24ти Мај во Прага, Карлови Вари, Дрезден и Виена (23.05-27.05.2019)! 20% попуст на петдневен аранжман од три ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага + автобуски превоз од ТА Идеал Превоз во вредност од 9998 ден. по цена од 8000 ден.

Вредност

9998 ден.

Попуст

20%

Заштеда

1998 ден.

ЛИМИТИРАНА КОЛИЧИНА

  • ул. Даме Груев блок 5, лок 10 (кај полициска станица Беко)

    Одведи ме таму

    078 684 392

    idealprevoz@yahoo.com

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага
  • Превоз со високотуристички автобус
  • Организиран разглед на Прага со локален водич
  • Организиран разглед на Виена
  • Организација на аранжманот и туристички придружник од Т.А Идеал Травел во текот на целото патување.

*Бесплатен трансфер од Битола ,Прилеп, Кавадарци (Црна Река) , Куманово и Велес.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 23.05.2019 до 27.05.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна резервација по купување на купонот
  • По купување на купонот потребно е да ја посетите ТА Идеал Превоз  за да потпишете договор за патување
  • Едно лице може да купи повеќе купони
  • Превозот е вклучен во понудата
  • Важат општите услови на СКТМ и ТА Идеал Превоз
  • Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), Куманово и Велес.
  • Состанок на групата на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Прага во 12:00 часот.
  • Во цената не е вклучено: 
  • Факултативен излет на Карлови Вари - 25 еур
  • Крстарење по реката Влтава - 15 еур
  • Целодневна посета на Дрезден - 30 еур
  • Патничко осигурување - 300 ден.
  • Доколку ваучерот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани
Grouper & Mastercard акција на подароци!
Купувај било кои зделки со Mastercard картичка и освој подарок!
Дознај повеќе тука!

Опис

1 ден: ЧЕТВРТОК (23.05.2019) СКОПЈЕ – ПРАГА:

Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 со високотуристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори и царински формалности.

2 ден: ПЕТОК (24.05.2019) ПРАГА:
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Панорамско разгледување на градот со локален туристички водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови ноќна прошетка низ центарот на Прага со можност за крстарење по реката Влтава и прошетка.Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: САБОТА (25.05.2019) ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ - ПРАГА:
По појадокот предлагаме излет до најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Беkеровка како и музејот на Беkеровка. Враќање во хотел.Во вечерните часови можност за посета на традиционален чешки ресторан, чешка пивница или индивидуални активности за прошетки и шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: НЕДЕЛА (26.05.2019) ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА:
Појадок. После појадокот излет во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата - богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква - Frauenkirche, Кралската палата - денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

5 ден: ПОНЕДЕЛНИК (27.05.2019)  ПРАГА – ВИЕНА  – СКОПЈЕ:
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.