Нова Година во Нови Сад (29.12.2018 - 01.01.2019)! 2 ноќевања со појадок во хотел 3* + посета на Фрушка Гора и Сремски Карловци + вклучен автобуски превоз и организација на патувањето по цена од 5518 ден. (89 еур)

Преостанато време

  • ул. Лермонтова 3/6, Скопје (позади Италијанска амбасада)

    Одведи ме таму

    070 338 383

    travel@grouper.mk

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:  

  • Превоз со автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Организирани разгледи и посети според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Услови

  • Купонот може да се искористи од 29.12.2018 до 01.01.2019
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Сместувањето е во двокреветна соба, со минимум две лица на соба
  • Во цената не е вклучено
  • Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици
  • Задолжително патничко и здраствено осигурување
  • Организиран ручек во Салаш  
  • Други неспоменати посети и услуги
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
  • Доколку не го искористите купонот во рамките на периодот истиот пропаѓа и средствата не можат да се рефундираат.

Опис

Програма на патувањето:

29 Декември (сабота)  СКОПЈЕ - НОВИ САД

Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 часот. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 ч. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 

30 Декември (недела)  НОВИ САД

Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Сместување во хотел и краток одмор до заминување на разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

31 Декември (понеделник)  ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ 

Појадок. Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српска Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, дочек на Новата 2019 година, на плоштадот “Слобода” или пак можност за факултативна, Свечена новогодишна вечера во ресторан. Ноќевање.

01 Јануари (вторник)  НОВИ САД – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивиуални активности, или факултативна посета на војводински Салаш, кој воодушевува со неговиот автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладнето заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.