 3,690 ден.
Тромбофилија и фолатен метаболизам 6,500 ден. 3,990 ден.
Нутригенетика 5 7,500 ден. 4,950 ден.
Златен нутри пакет (Нутригенетика 5 + интолеранција 90 + интолеранција глутен/лактоза) 25,000 ден. 15,900 ден.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 07.02.2021 до 15.03.2021
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација на преглед пред купување на купонот

Опис

За лабораторијата

Лабораторијата за Генетика и Персонализирана медицина е резултат на успешна соработка помеѓу Биоинженеринг Доо и Жан Митрев клиниката. Прецизна или персонализирана медицина е научен пристап којшто им овозможува на докторите да изберат третман кој има најголема веројатност да им помогне на пациентите врз основа на уникатните варијации во нивните геноми (генетска конституција). Идејата за персонализирана медицина иако трансформативна, не е нова, но напредокот на новите технологии за ДНК секвенционирање полека ја претвораат во реалност. Во персонализираната медицина, сите одлуки, третмани, терапии и интервенции се уникатни и скроени специјално за пациентот врз основа на неговите претпоставени реакции со лекови или предиспозиции кон болести. Едно од основните начела на персонализираната медицина е проактивност, односно третман на болеста пред да се појават нејзините симптоми.

Испитувања достапни во лабораторијата:

  • Неинванзивна пренатална дијагностика – со verifi Illumina тестот потребни се само 10 ml крв од идната мајка после 10та недела на бременоста за да се утврди ризикот за развивање на хромозомски абнормалности и состојби кај плодот како Даунов, Едвардсов, Патау и слични синдроми.

  • Молекуларна дијагностика на инфективни болести (HPV, Hepatitis C и B, HIV, сексуално преносливи болести и други)

  • Кардиогенетика - генетски тестови за ризик за кардиоваскуларни болести

  • Фармакогенетика - одговор и несакани дејства на лекови

  • Нутригенетика – персонализирана и скроена исхрана за индивидуата

  • Ризик за развивање на рак и целна терапија на рак

  • Секвенционирање на цел геном или егзом – се утврдува ризик за развивање на илјадници болести

  • Дијагноза на ретки болести

  • Одредување на татковство и сродство

За компанијата

Клиничката болница Жан Митрев е основана пред 20 години со визија за донесување на врвна медицина во Македонија. Од тогаш до денес, таа постојано расте и се развива обезбедувајќи перфекција во квалитетот на третманот на своите пациенти.

Прецизната и брза дијагностика, врвната хирургија и научно истражувачката работа овде се изведуваат стандардизирано од страна на искусниот тим лекари. Тие користат најнови методи и пристапи комбинирани со најсовремена опрема, што континуирано резултира со висок степен на задоволство кај пациентите.

Клиниката е модерна, беспрекорно организирана и технолошки напредна здравствена институција за што потврда е акредитацијата од JCI (Join Commission International) која означува применети највисоки стандарди за квалитет и безбедност на пациентите од лекарска грешка. Исто така поседува и државна акредитација за квалитет издадена од страна на АКАЗУМ (Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи).

Сместена е во енергетски ефикасен објект кој не произведува CO2, штеди енергија и не го нарушува балансот со природата. Таа е 100% ЕКО болница.

Имаме склучено договор со многубројни домашни и странски осигурителни компании и тоа им овозможува лекување на сите кои имаат приватно здравствено осигурување.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.