Одмор со поглед за паметење (Декември-Јануари)! До 42% попуст на ноќевање со појадок или ноќевање со појадок и вечера за двајца + СПА во Хотел Тино св. Стефан 4*

РАСПРОДАДЕНО

Одмор со поглед за паметење (Декември-Јануари)! До 42% попуст на ноќевање со појадок или ноќевање со појадок и вечера за двајца + СПА во Хотел Тино св. Стефан 4*

img

Цена

2,480 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

4,278 ден.

Попуст

42%

Заштеда

1,798 ден.

Купени : 337

  • бб. Свети Стефан - Охрид 6000 Охрид, Македонија

  • 046 209 340, 046 209 341, 071 352 706

  • [email protected]

Добивате

Понудата е за две лица и истата вклучува пакет по избор:

  • Ноќевање со појадок, цена: 4278 ден. 2480 ден.
  • Ноќевање со појадок и вечера, цена: 4728 ден. 2999 ден.

Во понудата е вклучено:

  • Ноќевање за двајца во соба со поглед кон планина
  • Користење на Спа центарот (џакузи, парна бања, сауна, внатрешен базен и базен за деца)
  • Фитнес центар
  • Бесплатен wi - fi интернет

Услови

  • Купонот може да се искористи од 24.09.2018 до 31.01.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби директно во хотелот
  • По купување на купонот потребно е да ја потврдите резервацијата
  • Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој
  • Во цената не е вклучена туристичка такса од 40 ден на ден по лице (истата се наплаќа на рецепција во хотелот)
  • За деца до 5.99 год. сместувањето е бесплатно
  • За деца од 6 до 12 год. се доплаќа 535 ден., односно доплата од 780 ден. за HB ноќевање (директно во хотелот)
  • За дете над 12 години, односно за трето лице се доплаќа 1069 ден. директно во хотелот
  • За соба со поглед кон езеро потребна е доплата од 10 еур директно во хотелот
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Доколку сакате романтично изненадување, за истото се доплаќа директно во хотелот 1500 до 2000 ден. во зависност од услугата или дизајнот

Опис

Grouper водич

Градот Охрид е најпознат по своите средновековни тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи, музеи и цркви. Наш предлог е да ги посетите едни од најпознатите: Самуиловата тврдина (X/XI век, Народен музеј - Куќите на Робевци и Христо Узунов, Музеј на словенската писменост (XVIII век), Антички амфитеатар, Спомен-куќата на Григор Прличев, Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник. Ах да, и да не го заборавиме фактот дека Охрид е домаќин на вкупно 365 цркви, по една за секој ден во годината. Доколку се уште не сте ги виделе овие безвременски градби, не двоумете се да ги посетите црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум, црквата Св. Јован Канео и многу други повеќе или помалку познати цркви во и околината на Охрид.

Не заборавајте да пробате охридско ѓомлезе и да пиете кафе во некој од кафиците покрај охридскиот кеј и да уживате во поглед кон езерото.

Охрид - градот на големиот број на цркви и манастири, градот познат како Балкански и Европски Ерусалим. Градот го краси најголемото природно езеро по кое го добил своето име, Охридско езеро кое воедно е и најдлабокот езеро на Балканот. Градот Охрид, наследник на стариот Лихнидос, постои повеќе од 2500 години. Уште од антички времиња, на просторот на градот Охрид достигнувањата на цивилизацијата се менувале, со подеми и падови. Градот Охрид го преживеал сето тоа и постои под истото име се до денес. Легендата кажува дека основач на античкиот град на овој простор вил Феникиецот Кадмо, кој основал династија заедно со античките Енхелени.

Како град заштитен под UNESCO, Охрид денес е збир на антички, старовековни градби, богата култура и автентична архитектура која е препознатлива за овој град. Неверојатните пејзажи и недопрената природа се уште една причина плус зошто Охрид станува најомилен град меѓу туристите. Планината Галичица и истоимениот национален парк ги нудат најдобрите патеки за планинарење и велосипедизам и незаборавниот поглед кон Охридското езеро. Интересен факт е што охридскиот бисер е вистински "дијамант" на Охрид. Тој не се прави од школки туку од крлушките на рибата плашица. Рецептот и начинот на изработка на охридските бисери доаѓа од руски војник кој занаетот го пренел само на едно семејство во Охрид.

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ