Луксузна релаксација и свеж планински воздух во Маврово! 29% попуст на ноќевање со појадок во двокреветна соба + користење на СПА центарот - Хотел Радика 5* во вредност од 2418 ден. (39 Eur) по цена од 1717 ден. (27.6 Eur)

Цена: 1717 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Луксузна релаксација и свеж планински воздух во Маврово! 29% попуст на ноќевање со појадок во двокреветна соба + користење на СПА центарот - Хотел Радика 5* во вредност од 2418 ден. (39 Eur) по цена од 1717 ден. (27.6 Eur)

Цена

1,717 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

2,418 ден.

Попуст

29%

Заштеда

701 ден.

Купени: 296

  • С. Леуново - Маврово Маврово, Macedonia (Македонија), 1254

  • 042 223 300, 075 325 306

  • info@radika.com.mk

Добивате

Понудата е по лице и истата вклучува:

  • Ноќевање со појадок во Superior двокреветна соба
  • Користење на СПА центарот: фински сауни, парни бањи, приватна кабина (базен) со солена вода, џакузи со топла вода.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 20.04.2017 до 15.06.2017
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • За закуп на двокреветна соба потребно е да купите 2 купони..
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон.
  • Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа. 
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата.
  • За деца  0-3,99 год. е бесплатно.
  • За деца од 4-11,99 год. потребна е дооплата од 15 евра од ноќевање.
  • Доплатите се прават во хотелот на рецепција.
  • Доколку не го искористите купонот до 12.06.2017 година, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат.
  • Надворешниот базен не е активен
  • Превозот не е вклучен во понудата.

Опис

Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.

Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.

Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост. Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Ние ги нудиме најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.

СПА Центар

Радика Спа центарот нуди повеќе видови на третмани за убавина, холистички третмани, за нега на лице и тело. Спа центарот содржи полуолимписки внатрешен базен, фински сауни, парни бањи, Турски Амам, Приватна кабина (базен) со солена вода, како и џакузи со топла вода. Во склоп на Спа центарот е и Радика Фитнес центарот, кој располага со неколку видови на машини за телесни кардио вежби, како и реквизити за вежби со тежини. Во летниот период пак забавата се префрла на надворешниот полу–олимписки базен, каде што ќе Ве придружува одлична музика и летен “pool bar”.

Супериор соби

Удобни соби шармирачки декорирани со енергични сенки и одличен спектар на бои и мебел. Дизајнирани за сечија потреба и комфорт кој ви го овозможува просторноста на собите(35м2). Сите кревети во супериор собите се кралска големина за ваш додатен одмор и уживање. Во супериор собите постои опција и за додавање на екстра кревет.

Опремени со:

  • Интернет
  • Макс ТВ
  • Фен
  • Голем LCD телевизор
  • Кралски кревет
  • Клима
  • Мини бар
  • Сеф
  • Посебна бања

Grouper водич:

Според една легенда, во минатото тука се одиграла страшна битка, во која многу војници загинале, поради што местото го добило името „ Мавро “ односно „ Црно “ (поле).
Една од поголемите атракции во селото е старата црква „Св. Никола Летен“, која е изградена од рекански мајстори во 1850 година. Црквата е потопена под Мавровското Езеро во 1953 година, но секое лето поради варијабилниот водостој на езерото, црквата е на суво. Во средината на 90-те години на 20 век во Маврово започнува градењето на нова црква "Св. Никола", слична на потопената, која е завршена во 2006 година.
Знаменитости:

  • Црква "Св. Никола Летен"
  • Црква "Св. Никола"
  • Црква "Успение на Пресвета Богородица"
  • Црква "Св. Јован Крстител"
  • Шаркоски Рид
  • Св. Никола - некропола од доцен среден век
  • Шаркова Дупка
  • Голема Пештера
  • Пештер
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ