Луксузен амбиент и префинета услуга во Охрид (10.07 - 31.08.2019)! 26% попуст на ноќевање со појадок за двајца во Hotel International во вредност од 4030 ден. (65 €) по цена од 2999 ден. (48 €)

Вредност

4030 ден.

Попуст

26%

Заштеда

1031 ден.

Преостанато време

Купени: 10

Добивате

Ноќевање со појадок за двајца во двокреветна соба

*Понудата не е валидна од 01 - 04.08.2019

Услови

  • Купонот може да се искористи од 10.07.2019 до 31.08.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби директно во хотелот
  • Понудата не е валидна од 01 - 04.08.2019
  • По купување на купонот потребно е да ја потврдите резервацијата на телеофнските броеви наведени во зделката
  • Доплати:
  • За деца до 12 години се доплаќа 12 евра од ден
  • За деца над 12 години и возрасен се доплаќа 15 евра од ден
  • За сместување во апартман се доплаќа 20 евра од ноќ
  • Сите доплати се вршат на рацепција во хотелот
  • Доколку ваучерот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани

Опис

Под падините на планините Петрино и Галичица, непосредно до познатите Билјанини извори, од кои според легендата настанало познатото Охридско Езеро, на излезот од булеварот „Туристичка“ кој води до најубавите плажи на источното крајбрежје, се наоѓа хотелот „Интернационал“.
На атрактивна локација, изграден во модерен стил, хотелот „Интернационал“ е идеално место за вашиот престој во Охрид. Оддалечен на 5 минути од Езерото и само 15 минути од центарот на градот, хотелот „Интернационал“нуди извонредни услови за престој на гостите.

Располага со 35 стилски уредени соби, од кои 28 се двокреветни, 2 се четворокреветни, а 5 апартмани. Сите имаат клима уред, интернет и телевизија. Се издаваат по принципот ноќевање со доручек кој се реализира во специјалниот интерен ресторан наменет само за гостите кои користат сместување во хотелот.

Хотелот има сопствен паркинг, обезбеден со видео надзор, прекрасна тераса со бар, конгресна сала, фитнес сала, финска бања, турска бања, џакузи, масажа.
За овие и сите дополнителни услуги кои ги нуди хотелот може повеќе да се информирате на рецепцијата на хотелот која работи 24 часа или на телефонот +389 46 55 11 66. Тука љубезно ќе ве информираат за се што ве интересира во врска со посета на знаменитостите на градот, рентакар, рентабајк или други услуги, екскузрзии и останати корисни информации.

Охрид – вистински бисер на Балканот
Македонија, длабоко во срцето на Балканскиот полуостров, едноставно е мала земја со извонредна убавина. Иако древна, таа е најверојатно една од најмалку познатите и посетени земји во Европа, што на некој начин ја прави уште повеќе мистериозна и атрактивна. А без сомневање, најскапоцениот накит кој сјае еден покрај друг, се градот Охрид и Охридското Езеро.

Во 1979 година, Комитетот на УНЕСКО одлучи да го впише Охридското Езеро на листата на светско природно наследство, како универзална вредност. Во 1980 година, заштитата беше проширена и на културно-историското наследство на Охрид.
Охрид е вистински бисер. Еден од  најпрепознатливите добро зачувани историски градови во Европа. Има бескрајно голема понуда за туристите кои сакаат да престојуваат на Балканот и да ја истражуваат Македонија. Тоа е место што ќе остане во вашето срце засекогаш, а хотелот Интернационал е најдобриот избор да ја почувствувате мистичноста и убавината на Охрид.

Сместувачки Капацитет
Нудиме различни соби за сечиј вкус. Секоја соба има клима, интернет и ТВ. Со секоја резервирана соба добивате 24/7 бесплатен паркинг за Вашето возило.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.