Нова Година во Израел и Јордан (28.12.2017 – 04.01.2018)! Пакет од 7 ноќевања со појадок и вечера + вклучен авионски превоз по цена од 53 754 ден. (867 еур)

Нова Година во Израел и Јордан (28.12.2017 – 04.01.2018)! Пакет од 7 ноќевања со појадок и вечера + вклучен авионски превоз по цена од 53 754 ден. (867 еур)

Цена

53,754 ден.

Вредност

59,727 ден.

Попуст

10%

Заштеда

5,973 ден.

Преостанато време

  • ул. Лермонтова 3/6, Скопје (позади Италијанска амбасада) 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • support@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува: 

  • 1 ноќевање со појадок и вечера во Нетанија во хотел 3*
  • 1 ноќевање со појадок и вечера во Тиберија во хотел 3*
  • 3 ноќевања со појадок и вечера во Аман во хотел 3*
  • 1 ноќевање со појадок и вечера во Петра во хотел 3*
  • 1 ноќевање со појадок и вечера во Витлеем во хотел 3*
  • Авионски билет Скопје - Тел Авив - Скопје со вклучен багаж
  • Луксузен автобус со бесплатен WI-FI во Израел
  • Претставник од агенција
  • Сите трансфери на програмата
  • Гранични такси
  • Сите екскурзии во програмата
  • Влезни билети за објекти во програмата
  • Сертфикат за аџилак
  • Водич кој ја придружува групата за време на целиот престој

Услови

  • Купонот може да се искористи од 28.12.2017 до 04.01.2018
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Во цената не е вклучено:
  • Аеродромски такси од 9982 ден.
  • Новогодишна Гала вечера (се плаќа на лице место)
  • Бакшиши - 260 ден. (5 долари) на турист на ден (се плаќа на лице место)
  • Лични трошоци

Опис

1 ден (28.12.2017) - Скопје - Истанбул - Тел Авив - Нетанија

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:55ч. и полетување од аеродромот во Скопје во 08:55 ч.. Слетување на аердромот  Бен Гурион во Тел Авив во 19.20ч. Трансфер и пријавување  во хотел во Нетанија. Вечера. Ноќевање.

2 ден (29.12.2017) - Тиберија - Джераш - Бетанија - Аман

Појадок. Заминување на север по должините на крајбрежните рамнини до Касарија, столица на Јудеја во времето на римјаните. Разглед на аквадукт. Заминување за Хаифа- разглед на прекраснион пристранишен град, кој се наоѓа на брегот на Средноземно море. Бахаиските градини и заливот на Хаифа. 
Следува Акра, една од последните воени бази и престој на крстоносците повеќе од еден век. Посета на стариот град и пристаништето. Заминување во градот Назарет, каде Архангел  соопштува на Дева Марија, дека ќе се роди син господов. Разгледување на црквата кај изворот на Благовештението; храмот на Благовештението (изграден врз урнатините на една стара византиска црква и домот на Светото семејство. Посета на Кана Галилејска- местото на првото Христово чудо, претварање на водата во вино. Заминување во градот Тибериа, распространет покрај Галилејското езеро. Продолжуваме кон хотелот. Вечера. Ноќевање

3 ден (30.12.2017) - Тиберија - Џери - Аман   

Преминување од Израел во Јордан преку граничниот премин Шеик Хусеин. Заминување во најдобриот зачуван римски град на Блискиот Исток и архитектонски ремек дела на Џери (древниот Герасим), основан од војниците на Александар Македонски во IV, во. Пр.н.е., подоцна дел од растечките и космополитски градови на грчко-римската Декаполис. Разгледување на Триумфалната капија на императорот Адријан, Форумот со овална форма, хиподром, Карден, Агора, храмот на Артемида (покровителка на Џери), други антички храмови, Јужниот театар, и многу цркви од раниот Среден Век. Заминување за Аман. Пристигнување во престолнината на Хашимитското Кралство Јордан. Панорамски разглед со автобус. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

4 ден (31.12.2017) - Аман - Бетанија - Мртвото Море - Аман    

Појадок. Заминување и посета на Бетанија - место каде што Јован Крстител го крштева Исус Христос во реката Јордан. Заминување кон Мртвото Море. Време за плажа. Враќање во Аман. Слободно време. Новогодишна Гала вечера. Ноќевање.

5 ден (01.01.2018) - Аман - Мадаба - Небо - Шобак - Петра

Појадок. Заминување за Мадаба. Градот е познат по многуте христијански цркви. Обележје сепак е грчката православна црква "Свети Ѓорѓи", позната по уникатниот мозаик, претставена детални цветна карта на светата земја од византиската епоха. Денес во Мадаба има институт за мозаечно уметност и десетици работилници кои се занимаваат со овој занает. Следува посета на планината Небо, каде се открива прекрасна глетка кон Израел и дел од долината на реката Јордан. Во јасен ден можат да се видат контурите на Ерусалим и Ерихон. Според Библијата, тоа е местото каде што Мојсеј се искачува, за да види за првпат со свои очи ветената земја. Пак според Светото Писмо, Мојсеј е погребан таму. На врвот се пронајдени остатоци од црква и манастир. Црквата е од средината на IV век и е изградена во меморија на местото каде што умира Мојсеј. Во неа се задржани убави мозаици. Заминување за Петра. На патот кратка посета за панорамски слики кон замокот на крстоносците Монтреал (лат. Mont regalis "Кралски рид", познат уште како Шобак) - изграден од темпларите во 1116 година по наредба на Ерусалимскиот крал Болдвин I гарда на поклонички правци и каравани . Пристигнување во Петра вечерта. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

ден (02.01.2018) - Петра - Аман

Појадок. Организирана прошетка до Петра, престолнината на Набатејците. Петра беше избрана како едно од седумте нови светски чуда во 2007. Градот е сместен во вдлабнатата планинска долина Вади Муса (долината на Мојсеј). Првите познати жители на Петра се едомците, кои живееле на овој простор околу 1000г. п.н.е. Според Библијата, тие биле потомци на Исав, а спомнувањто на местото наречено Села (карпеста населба на еврејски) во писанијата на луѓето кои ја посетиле долината, сигурно се однесува на Петра (камен на грчки). Розевоцрвеникавиот град Петра бил најпросперитетен важен премин на некогашните трговски патишта. Петра е обиколен од високи планини и до него се стигнува преку тесни патеки. Неговите впечатливи згради, кои се издлабени во карпи, се зачувани недопрени. Време е за разгледување на Каснех ал-Фарун (Ризницата), многубројните скалести гробници, амфитеатарот, триумфалната капија, карденот со колонадите. Тргнување накај Аман. Пристигнување во престолнината на Хашемитското кралство Јордан. Сместување во хотел. Ноќевање.

7 ден (03.01.2018) - Аман - Јерихон - Витлеем

Појадок. Преминување од Јордан во Израел преку граничниот премин Аленби. Посета на Јерихон, град кој се наоѓа на најниската надморска височина и една од првите населби во светот. Панорамски разглед на Манастирот на искушенијата, лоциран во карпите каде Исус Христос постел и се молел четириесет дена и четириесет ноќи. Тргнување кон Витлеем. Посета на местото на раѓање на Исус Христос во Витлеем и посета на базиликата ,,Рождение Христово’’, која е изградена во чест на тој настан и е најголема знаменитост на градот. Сместување во хотел. Ноќевање.

8 ден (04.01.2018) - Витлеем - Ерусалим - Бен Гурион

Појадок. Туристичка програма во Ерусалим. Пешачки разглед на Стариот Град: Гециманската градина, која традиционално се почитува како местото каде Исус се моли ноќта на неговото апсење. Денес за тој настан е подигната базилика, која е посветена на страданијата Христови и на тоа место се наоѓаат осум маслинови дрва, кои се постари од 2000 години. Продолжуваме кон Виа Долороса (лат. Патот на Болката), тоа е улицата по која, во древниот Ерусалим, Исус Христос минувал со крстот до местото на распнувањето-Голгота.  Следува комплексот на храмови – Божји гроб – најсветото место за Христијанскиот свет, каде Исус е распнат, погребан и од каде воскреснал. Посета на Ѕидот на Плачот, единствената структура која е останата од Ерусалимскиот Храм На Соломон. Името доаѓа од тоа што евреите одат таму да тажат за уништувањето на храмот. После поклонувањето, програмата продолжува кон брдото Сион (градот на Давид), каде се наоѓаат гробот на цар Давид и собата на Тајната Вечера. Посета на Новиот Град Ерусалим (панорамска прошетка со автобус): Парламентот на државата Израел (Кнесет), Министерставата на Израел, Музејот на Израел. Трансфер до аеродром Бен Гурион. Лет за Скопје преку Истанбул во 15:20ч. Слетување на аеродромот во Скопје во 19:45ч.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.