8 ја следат оваа компанија


Совршен подарок за секоја пригода! До 38% попуст на пакет по избор: вино за слава + украсна кутија + чаша + бесплатна достава од Gevino Wine

Цена од

249 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

399 ден.

Попуст

38%

Заштеда

150 ден.

Купени: 4

Добивате

Опции на понудата:

Вино за слава + украсна кутија + достава 399 ден. 249 ден.
Вино за слава + украсна кутија + чашa + достава 449 ден. 299 ден.
Две вина + украсна кутија + достава 649 ден. 399 ден.
Две вина + две чаши за вино + украсна ќесичка + достава 749 ден. 499 ден.

*Составот на пакетите може да го погледнете во делот Опис

Услови

  • Купонот може да се искористи од 26.11.2019 до 20.01.2020
  • Доставата се врши по претходна направена нарачка на маил со детали за кој пакет е изберен и испратени КУПОН и ПИН код. Генералиите за нарачката кои треба да се наведат на маилот се: Име, адреса и телефон за контакт.
  • Нарачки со достава може да се прават и по телефон во даденото работно време на компанијата или преку Facebook
  • Доставата е бесплатна за територија на град Скопје и се врши во рок од 2-3 работни дена. Маил за правење нарачка: [email protected].

Опис

  • Пакет 1: Вино за слава + украсна кутија + достава
  • Пакет 2: Вино за слава + украсна кутија + чаша + достава
  • Пакет 3: Две вина по избор од понудените: 1. Кале-бело вино од сортите Смедеревка/Ризлинг, 2. Носталгија-црвено вино од сортата Вранец 3. Розе вино + украсна кутија + достава
  • Пакет 4: Две вина по избор од понудените: 1. Кале-бело вино од сортите Смедеревка/Ризлинг, 2. Носталгија-црвено вино од сортата Вранец 3. Розе вино + две чаши за вино по избор (за бело или црвено вино) + украсна ќесичка + достава

Започнавме на 26.07.2017 година како млад тим ентузијасти. Си поставивме цел - да понудиме високо квалитетно вино достапно за сите, како во стаклена, така и во пластична амбалажа. Долгогодишното стагнирање во погледот на креативност и иновативност во поглед на амбалажата, како и постојаното менување на квалитетот, сосема незаслужено го стави виното во втор план на потрошувачите кога е во прашање конзумацијата. Нашата визија е постанување бренд препознатлив по квалитетно сортно гевгелиско вино со иновативен, креативен и препознатлив дизајн, а пак нашата мисија е вино кое брзо и лесно ќе биде достапно до Вашата трпеза. Во моментов сме застапени во 10 градови ширум Македонија, опсложувајќи над 50 угостилски објекти, како и над 300 маркети и локални продавници меѓу кои и Тинекс маркетите.

Во нашиот асортиман на производи можете да најдете квалитетно гевгелиско суво трпезно вино достапно во различни пакувања и амбалажи. Во моментов располагаме со четири типа на вино:

1. Бело суво трпезно вино од сортата Смедеревка. Се одликува со светложолта боја, пријатен мирис и освежувачки вкус.
Температура на служење: 10ºC - 12ºC

2. Црвено суво трпезно вино од сортата Вранец. Се одликува со интензивно темно црвена рубинова боја, чист и препознатлив вински мирис и вкус.
Температура на служење: 15ºC - 17ºC

3.Црвено суво трпезно вино Мерло - препознатлив по својата интензивна рубин црвена боја. Мирисот е особено интензивен, варира од цветни ароми па се до овошни.
Температура на служење: 16ºC - 18ºC

4. Суво трпезно Розе вино - розето е слабо танин вино, произведено од црвени видови на грозје, по технологијата за производство на бели вина. Бојата на виното е розева, почнувајки од бледо, едвај забележливи нијанси на бои до интензивна темна боја, блиску до светлоцрвената боја. Букетот и вкусот на розето се слични на белите вина, додека боењето и густината се слични на црвените.
Температура на служење: 14ºC - 16ºC

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна испорака во Скопје на сите нивни производи, за нарачки над 400 денари
  • За нарачки под 400 денари се доплаќа 100 денари за нарачки во Скопје
  • Достава со доплата од 100 денари за останатите градови
  • Време потребно за достава: 1-2 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА
  • Види ја продавницата на "Gevino Wine" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

За компанијата

Започнавме на 26.07.2017 година како млад тим ентузијасти. Си поставивме цел- да понудиме високо квалитетно вино достапно за сите, како во стаклена, така и во пластична амбалажа.

Долгогодишното стагнирање во погледот на креативност и иновативност во поглед на амбалажата, како и постојаното менување на квалитетот, сосема незаслужено го стави виното во втор план на потрошувачите кога е во прашање конзумацијата. Стапките на конзумирање на вино по глава на жител во Р. Македонија се во постојан пад, и ни одблизу не се на задоволително ниво, посебно не затоа што Македонија се декларира како земја на виното . Просечната потрошувачка на вино во Македонија е 10 литри по глава на жител, а само 9-10% проценти виното кое што е произведено е и конзумирано. За споредба, во Бугарија, Словенија и Хрватска конзумацијата на вино е 25 литри по глава на жител.

Водејќи се од овие проблеми, истите станаа наши предизвици и решивме истите да ги промениме. 

Риго Импекс компанија основана во 1990 година, своите први количини на наливно вино ги извезува во Германија, во 1992 година. Во 2000та година, ја градат Винарската визба во Гевгелија, на „Мрзениски рид“ со убав поглед на целиот град и Вардарската долина. Компанијата има 82 вработени кои овозможуваат да се одвиваат производствените процеси, како и да се подигнуваат и одржуваат лозовите насади. Покрај Винаријата во Гевгелија која има капацитет од 15.000.000 литри, Риго Импекс поседува и помала Винарија во Валандово со капацитет од 2.500.000 литри. Лозовите насади со кои располага компанијата се на површина од 120 хектари каде се одгледуваат различни сорти на грозје за сопствени потреби. Компанијата се стреми кон одржување и подобрување на квалитетот на производите, преку имплементирање на ISO стандардите , а за одржаниот квалитет се потврда и долгогодишните партнерски односи со клиенти од Германија, Србија и Канада. Асортиманот се состои од слатки, полу-слатки и суви вина, зависно од потребите на клиентите. По сето ова, тимот на ГЕВИНО, следејќи ги сите стандарди и најсовремени техники на работа, ставајќи посебен акцент на Вашите потреби, како најбитна алка од целиот синџир, креираше нов, иновативен и креативен изглед на виното со врвен квалитет. Во комбинација со одличниот докажан квалитет на виното и достапна цена, ГЕВИНО се труди, и ќе се труди, да ги задоволи и апетитите на најголемите критичари. Нашата визија е да постанеме бренд препознатлив по квалитетно сортно гевгелиско вино, додека пак нашата мисија е вино кое брзо и лесно ќе биде достапно до секоја од Вашите трпези. ...Најдоброто од ГЕвино...НА ЗДРАВЈЕ!

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.