Фестивал на чоколадо во Италија (18.10.2018 - 23.10.2018)! Петдневен аранжман за Виченца, Верона, Кјанчано Терме, Перуџа и Болоња од 3 ноќевања со појадок во хотел + вклучен автобуски превоз по цена од 12 090 ден. (195 еур)

РАСПРОДАДЕНО

Фестивал на чоколадо во Италија (18.10.2018 - 23.10.2018)! Петдневен аранжман за Виченца, Верона, Кјанчано Терме, Перуџа и Болоња од 3 ноќевања со појадок во хотел + вклучен автобуски превоз по цена од 12 090 ден. (195 еур)

Цена

12,090 ден.

РАСПРОДАДЕНО

  • Лермонтова 3/6, Скопје, Македонија 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • travel@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува петдневен аранжман за Виченца, Верона, Кјанчано Терме, Перуџа и Болоња за термин 18.10 - 23.10.2018

  • Превоз со туристички автобус на наведените дестинации;
  • Сместување во хотел во Виченца во двокреветни соби на база на 1 ноќевање со појадок;
  • Сместување во хотел во Кјанчано Терме (Chianciano Terme), во двокреветни соби на база на 2 ноќевања со појадок;
  • Разгледи и излети според програмата;
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето;
  • Организација и реализација на патувањето;

Услови

  • Купонот може да се искористи од 18.10.2018 до 23.10.2018
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Задолжително патничко осигурување
  • Сместувањето е во двокреветни соби
  • Во цената не е вклучено:
  • Факултативниот излет за Перуџа на фестивалот на чоколадо и разглед со локален водич - 25 eur. по лице;
  • Разглед на Болоња со локален водич - 10 eur. по лице;
  • Јавен превоз од/до автобускиот паркинг во Перуџа: мини метро 1.50 eur. во правец и по лице;
  • Влезници за музеи и културно - историски споменици;
  • Дополнителните содржини и трошоци кои не се предвидени спрема програмата, личните трошоци (пијалоци, дополнителни оброци, телефонски трошоци, карти за јавен превоз и друго);
  • Такса за престој која се плаќа на рецепција во хотелот 1.50 eur. по лице / на ден;
  • Патничко осигурување;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 24.02.2019 година.
  • Доколку не го искористите купонот во рамките на периодот истиот пропаѓа и средствата не можат да се рефундираат.

Опис

Перуџа - Фестивал на Чоколадото!

Еден милион туристи секој Oктомври доаѓааат во Перуџа, покраината на Умбрија, со цел да уживаат во еден од најпознатите фестивали на чоколадо во Европа. Обожаватели од сите возрасти и од сите континенти ќе ги поврзе една нишка: љубов кон чоколадото. Ќе уживате во разни видови на чоколада со необичен вкус, ќе дегустирате топло чоколадо и чоколадни сложувалки.

Програма на патувањето:

1 ден (18.10.2018 - Четврток) Скопје - Виченца

Состанок на групата во Скопје. Поаѓање за Виченца. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2 ден (19.10.2018 - Петок) Палманова - Виченца

Пристигнување во Палманова во претпладневните часови и слободно време од 4 саати за шопинг во еден од најголемите outlet - и во Италија - Палманова. По шопингот се упатуваме кон Виченца и се сместуваме во хотел, време за одмор и прошетка низ градот кој се наоѓа во Северна Италија и e 4 - ти град по големина во Покраината Венето. Градот на Андреа Паладио - италијански ренесансен архитект од Падова кој својот труд го претставува во Венеција и во околните градови. Во Виченца на плоштадот Пјаца дел Сињори се наоѓа базиликата Паладиана, голема средновековна градска сала. Театро Олимпико е веројатно најстариот покриен театар во т.н. модерна епоха и еден од трите ренесансни театри. Палатата Кјерикати, Вила Валмарана, Плоштадот Кастело. Слободно време за индивидуални прошетки и враќање назад до хотел во договорено време со групата. Ноќевање.

3 ден (20.10.2018 - Сабота) Виченца - Верона - Кјанчано Терме

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот. Заминување во посета на Верона. Разглед на Верона - градот на Ромео и Јулија. Панорамски (со автобуси) и пешачки разглед на градот - Собранието во Верона и Арената (римски амфитеатар изграден првично во први век со капацитет од 30.000 гледачи), кои се наоѓаат на плоштадот Бра, се упатуваме по главната шопинг улица Џузепе Мацини, каде се наоѓаат најголемите брендови од модната индустрија, се до плоштадите Ербе и Данте. Следува посета на куќата на Јулија, каде се наоѓаат споменикот и терасата на Јулија. Слободно време за индивидуални активности. Попладне заминување кон Кјанчано Терме. Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден (21.10.2018 - Недела) Кјанчано Терме - Перуџа - Кјанчано Терме

Појадок во хотел. Слободно време или факултативен излет за Перуџа, главен град на покраината Умбрија и посета на најголемиот европски фестивал на чоколадото Eurochocolate. По пристигнувањето во Перуџа се оди на прошетка по главната улица во стариот дел на градот - Corso Vanucci и до плоштадот Piazza IV Novembre, каде се наоѓа познатата фонтана Маџоре (Maggiore) и катедралата, посета на Националната галерија на Умбрија (Galleria Nazionale dell'Umbria). Слободно време за уживање и дегустација на големата понуда на различни видови на чоколадо од целиот свет, со необичен вкус, дегустација на топло чоколадо и чоколадни сложувалки. Посета на култната продавница Perugina, каде што може да купат прочуените чоколади "Bacci" - чоколадни бакнежи. Слободно време. Враќање во Кјанчано Терме. Ноќевање.

5 ден (22.10.2018 - Понеделник) Кјанчано Терме - Болоња - Скопје

Појадок во хотел. Поаѓање кон Болоња. Разглед на главниот град на Емилија Ромања и седиштето од најстариот универзитет во светот: прошетка со придружник до плоштадот Piazza Maggiore со базиликата Св. Петронија (Basillica di San Petronio) и градското собрание, старата зграда на универзитетот, плоштадот Нептуно (Neptune) со познатата фонтана и познатите кули - близначки Due Torri. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Возење со кратки попатни паузи за одмор низ Словенија, Хрватска и Србија кон Скопје, Македонија, со пасошки и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во попладневните часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ