7 ја следат оваа компанија


TARMAN FORCE PLUS -хумусна киселина 10 L.

1500 ден.

Опис

Хумусната киселина се добива со алкална екстракција од леонардит, кој пак настанува со хемиска и биолошка хумификација на растенија и  друга органска материја преку биолошка активност и геолошки процеси.

  • Огромно е значењето на хуминските и фулвинските киселини во земјоделското производство. Како природни хелатори тие го регулираат примањето и транспортот на хранливите материи во ткивата на растенијата и го стимулираат развојот на почвените микроогранизми.
  • Освен тоа што ја зголемуваат достапноста на хранливите елементи, допринесуваат и за зголемен раст на коренот што доведува до уште поголем внос на хранливи материи.
  • Со употреба на хумусните и фулвинските киселини на природен начин се подобруваат сите процеси во самото растение што резултира со отпорност на самите растенија, зголемен принос и квалитет на плодовите.

Состав:

Органска материја - 50%

Хумусна и Фулвинска киселина - 15%

Калиум оксид (K2O) - 2,5%

pH 8.2-10.2

Употреба : Фолијарна примена 200- 250 мл/100л. вода ; Почвена примена : 1-2 л/декар

Детали за испорака

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "ХЕМПРО"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

ХЕМПРО е локална семеjна компанија, основана уште во 1992 која се занимава со трговија на мало со семе, ѓубрива и пестициди од водечки светски компании од земјоделскиот сектор.
Тимот агроном и хемиски инженер, е посветен на обезбедување на професионална и навремена услуга како и препораки за правилна примена на ѓубрива и пестициди - хербициди, фунгициди, инсектициди.
Ние им нудиме на нашите клиенти експертиза и советодавни услуги од областа на исхраната и заштитата на растенијата што им се потребни за да успеат во земјоделското производство и агробизнисот. Нашите совети денес им помагаат на повеќе од 100 активни клиенти (индивидуални производители и фирми) да ги одржат нивните култури здрави и безбедни преку:
• Подобрен квалитет и зголем принос на земјоделските култури преку избор на најсоодветните сорти, како и планирање на оптималните датуми за берба односно жетва
• Оптимална употреба на хранливи материи преку агрохемиска анализа на почвата  преку соодветна препорака за ѓубрење со тоа што ќе Ви помогнеме да идентификувате каде и колку да аплицирате за максимален раст и принос, а истовремено да го минимизирате трошокот за ѓубрива.
• Подобра контрола на штетниците со тоа што ќе Ви помогне да развиете соодветна стратегија за заштита преку интегрираното управување со штетници (ИПМ) како метод за контролa

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.