23ти октомври во Рим (20.10-23.10.2017)! Пакет од 3 ноќевања во хотел со 3* + вклучен авионски превоз по цена од 20 398 ден. (329 еур)

РАСПРОДАДЕНО

23ти октомври во Рим (20.10-23.10.2017)! Пакет од 3 ноќевања во хотел со 3* + вклучен авионски превоз по цена од 20 398 ден. (329 еур)

Цена

20,398 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

22,661 ден.

Попуст

10%

Заштеда

2,263 ден.

  • Лермонтова 3/6, Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • support@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува пакет од 4 дена, 3 ноќевања во хотел со 3*  - Рим + вклучен авионски превоз за термин 20.10-23.10.2017

Понудата вклучува:

  • Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • Мала кабинска торба – 42х32х25 см. (до 8 кг.)
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Услови

  • Купонот може да се искористи од 20.10.2017 до 23.10.2017
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Сместувањето е во двокреветна соба
  • Задолжително патничко осигурување
  • Доплати:
  • За доплата за еднокреветна соба 6.820 ден.(110 еур) потребно е да купите купон од соодветната опција
  • За доплата за аеродромски такси 3.720 ден. по лице потребно е да купите купон од соодветната опција
  • За доплата за туристичка такса се доплаќа 4 еур од ден, односно 744 ден за 3 ноќевања по лице, и потребно е да купите купон од соодветната опција
  • Доплата за билети за јавен превоз со метро
  • Во цената не се вклучени факултативните екскурзии и посети (цените на понудите се за уплата на лице место)
  • Доплата за организиран панорамски разглед на Рим со водич  – 15 еур
  • Доплата за организирана посета на Ватикан , црквата Св.Петар и Сикстинската капела - 58 еур
  • Доплата за организирана посета на Колосеум, со локален водич, влезница за Колосеум и гробот на Св.Кирил  – 48 еур
  • За да учествувате во ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 12.01.2018 година.
  • Доколку не го искористите купонот во рамките на периодот истиот пропаѓа и средствата не можат да се рефундираат.

Опис

Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието во градот.Вечен град, град на седум ридови се само некои од епитетите  кои Рим ги носи над триилјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија,седиште на град – државата Ватикан.Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град а и самите Италјани знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено но истовремено и модерен град кој постојано ги прати трендовите.Полн со вибрации на современ град, со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е и останува популарен како што бил и во времето кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

1 ден: (20.10.2017 - петок) - СКОПЈЕ – РИМ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 08:40 часот. Полетување за Рим во 10:40 ч. Пристигнување во Рим во 12:25 часот. Трансфер до хотелот и сместување. По кратка пауза за одмор се упатуваме на организиран пешачки панорамски разглед на градот со локален водич (пешачки и метро). Во пешачки разглед од три часа ги поминуваме: Пиаца НавонаПантеонФонтана ди ТревиШпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот. Ноќевање.

2 ден: (21.10.2017 – сабота ) – ВАТИКАН

По појадокот е предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед). Планирано е разглед на  Ватиканските музеи, црквата Св. Петар иСистинската капела. При посетата на музеите ќе се видат најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16-ти век, салата со канделабри, собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари.Во времето од 1508-1511 год Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30-тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Потоа ќе ја посетиме најголемата црква во светот – Св.Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ – единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката завршува со посета на прекрасниот плоштад пред самата црква кој го уредил Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По завршувањето на посетата на Ватикан, слободно време за индивидуални разгледи. Враќање во хотел. Ноќевање.

ден: (22.10.2017 – недела ) – РИМ (Колосеум)

По појадокот прошетка со локален водич: црква Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, црквата Сан Пиетро ин Винколи, каде се наоѓа познатата скулптура  на Мојсеј  и синџирите во кои бил окован Св. Петар (првиот римски папа). Потоа се посетува една од најголемите знаменитост и атракција во Рим – Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Изградбата е започнато од императорот Веспасиан во 72 год  и е завршен година после неговата смрт (80 год.) од неговиот син Тит. Потоа се проаѓа покрај Римскиот форум и завршуваме со Кампидољо – римското собрание, пиаца Венеција и Олтарот на нацијата. Слободно време. Враќање во хотел. Вечерта можност за прошетка и вечера во ресторан на Трастевере. Ноќевање.

ден: (23.10.2017 – понеделник ) – РИМ - СКОПЈЕ

По појадокот одјавување од собите, слободно време за последно кафе во Рим и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 12:55 ч. со директен лет. Пристигнување во Скопје во 14:30 ч.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

 

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ