Блескава нега за вашиот автомобил! 50% попуст на хемиско чистење на седишта на автомобил + гратис перење во Olympia Motors во вредност од 3180 ден. по цена од 1590 ден.

Вредност

3180 ден.

Попуст

50%

Заштеда

1590 ден.

Купени: 11

  • Јадранска Mагистрала 125

    Одведи ме таму

    070 249 896

Добивате

Хемиско чистење на седишта на автомобил + гратис перење на возило

Услови

  • Купонот може да се искористи од 04.05.2019 до 31.07.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација

Опис

Сервисниот центар на Olympia Motors е изграден според усогласените стандарди и норми на производителoт. Поседувајќи најсовремена опрема за проверка, тестирање и дијагностичка анализа, како и задолжителниот специјален алат, секогаш сме подготвени да ги задоволиме потребите на Вашите возила. Сервисниот центар е поделен на два оддели:

  • каросериски оддел
  • механичарско – електричарски оддел

Во делот на каросерискиот оддел, се вршат висококвалитетни поправки на сите видови патнички и комерцијални возила од брендовите кои ги застапуваме. Современата опрема и алат кој го поседуваме овозможува лесна, брза и квалитетна поправка на моторните возила. Во склопот на овој оддел располагаме со компјутерско мешање на бои кое овозможува да се произведат над 40.000 нијанси од различни бои за сите типови возила. Современа комора за фарбање и сушење на бојата овозможува возилото да биде офарбано без разлика на временските услови. Во соработка со водечките осигурителни компании во можност сме да извршуваме каросериски поправки за потребите на сите видови возила. Со безпрекорниот квалитет овозможуваме крајниот резултат да биде еднаков на оригиналниот изглед на возилото.

Во делот на механичарско – електричарскиот оддел, применувајќи ги одличните аналитички способности и континуираното надоградување на знаењето, ја имаме можноста за брзо и точно дијагностицирање на потенцијалниот проблем. Нашиот обучен тим брзо и прецизно ги извршува поправките, а современите машини и апаратура се дополнителна гаранција за квалитетно завршена поправка.

  • комплетни механичарски и електричарски услуги
  • компјутерска дијагностика со тестер
  • сервисирање на клима уреди
  • продажба на оригинални резервни делови
  • продажба на дополнителна опрема и accessories
  • продажба на пневматици и балансирање на пневматици
  • промена на сите видови стакла и шофершајбни

Квалификуваниот стручен кадар со долгогодишно работно искуство и во делот на механичарско – електричарскиот и каросерискиот оддел, го гарантира квалитетот на извршените задачи преку спроведување на завршна контрола на секое едно возило. Во континуитет испраќајќи ги искусните техничари во тренинг центрите на принципалот, се стекнуваат нови, поедноставни искуста и начини за поправка на новите модели, како и постојано учествување во специјализирани тренинзи за поправка на одредени компоненти.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.