Остани здрав! Водете грижа за вашето здравје! До 60% попуст на пакет интернистички преглед, ЕКГ, ехо на абдомен или ехо на тироида + лабараториски анализи по избор во Промедика Медикал Центар

Добивате
Опции на понудата:
Интернистички преглед, ЕКГ, ехо на абдомен, ехо на тироида, лабараториско испитување (диференцијална крвна слика, гликемија, триглицериди и холестерол) |
|
Интернистички преглед, ЕКГ, ехо на абдомен, лабараториско испитување (АСАТ и АЛАТ или уреа и креатинин) |
|
Интернистички преглед, ЕКГ, ехо на тироида, лабараториско испитување (TSH и FT4) |
|
*Прегледот го извршува д-р Наташа Башуровска Маринческа
Услови
- Купонот може да се искористи од 02.05.2023 до 30.06.2023
- Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Задолжителна е претходна резервација на броевите 02 3248 447, 02 3248 451
- Прегледот го извршува д-р Наташа Башуровска Маринческа
- Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.
За компанијата
Поликлиниката Промедика Медикал Центар е приватен здравствен центар кој Ви нуди широк спектар на специјалистички услуги и професионална и квалитетна нега од дијагноза до рехабилитација во пријатен амбиент. Tимот од стручни лица кои го сочинуваат нашиот центар е подготвен со своето знаење, искуство, трпеливост и љубезност да се грижи за Вашето здравје, почитувајќи ги највисоките стандарди и принципи на современата медицина и препораките на СЗО. Нашиот стручен кадар од различни медицински области со помош на најсовремената опрема се во можност брзо и прецизно да постават дијагноза и да ординираат соодветна современа терапија. Во современо опремениот и топол амбиент секогаш ќе се чувствувате добредојдени. Промедика Медикал Центар е приватна здравствена поликлиника во рамките на Промедика. Нашите почетоци датираат од 15.10.2008 година кога почна со работа кабинетот по интерна медицина.
Пpомедика Медикал Центар нуди услуги во следниве здравствени области:
- Општа медицина
- Гинекологија
- Стоматологија
- Заботехничка лабораторија
- Интерна медицина
- Дерматовенерологија
- Ласерски третман
- Офталмологија
- Центар за третирање на рани
- Центар за стома
- Физикална медицина и рехабилитација
Интерна медицина – на овој оддел се вршат сите видови интернистички прегледи и консултации и се достапни следниве услуги:
- Интернистички преглед со ЕКГ - Оваа услуга вклучува високостручен интернистички преглед, како и ЕКГ со најсовремен компјутерски софтвер, за навремено се дијагностицираат сите интернистички и кардиоваскуларни (срцеви) заболувања
- ЕХО кардиографија - со колор доплер е неинвазивна ултразвучна постапка која ја снима структурата и движењата на срцето и ги детектира сите аномалии.
- ЕХО на внатрешни органи - Оваа неинвазивна постапка овозможува прецизно снимање на структурата и работата на внатрешните органи. Со неа се детектираат и најситните аномалии и навремено се дијагностицираат многубројни заболувања.
- ЕХО на тироидеа (штитна жлезда) - е неинвазивна ултразвучна дијагностика за навремено откривање на патолошки промени на штитната жлезда, како и за следење на нејзината морфологија/структура, големина и крвоснабдување.
- Коронарен стрес тест - го следи кардиоваскуларниот систем при вежбање. Тестот се изведува во удобна седечка позиција, со најсофистициран Ергометар кој е единствен на Балканот и помага при рано дијагностицирање на многу срцеви заболувања.
- ЕКГ Холтер Мониторинг - е 24 и 48 часовен мобилен уред кој ги следи електричните импулси на срцето и е погоден за дијагностицирање на промени на ритамот на срцето и други срцеви заболувања.
- Холтер Мониторинг на крвен притисок - е 24 часовен Холтер мониторинг на Вашиот крвен притисок.
- Дневна болница со интравенска и интрамускулна терапија опремена е со најсовремени болнички кревети со механизми, со цел пациентите да се чувствуваат колку што е можно поудобно, покомфорно, а терапијата ја дава високо образован медицински кадар со долгогодишно искуство.
- Колор доплер на артериски и венски крвни садови -Ултразвучен Колор Доплер е техника за неинвазивно мерење на циркулацијата, т.е техника со која што се испитува протокот низ големите и мали крвни садови на горните и долните екстремитети (раце и нозе) и главниот крвен сад во организмот-аортата. Специјалистот исто така дава и препорака за еластични чорапи или ракави.
- Колор доплер на каротидни артерии претставува неинвазивна дијагностичка метода за следење на протокот на главните крвни садови кои го снабдуваат мозокот со крв.
- Нефролошки и уролошки испитувања - Во оваа понуда е вклучен целосен специјалистички пакет преглед кој е комбинација од нефролошки и уролошки испитувања. Нефролошкиот преглед на пациентот подразбира детален разговор и клинички преглед кој во зависност од индикациите се проширува со лабораториски испитувања на крвта и урината, ултразвучен преглед на уротрактот, микробиолошки иследувања, кои не се вклучени во пакетот од промотивната зделка. Исто така тука е вклучен ултразвучен преглед во мочното ќесе каде може да се најдат микролити, поретко каменчиња, промени на зидот (задебелување, нерамнини, испапчувања), туморозни промени (папиломи, карциноми). Мерење на резидуалната урина (ехо проценка на рест урина) е важен индикатор кој ја мери количината заостната урина по мокрењето. Дополнително во специјалистичкиот уролошки преглед е вклучен ултразвучен преглед на простат и тестисите, како и доплер на пенис со цел навремено утврдување на воспаленија, тумори, ходроцела или варикоцела.
-
Дерматологија - Дермоскопијата е најсовремена,неинвазивна метода за рана детекција на меланом, како и дијагностика и евалуација на останатите пигментни-меланоцитни и непигментни-немеланоцитни кожни лезии,од типот на кератози,папиломи,дерматофиброми,хемангиоми,базоцелуларни,спиноцелуларни карциноми итн. Дигиталната дермоскопија овозможува следење на сите суспектни невуси(бемки) кои со тек на времето се менуваат,а при секој преглед се фотографираат,архивираат,споредуваат со претходните и во случај на појава на одредени промени се поставува индикација за нивно отстранување.Особено е значајна метода кај пациенти со зголемен ризик за настанување на меланом,а тоа се индивидуи кои имаат атипични(диспластични) невуси,луѓе со претходна историја за третман на меланом или друг кожен карцином, луѓе кои имаат поголем број на младежи на телото,кои се со светол фототип и доста чувствителни на изложување на сонце,кои имале изгореници од сонце во детството или адолесценцијата како и оние кои поради професија или хоби се хронично изложени на УВ зрачење.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.