Дестинација Македонија! Есенска релаксација во Хотел Village, Охрид (24.09 - 24.10.2018)! 35% попуст на ноќевање со појадок во двокреветна соба во вредност од 1540 по цена од 999 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Дестинација Македонија! Есенска релаксација во Хотел Village, Охрид (24.09 - 24.10.2018)! 35% попуст на ноќевање со појадок во двокреветна соба во вредност од 1540 по цена од 999 ден.

img

Цена

999 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

1,540 ден.

Попуст

35%

Заштеда

541 ден.

Купени : 6

  • Охрид, Macedonia

  • 046 251-621 , 046 251-023

  • hotel@village.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00 Саб-Нед: 00:00 - 00:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува едно ноќевање со појадок во двокреветна соба

Mastercard Бонус: Купи го овој купон со Mastercard картичка и добиј го по специјална Mastercard цена од 949 ден.

* Разликата ќе ти биде вратена во твојата Grouper торбичка


Услови

  • Купонот може да се искористи од 24.09.2018 до 24.10.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред купувањето на купонот потребно е да се информирате во хотелот за слободни соби на телефон или e-mail.
  • По купување на купонот задолжителна е потврда на резервацијата на телефон или e-mail.
  • За време на викенд денови потребно е да престојувате минимум две ноќевања.
  • Купоните може да ги комбинирате за повеќедневен престој.
  • Во цената не е вклучена и туристичка такса од 40 денари на ден по лице.
  • Превозот не е вклучен во понудата!
  • Доплати:
  • За дете до 6 години со двајаца возрасни во соба, сместувањето е бесплатно
  • За деца од 6 - 12 години со двајца возрасни во соба се доплаќа 575 ден. за 1 ноќевање без појадок
  • Mastercard е спонзор на кампањата Дестинација Македонија. Секоја зделка купена со Mastercard картичка ја добивате по специјална Mаstercard цена.

Опис

Хотел Village Охрид располага со 37 соби и 90 легла, модерно лоби, ресторан, лаунџ бар, кафе бар,  конференциска сала. Модерниот стил на уредување е привлечен како за бизнис гостите така и за фамилијарни посетители. Ресторанот кој се наога во рамките на хотелот располага со 110 седишта и ќе нуди можност за организирање на мини семејни прослави, свадби, родендени, крштевки како и професионални деловни средби и состаноци.Конференциската сала е опремена со професионална опрема и има капацитет сод 60 посетители. Секоја соба е опремена со сопствен тоалет , клима уред, тв, интернет и кабелска тв и мини бар.

Комплексот ВИЛИЏ Вања Камчев  ОХРИД  e распослан на 12.000 м2 и стратешки е лоциран да ги спојува градовите во Западна Македонија. Приказната на содржините на трговскиот центар е инспирирана од ВИЛИЏ стил и се стреми да ги привлече купувачите во пријатна и релаксирачка атмосфера да поминат дел од своето време. Разновидноста на услугите кој ги нуди Комплексот дневно привлекува од 3.000 посетители од различна категорија и возраст. Центарот е најголем трговски Центар во Западна Македонија и претавува еден од уникатните трговски центри во Р.Македонија.

Концептот за Центарот е новиот стандард и начин на трошење на слободното време, во широк спектар на услуги и забава за сите возрасти - хотел, ресторани кафулињата, детски центри, мини плоштад кој нуди простор за секоаков вид на организирање на настани. Со цел да биде домаќин на очекуваниот број на посетители, простророт е дизајниран со огромни внатрешни и надворешни простори.

Архитектурата и дизајнот на Трговскиот центар е испирирана од неговата уникатна локација - помеѓу центарот на градот и магистралниот пат кој ги поврзува најголемите градови во Западна Македонија Кичево- Охрид-Ресен-Битола, не заобиколувајки и градовите Дебар и Струга. Од особено значење е тоа што Трговскиот претставува и центар за пограничните градови од соседните земји Р.Албанија и Р.Грција.
 
Трговскиот комплекс Вилиџ Вања Камчев Охрид е составен од:

  • Трговски центар- климатизиран внатрешен дел со над 40 подавници со различна квадратура и надворешен дел - шопинг улица со 20 продавници
  • КАМ Маркет
  • Хотел (со бизнис центар)
  • Ресторан
  • Забавен парк Игротека Вања
  • Лаунџ бар
  • Снек Бар
  • Ресторан за самополсужување – Вилиџ Бистро
  • Отворен и затворен паркинг

Grouper водич

Градот Охрид е најпознат по своите средновековни тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи, музеи и цркви. Наш предлог е да ги посетите едни од најпознатите: Самуиловата тврдина (X/XI век, Народен музеј - Куќите на Робевци и Христо Узунов, Музеј на словенската писменост (XVIII век), Антички амфитеатар, Спомен-куќата на Григор Прличев, Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник. Ах да, и да не го заборавиме фактот дека Охрид е домаќин на вкупно 365 цркви, по една за секој ден во годината. Доколку се уште не сте ги виделе овие безвременски градби, не двоумете се да ги посетите црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум, црквата Св. Јован Канео и многу други повеќе или помалку познати цркви во и околината на Охрид.

Не заборавајте да пробате охридско ѓомлезе и да пиете кафе во некој од кафиците покрај охридскиот кеј и да уживате во поглед кон езерото.

Охрид - градот на големиот број на цркви и манастири, градот познат како Балкански и Европски Ерусалим. Градот го краси најголемото природно езеро по кое го добил своето име, Охридско езеро кое воедно е и најдлабокот езеро на Балканот. Градот Охрид, наследник на стариот Лихнидос, постои повеќе од 2500 години. Уште од антички времиња, на просторот на градот Охрид достигнувањата на цивилизацијата се менувале, со подеми и падови. Градот Охрид го преживеал сето тоа и постои под истото име се до денес. Легендата кажува дека основач на античкиот град на овој простор вил Феникиецот Кадмо, кој основал династија заедно со античките Енхелени.

Како град заштитен под UNESCO, Охрид денес е збир на антички, старовековни градби, богата култура и автентична архитектура која е препознатлива за овој град. Неверојатните пејзажи и недопрената природа се уште една причина плус зошто Охрид станува најомилен град меѓу туристите. Планината Галичица и истоимениот национален парк ги нудат најдобрите патеки за планинарење и велосипедизам и незаборавниот поглед кон Охридското езеро. Интересен факт е што охридскиот бисер е вистински "дијамант" на Охрид. Тој не се прави од школки туку од крлушките на рибата плашица. Рецептот и начинот на изработка на охридските бисери доаѓа од руски војник кој занаетот го пренел само на едно семејство во Охрид.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ