Kids Week! Развивање на моторички способности кај деца преку игра! 80% попуст на 4 часа од детската програма за развој во центар за спорт и спортски развој Hit and run во вредност од 1000 ден. по цена од 199 ден.

img

Вредност

1000 ден.

Попуст

80%

Заштеда

801 ден.

Преостанато време

Купени: 9

  • бул. Јане Сандански бр.24

    Одведи ме таму

    071 854 868

    mar.risteski@gmail.com

Добивате

Програма за развој на моторичките способности, социјален и емоционален развој и превенција на телесни деформитети

  • 4 часа
  • Времетраење на еден час: 60 минути

Услови

  • Купонот може да се искористи од 04.09.2019 до 30.09.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
Со купување на овој купон со Mastercard картичка донираш 10 ден. во Проект Среќа. Прочитај повеќе тука!

Опис

Развој на моторички способности (за деца од 3 до 16 години)

Добро развиената моторика претставува клучен предуслов за успешно занимавање со било кој спорт. Сите светски спортски федерации не препорачуваат насочување на децата кон само еден конкретен спорт до десеттата година. Секој спорт по својата природа форсира одредена мускулна група и одредени движења, а со самото тоа ги запоставува останатите мускулни групи и движења кои не се толку застапени во тој спорт.
Токму поради оваа причина сите големи и успешни спортски клубови ширум Европа и светот, без разлика за кој спорт се работи (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис итн.), уште во најмладите категории исклучително големо внимание посветувааат на вежбите наменети за развој на моторичките способности: брзина, координација, рамнотежа, флексибилност, снага, прецизност и издржливост.
Секоја од овие моторички способности има свој одреден период во детството кога е единствено возможно да се влијае на нивниот развој и подобрување. Детето кое нема соодветно да ги тренира моторичките способности на време, односно во тие клучни периоди за развој, подоцна и 24 часа на ден да работи на нивното подобрување нема да постигне никакви резултати. Токму затоа наместо децата да се ограничуваат во рамките на само еден конкретен спорт, многу е покорисно да им се дозволи во целост да ги развијат своите физички потенцијали.
Центарот за спорт и спортски развој “Hit&Run” е прва институција во Р. Македонија која спроведува програма за развој на моторичките способности. Програмата е поддржана од Факултетот за физичко образование спорт и здравје и ја сочинуваат од 2 до 4 тренинзи неделно, во времетраење од 60 минути. Тренерите на забавен начин, низ игра, ги воведуваат децата во светот на спортот, создавајќи таква атмосфера што на крајот од тренингот децата не се ни свесни колку корисна работа одработиле, исполнети со позитивна енергија, поттикнати од смеата, натпреварувањето и меѓусебното бодрење.
Повеќе од 600 научни студии докажуваат дека програмите од овој вид освен подобрувањето на моторичките способности, влијаат и на превенцијата на прекумерна телесна тежина и телесни деформитети кои сè почесто се појавуваат кај децата.
Овозможете му на Вашето дете да се развие на најправилниот можен начин.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.