Нова Година во Прага (28.12.2018–02.01.2019)! Шестдневен аранжман од 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* + вклучен автобуски превоз по цена од 11 098 ден. (179 еур)

Нова Година во Прага (28.12.2018–02.01.2019)! Шестдневен аранжман од 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* + вклучен автобуски превоз по цена од 11 098 ден. (179 еур)

Цена

11,098 ден.

Преостанато време

  • Лермонтова 3/6, Скопје, Македонија 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • travel@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во околината на Прага
  • Дочек на НОВА ГОДИНА 2019 (трансфер до Прага)
  • Организиран полудневен разглед на Прага и Виена со локален водич
  • Организација и водство на патувањето

Услови

  • Купонот може да се искористи од 28.12.2018 до 02.01.2019
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Сместувањето е во двокреветна соба
  • Во цената не е вклучено:
  • Факултативна посета на Дрезден со локален водич - 30 еур
  • Факултативна посета на Карлови Вари со локален водич – 25 еур
  • Влезници за музеи и културно - историски споменици
  • Патничко - здравствено осигурување - 184 мкд
  • Туристичка такса се плаќа во хотелот
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2019 година.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника

Опис

1 ден – 28.12.2018 (Петок)

Состанок на групата во 12.30ч. на автобуската станица на перонот за меѓународни поаѓања. Поаѓање за Прага во 13.00 ч. Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

2 ден – 29.12.2018 (Сабота)

Пристигнување во Прага во предпладневните часови и организиран полудневен разглед на градот со локален водич- “Старо место” (Карловиот мост, бистата на Карло IV, Старометскиот плоштад, астрономскиот часовник-Орлој, градското Собрание, Универзитетот Карло IV, Вацлавските намести, Националниот музеј, стариот и новиот Кралски дворец, Катедралата Св.Вито). Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден – 30.12.2018 (Недела)

Појадок. Факултативна посета на Дрезден со локален водичДрезден, познат како” Фиренца на Елба” со долга историја и резиденција на изборните кнезови и кралевите на Саксонија, кои со векови го дополнувале градот со културен и уметнички сјај. Градот бил познат како „кутија за накит“, бидејќи самиот центар на градот бил опсипан со зданија во барок и рококо.. Операта Земпер, палатата Цвингер, Готската Богородична црква, Римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост. Враќање во Прага. Ноќевање.

4 ден – 31.12.2018 (Понеделник)

Појадок. Во утринските часови факултативен излет до најпознатиот бањски комплекс Карлови Вари. Градот претставува прекрасен спомен на неоренесансната фаза во европската култура и еден од најпосетуваните бањски центри во Европа . На враќање кратка пауза на штандот на пивара Крушовице. Во вечерните часови организиран трансфер со автобус до центарот на градот за дочек на НОВА ГОДИНА 2019 !!!!!!!!!!!!!!! Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден – 01.01.2019 (Вторник)

Појадок. Одјавување од хотел и поаѓање за Виена, најелегантниот град во Европа, пристигнување во Виена во предпладневните часови. Организиран разглед на градот со водич-Плоштадот, Рингштрасе, Палатата Холфбург, Парламентот, Виенската Опера, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден – 02.01.2019 (Среда)

Пристигнување во Скопје во попладневните часови

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.