Градот на два континенти - Истанбул (06.12-09.12.2019)! 19% попуст на четиридневен аранжман од 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* + автобуски превоз од T.A Ganic Exclusive во вредност од 5518 ден. (89 €) по цена од 4490 ден. (72 €)

Вредност

5518 ден.

Попуст

19%

Заштеда

1028 ден.

Преостанато време

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Две ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул
  • Превоз со високо туристички автобус
  • Разглед на градот со локален водич
  • Организација и туристички пратител

Услови

  • Купонот може да се искористи од 05.11.2019 до 09.12.2019
  • По купувањето потребно е телефонски да направите потврда на патувањето.
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите ваучерот информирајте се во агенцијата за слободни места
  • По купување на купонот јавете се во агенцијата за да ја потврдите резервацијата
  • Важат општите услови на СКТМ и T.A Ganic Exclusive
  • Поаѓање e во 17:00 часот пред Дрво декор спроти Holiday Inn
  • Во цената не е вклучено:
  • Крстарење по Босфор - 20 €
  • Посета на Долмабахче сарајот - 25 €
  • Топ Капи - 20 €
  • Аја Софија (влезница и аудио опрема) - 20 €
  • Посета на Азискиот дел со автобус -15 €
  • Аквариумот Туркуазу - 15 €
  • Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси - 25 €
  • ГАР ресторан – традиционална вечера со турски танци и програма - 25 €
  • Патничко осигурување 300 мкд.
  • Доколку ваучерот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани.

Опис

Програма:

1 ден.06.12.2019 (петок) Скопје-Истанбул

Состанок на групата во 16:30 часот на Дрво декор. Поаѓање за Истанбул во 17 часот Патувањето продолжува преку граничниот премин Богородица. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден.07.12.2019 (сабота) Истанбул

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.Панорамски разглед на градот со локален водич: Капали чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници, Бејазит - најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот - каде Агата Кристи го напишала својот познат роман „Убиството во Ориент Експрес“, прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Слободно време наменето за индивидуални активности.Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Ноќевање.

3 ден. 08.12.2019 (недела) Истанбул

Појадок. Во утринските часови, можност за факултативна екскурзија со автобус и пеш "Топкапи Палата, Аја Софија, Сината џамија, антички Хиподром". Посета на палатата Топкапи со неколку стотици соби, изградена на еден од седумте Истанбулски ридови. Од оваа палата има неверојатен поглед на Златниот Рог, Босфорот и Мраморното Море. Топкапи е претворена во музеј со богати збирки на накит, оружје, облека и порцелан. Посета на Аја Софија, и Црквата на Светата мудрост, еден од најграндиозните храмови изградени од кога било во светот, со непроценлива архитектонска и уметничка вредност. Таа била изградена за помалку од шест години (532-537) во времето на царот Јустинијан и е посветена на Христос како персонификација на Божјата мудрост, претворена е во џамија кога Истанбул е преземен од страна на Турците. Посета на џамијата на султанот Ахмед III, изградена на местото на дворецот на царот Константин 1609- 1616, позната како Сината џамија, преубава џамија со шест минариња, наречена е сина џамија поради тоа што преовладува сината боја со која е украсена нејзината внатрешност. Античкиот хиподром бил центарот на општествениот живот на Константинопол (Истанбул). Разгледот го зарвшуваме со Капали чаршија - шопингот во Капали Чаршија, изгледа како истражување на лавиринт, тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века. Вечерта предлагаме факултативен панорамски разглед на европски и азиски Истанбул, поминување покрај Галата Сарај, преминување од европската на азиската страна на Истанбул по мостот Кемал Ататурк-издигнат на 64 метри во воздух по познатиот морски теснец Босфор, ќе уживате во неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот каде се спојуваат црно и мраморно море. Ноќевање.

4 ден 09.12.2019 (понеделник) Истанбул - Скопје

Појадок. Во утринските часови напуштање на хотелот. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај. Оваа плата ја краси една од најголемите дворски сали осветлена со кристален лустер тежок 4,5 тони, поставен на таван висок 36метри. Токму во оваа плата ги поминал последните денови од својот живот таткото на современа Турција-Кемал Ататурк. По посетата заминување во познатиот трговски центар ФОРУМ каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.