Дестинација Македонија! До 29% попуст на ноќевање за двајца со појадок или појадок и вечера + користење на СПА центарот во хотел Шагал, Виница

Изберете една од опциите!

Добивате

Едно ноќевање за двајца во двокреветна соба + користење на СПА центарот по избор:

Mastercard Бонус: Купи го овој купон со Mastercard картичка и добиј го по специјална Mastercard цена!

* Разликата ќе ти биде вратена во твојата Grouper торбичка

Во понудата е вклучено бесплатно користење на услугите од спа центарот (термална бања со лековита вода од природните извори на Истибања, финска сауна, џакузи, парна бања)

  • Ноќевање со појадок, цена: 2400 ден. 1690 ден. (специјална Mastercard цена: 1606 ден.)
  • Ноќевање со појадок и вечера, цена: 2800 ден. 2117 ден. (специјална Mastercard цена: 2011 ден.)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 11.10.2018 до 30.11.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација по телефон или по e-mail
  • По купување на купоните потребно е истите да ги испратите на e-mail за да ја потврдите резервацијата
  • Едно лице може да купи повеќе купони и да ги комбинира за повеќе ноќевања
  • Доколку не ги искористите купоните во предвидениот рок истите пропаѓаат и средствата не може да бидат рефундирани
  • Превоз не е вклучен во понудата!
  • Mastercard е спонзор на кампањата Дестинација Македонија. Секоја зделка купена со Mastercard картичка ја добивате по специјална Mаstercard цена.
  • Акцијата за Mastercard бонус важи до 19.11.2018 год.

Опис

Селото Истибања се наоѓа во источниот дел на Република Македонија и припаѓа кон Општина Виница. Сместено е близу реката Брегалница, и е познато по термалните води кои извираат таму, како и по многуте лековити билки во околината. Се наоѓа во Кочанската котлина. 

Grouper водач

Одличната локација на хотелот Ви нуди совршени услови и можности да го поминете својот одмор на еден пријатен и опуштен начин. Неговата местоположба и пријатен амбиент овозможуваат вистински одмор и релаксација на телото и духот. Во близина на хотелот е и градот Кочани, па можете да го посетите градот познат по оризот и да пиете кафе во локалните кафулиња. 

Наша препорака е кога ќе престојувате во хотел Шагал е да го посетите и селото Блатец кое е на помалку од 10 км одалеченост.  Ова село лежи во северното подножје на планината Плачковица, на работ меѓу планинската падина и благо наведнатата езерска површина од некогашното Виничко-Кочанско езеро на надморска височина од 710 метри. Расположено е од двете страни на реката Блатешница. Бидејќи езерската површина на која лежи Блатец е благо наведната, оддалеку куќите изгледаат една над друга.

Кога сте во Блатец, не пропуштајте да го посетите археолошкиот локалитет Грамади. Тоа е населба со некропола од римското време. Се наоѓа на 1 km североисточно од селото Блатец, во подножјето на локалитетот Кале, на површина од 2 хектара каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и од покривни ќерамиди, како и градежен материјал.

За хотелот

Хотел ШАГАЛ се наоѓа на 4.5 км од градовите Виница и Кочани. Неговата местоположба и пријатен амбиент ќе ви овозможат вистински одмор и релаксација, а секако ќе имате можност да уживате и во модерно опремениот Спа Центар во третмани кои ќе го ослободат вашето тело и вашиот ум од било каков стрес и напнатост.

Овој идиличен хотел нуди извонредно пријатни услови за одмор, престој и рекреација. Располага со: 15 двокреветни соби, 3 king size спални 1 луксузен апартман, со прекрасен поглед на Виничко-Кочанската котлина.

Располага со 3 сали / 50, 200 и 600 особи, како и летна тераса која го доловува мирот и тишината на околината надополнета со прекрасен пејсаж.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.