Уживање на Охридското езеро! (06.06-31.08.2018) 21% попуст на ноќевање за двајца со појадок + користење на СПА центарот во Хотел Тино св. Стефан 4* во вредност од 4340 ден. (70 еур) по цена од 3410 ден. (55 еур)

РАСПРОДАДЕНО

Уживање на Охридското езеро! (06.06-31.08.2018) 21% попуст на ноќевање за двајца со појадок + користење на СПА центарот во Хотел Тино св. Стефан 4* во вредност од 4340 ден. (70 еур) по цена од 3410 ден. (55 еур)

Цена

3,410 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

4,340 ден.

Попуст

21%

Заштеда

930 ден.

Купени : 34

  • бб. Свети Стефан - Охрид 6000 Охрид, Македонија

  • 046 209 340, 046 209 341, 071 352 706

  • tino_svstefan@t.mk

Добивате

Понудата е за две лица и истата вклучува:

  • Ноќевање со појадок за две лица 
  • Користење на Спа центарот (џакузи, парна бања, сауна, внатрешен базен и базен за деца)
  • Фитнес центар
  • Бесплатен wi - fi интернет
  • Бесплатен паркинг

Услови

  • Купонот може да се искористи од 07.06.2018 до 31.08.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби директно во хотелот
  • По купување на купонот потребно е да ја потврдите резервацијата
  • Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој
  • За деца до 5.99 год. сместувањето е бесплатно
  • За деца од 6 до 12 год. се доплаќа 535 ден. за ноќевање со појадок директно во хотелот
  • За трето возрасно лице се доплаќа 1070 ден.за ноќевање со појадок директно во хотелот
  • За туристичка такса се доплаќа 40 денари на ден по лице дирекно во хотелот
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Доколку сакате романтично изненадување, за истото се доплаќа директно во хотелот 1500 до 2000 ден. во зависност од услугата или дизајнот

Опис

Охрид - градот на големиот број на цркви и манастири, градот познат како Балкански и Европски Ерусалим. Градот го краси најголемото природно езеро по кое го добил своето име, Охридско езеро кое воедно е и најдлабокот езеро на Балканот.  Градот Охрид, наследник на стариот Лихнидос, постои повеќе од 2500 години. Уште од антички времиња, на просторот на градот Охрид достигнувањата на цивилизацијата се менувале, со подеми и падови. Градот Охрид го преживеал сето тоа и постои под истото име се до денес. Легендата кажува дека основач на античкиот град на овој простор вил Феникиецот Кадмо, кој основал династија заедно со античките Енхелени.

Како град заштитен под UNESCO, Охрид денес е збир на антички, старовековни градби, богата култура и автентична архитектура која е препознатлива за овој град. Неверојатните пејзажи и недопрената природа се уште една причина плус зошто Охрид станува најомилен град меѓу туристите. Планината Галичица и истоимениот национален парк ги нудат најдобрите патеки за планинарење и велосипедизам и незаборавниот поглед кон Охридското езеро. Интересен факт е што охридскиот бисер е вистински "дијамант" на Охрид. Тој не се прави од школки туку од крлушките на рибата плашица. Рецептот и начинот на изработка на охридските бисери доаѓа од руски војник кој занаетот го пренел само на едно семејство во Охрид.

Охрид

Градот Охрид е најпознат по своите средновековни тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи, музеи и цркви. Наш предлог е да ги посетите едни од најпознатите: Самуиловата тврдина (X/XI век, Народен музеј - Куќите на Робевци и Христо Узунов, Музеј на словенската писменост (XVIII век), Антички амфитеатар, Спомен-куќата на Григор Прличев, Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник. Ах да, и да не го заборавиме фактот дека Охрид е домаќин на вкупно 365 цркви, по една за секој ден во годината. Доколку се уште не сте ги виделе овие безвременски градби, не двоумете се да ги посетите црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум, црквата Св. Јован Канео и многу други повеќе или помалку познати цркви во и околината на Охрид.

Не заборавајте да пробате охридско ѓомлезе и да пиете кафе во некој од кафиците покрај охридскиот кеј и да уживате во поглед кон езерото.

Хотелот е лоциран во населбата Св. Стефан и е вистинско место за опуштање и релаксирање. Во хотелот може да уживате во прекрасните јадења, а при тоа да имате поглед на езерото кој го одзема здивот. Хотел Тино Св. Стефан 4*  располага со бесплатен wi-fi интернет, паркинг, ресторан, бар, финтес сала, внатрешен и надворешен базен.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ