Дестинација Македонија! Искуси ја природата во живописното Јанче! 38% попуст за ноќевање со појадок за двајца во ексклузивниот Hotel Tutto изграден од природни материјали во с.Јанче (Ростуше - Маврово) во вредност од 3000 ден. по цена од 1700 ден.

Цена: 1700 ден .

Дестинација Македонија! Искуси ја природата во живописното Јанче! 38% попуст за ноќевање со појадок за двајца во ексклузивниот Hotel Tutto изграден од природни материјали во с.Јанче (Ростуше - Маврово) во вредност од 3000 ден. по цена од 1700 ден.

Вредност

3,000 ден.

Попуст

38%

Заштеда

1,150 ден.

Преостанато време

Купени : 28

  • С. Јанче, 1254 Јанче, Ростуше Маврово, Macedonia (Македонија), 1254

  • 072 204 014, 042 470 999, 071 241 373

  • info@tutto.com.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00 Саб-Нед: 00:00 - 00:00

Добивате

Ноќевање со појадок за двајца во живописното Јанче (Ростуше - Маврово)


Услови

  • Купонот може да се искористи од 25.09.2017 до 20.11.2017
  • Пред купување на купонот потребно е да го контактирате хотелот за да се информирате за слободни места По купување накупонот потребно е да ја потврдите резервацијата во хотелот.
  • Задолжително е да го приложите испечатен купонот при пристигнувањето во хотелот
  • Доколку не го искористите ваучерот во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да се рефундираат
  • Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој

Опис

Живописното село Јанче е сместено во срцето на Националниот парк Маврово во општина Маврово Ростуше. Кога се патува од Гостивар кон Дебар, од левата страна на патот под Бистра не може а да не се забележи селото со својата прекрасна архитектура. Туристите можат да берат овошје и зеленчук, да јаваат коњи, да пробуваат медови, да учат за виното, да купуваат во продавници за подароци и тезги за локални или регионални земјоделски производи или рачно изработени подароци и многу друго.

Постојат мал број на пишани документи за селото Јанче, но се верува дека селото се наоѓало во месноста Јанечки ливади, скриено и заштитено од честите качачки грабежи. Подоцна селото се преместило поблиску до патот за подобра комуникација со останатите населени места. Според легендата, првиот жител на селото бил некој човек со име Јане по кого селото го добило името. Во негова непосредна близина се Галичник, Присојница, Ростуше, Битуше, Требиште, Велебрдо, Видуше, Требиште, Скудриње, а нешто подалеку Лазарополе, Тресонче, Могорче, Селце, Гари и други.

Grouper водич

Кога веќе сте во Јанче, може добро да ја разгледате препознатливата архитектура на тамошните куќи препознатливи по изградбата од дрво и камен. 4 км. пред да стигнете до Јанче и хотелот Tutto може да го посетите познатиот манастир "Св. Јован Бигорски".

Манастирот е положен во впечатливи варовни карпи на кањонската долина на реката Радика. Се верува дека неговата изградба започнала уште во 11 век. Се верува дека овде живеел монарх Јован по потекло од Дебар и многу добар човек. Тој здогледал светлина меѓу дрвјата и кога се доближил забележал како лебди икона на Св. Јован Крстител. Затоа и направил одма мала црквичка која секојдневно му служела за молење на Св. Јован. Според легендите оваа икона дошла тука од Исток. Па 6 години по наоѓањето на иконата, Василиј II кој владеел во овој дел, дознал за животот на монархот и приказната и подигнал храм. Неколкупати манастирот бил рушен, опожаруван и напаѓан па од таа стара градба денес е останата само светата икона на Св. Јован Крстител. Старите конаци потоа ги обновил игуменот Арсениј кој повикал мајстори од овој крај и му дале препознатливи и црковни вредности. Интересна е историјата на иконата на свети Јован Крстител. Таа неколку пати мистериозно исчезнувала, во немирните и тешки времиња на манастирот, кога неконтролирано го пустошеле и кога преживеал два пожара. Првиот пат иконата се преселила во манастир кој се наоѓа помеѓу Струга и Дебар, каде и денес има црква именувана по неа. Потоа, иконата се преместила во село Слатино, Дебарца, каде што денес има црква со истото име. Иконата се вратила во својот дом во манастирот, во времето на игуменот Иларион (1743-1781 г.)

Во овој дел може да ги видите и Дуфските водопади кои се високи 28 метри и се во склоп на Националниот парк Маврово. Во с. Јанче официјално се отвори и првиот регионален откупен центар за диворастечки растенија, печурки и сл. Или ако сте добар познавач на природните работи, може и самите да си наберете чај, дренки и сл. од околните ливади и места.

На 10 км. од тука се наоѓа и женскиот манастир во Рајчица. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле. Сепак точната година на изградба на манастириските конаци е 1835 година во времето кога игумен на Бигорскиот манастир бил архимандритот Арсениј од Галичник.

Се на се, има што да се види - уживајте!

"Hotel Tutto"

 Хотелот е сместен веднаш под планината Бистра, во близина на манастирот Свети Јован Бигорски.  

"Hotel Tutto" нуди прекрасна панорама кон планините со кои е опкружен и секако убавината на селото Јанче со традиционално изградените куќи од дрво и камен. Ексклузивниот “Hotel Tutto” е изграден од целосно природни материјали.

Опкружен е со карпи, зелени дрвја, река и преубав поглед кон небото. Седејќи на големата хотелска тераса, може да уживате во погледот на реката Радика чие течение поминува низ регионот. Овде утрата се свежи и пријатни, деновите се исполнети со мирис на природата, а ноќите се тивки и одлични за вистински одмор.

Hotel Tutto е нов и целосно изграден според современите стандарди. Одличен е за фамилијарен одмор и престој неколку дена. Засега има капацитет од 7 двокреветни соби и неколку приватни апартмани, сите луксузно опремени со приватно купатило, телевизија и интернет.

Во хотелскиот ресторан се служи локална традиционална и интернационална храна. Вкусот на локалните специјалитети надополнет со контактот со природата и самиот престој во хотелот го прави вашиот одмор незаборавен. Храната се готви со природни и еколошки продукти, користејќи ги традиционалните рецепти. Ова е уникатно и неповторливо искуство бидејќи додека седите внатре во ресторанот или на некоја од терасите имате поглед кон прекрасното село Јанче и прекрасните планини околу. Ресторанот е направен од дрво и камен, според стилот и принципите на локалната традиционална архитектура. Има капацитет од 400 гости, додека терасите располагаат со капацитет од 150 гости.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ