Опуштете се во Охрид во Јуни! 25% попуст на ноќевање со појадок или ноќевање со појадок и вечера во Хотел Климетица/Маива

Опуштете се во Охрид во Јуни! 25% попуст на ноќевање со појадок или ноќевање со појадок и вечера во Хотел Климетица/Маива

Вредност

1,736 ден.

Попуст

25%

Заштеда

434 ден.

Преостанато време

Купени : 1

  • Свети Стефан, Охрид, Македонија

  • 046277667

  • hklimetica@t.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00 Саб-Нед: 00:00 - 00:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Ноќевање со појадок, цена: 1736 ден. 1302 ден.
  • Ноќевање со појадок и вечера, цена: 2077 ден. 1550 ден.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.06.2018 до 30.06.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација

Опис

Хотел Климетица  ви нуди незаборавни мигови поминати во природен амбиент. Сместен во густа борова шума, во непосредна близина на Охридското Езеро, на само 4км. оддалеченост од градот Охрид во туристичката населба Св.Стефан, Климетица е идеално место за одмор и релаксација. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа и пештерската црква Св.Стефан која е раритетен споменик на културата. Атмосферата која ќе ја затекнете, надвор од градската бучава, микс на чист планински воздух и езерска убавина ќе направи да се почувствувате свежи и исполнети со енергија. Внимателно избраните детали и боја на ентериерот на хотелот, давааат впечаток на префинетост. Овде љубезниот персонал ви го нуди вистинското чувство на добредојде.
Хотелот располага со 41 луксузно опремени соби (двокреветни и трокреветни) и 4 апатрмани. Секоја соба е опремена со: кабелска ТВ, мини бар, директна телефонска линија, 24 часа бесплатна интернет конекција (wireless покриеност), клима уред.
Хотелот располага со пространо лоби опремено со бар, телевизија, и WIFI конекција. Лобито Ви овозможува уживање во прекрасен поглед кон Охридското Езеро. Фонтана градина која ќе го привлече Вашето внимание да го испиете Вашето утринско кафе.
За време на вашиот престој уживајте во вкусот и разновидноста на националната, интернационалната и вегетеријанската храна која се послужува во ресторанот. Ресторанот е со капацитет од 300 седишта и летна тераса од 100 седишта.
Ресторанот е достaпен и за организирани настани и прослави како што се коктели, прослави, свадби и останати семејни и бизнис свечености.
Хотелот располага со две семинарски сали со капацитет од 70 и 30 седишта, опремени со: ЛЦД проектор, лаптоп, интернет, флипчарт табла, платно за проекција, паноа, ТВ, ДВД, фотокопир, факс, скенер;

Хотел Маива, категоризиран како Хотел со 4 ѕвезди, е нов објект, кој се наоѓа во туристичката населба Св. Стефан и е на само 50 метри од езерската шир и 150 метри од Хотел Климетица . Претставува објект со современ ентриер - Ви нуди комфор, удобност - прекрасно место за одмор и релаксација, како и споделување пријатни мигови.
Хотел Маива располага со 23 луксузни студија, опремени со француски лежај и гарнитура за дневен престој, со плазма и сателитска ТВ, мини бар и тераса со поглед на езеро. Исто така, хотелот располага и со Kристална сала со 150 седишта во кој ќе можете да уживате во разновидноста на специјалитети од национална и интернационална кујна во прекрасен амбиент во кој можете да ги прославите вашите свечености, коктел забави или деловни приеми.
Во склоп на хотелот работи и кафе бар со тераса, каде ќе можете да се релаксирате за време на Вашиот престој. Хотелот организира семинари, деловни состаноци и меѓународни конгреси.

Grouper водич

Градот Охрид е најпознат по своите средновековни тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи, музеи и цркви. Наш предлог е да ги посетите едни од најпознатите: Самуиловата тврдина (X/XI век, Народен музеј - Куќите на Робевци и Христо Узунов, Музеј на словенската писменост (XVIII век), Антички амфитеатар, Спомен-куќата на Григор Прличев, Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник. Ах да, и да не го заборавиме фактот дека Охрид е домаќин на вкупно 365 цркви, по една за секој ден во годината. Доколку се уште не сте ги виделе овие безвременски градби, не двоумете се да ги посетите црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум, црквата Св. Јован Канео и многу други повеќе или помалку познати цркви во и околината на Охрид.

Не заборавајте да пробате охридско ѓомлезе и да пиете кафе во некој од кафиците покрај охридскиот кеј и да уживате во поглед кон езерото.

Охрид - градот на големиот број на цркви и манастири, градот познат како Балкански и Европски Ерусалим. Градот го краси најголемото природно езеро по кое го добил своето име, Охридско езеро кое воедно е и најдлабокот езеро на Балканот. Градот Охрид, наследник на стариот Лихнидос, постои повеќе од 2500 години. Уште од антички времиња, на просторот на градот Охрид достигнувањата на цивилизацијата се менувале, со подеми и падови. Градот Охрид го преживеал сето тоа и постои под истото име се до денес. Легендата кажува дека основач на античкиот град на овој простор вил Феникиецот Кадмо, кој основал династија заедно со античките Енхелени.

Како град заштитен под UNESCO, Охрид денес е збир на антички, старовековни градби, богата култура и автентична архитектура која е препознатлива за овој град. Неверојатните пејзажи и недопрената природа се уште една причина плус зошто Охрид станува најомилен град меѓу туристите. Планината Галичица и истоимениот национален парк ги нудат најдобрите патеки за планинарење и велосипедизам и незаборавниот поглед кон Охридското езеро. Интересен факт е што охридскиот бисер е вистински "дијамант" на Охрид. Тој не се прави од школки туку од крлушките на рибата плашица. Рецептот и начинот на изработка на охридските бисери доаѓа од руски војник кој занаетот го пренел само на едно семејство во Охрид.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ