Дестинација Македонија! Вистинска авантура со Коњички клуб Бистра Галичник - Sherpa Horse riding! До 60% попуст на адреналинска планинска тура на јавање коњи (обука + заштитна облека) и дегустација на сирењe на Галичник

Цена од

1190 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

3000 ден.

Попуст

60%

Заштеда

1810 ден.

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени: 1453

  • Бистра-Галичник-Маврово

    Одведи ме таму

    077 648 679

    hcbistragalicnik@gmail.com

Добивате

Адреналинска планинска тура на јавање коњи на Галичник за термин по избор

Опции на понудата:

Од понеделник до петок 3,000 ден. (48 еур)
1,190 ден. (19 еур)

Вклучено:

  • Обука за јавање коњ
  • Заштитна опрема за јавање
  • Јавање
  • Дегустација на сирења (сирење, домашна пита, ракија, домат, салати)

*Времетраењето на турата е 4 часа (турите започнуваат од 9:30ч. и 13:30ч)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 12.05.2020 до 30.09.2020
  • Потребно е да закажете јавање 5 до 10 дена претходно на тел. 077 648 679
  • Закажувањето за термините и распоредот на групите се предмет на договор
  • Местото на состанување е ранчот на 1 км. пред селото Галичник / повеке информации ќе добиете при резервацијата
  • Пред почетокот на турата се презентираат основните техники по каубојско јавање
  • Приближно времетраење на турата е 4 часа.
  • Во зависност од побарувачката на клиентите турите започнуваат од 9:30ч. и 13:30ч. При резервација ќе биде обезбедено Вашето место во соодветната група
  • Промена на веќе закажан термин е дозволена до 2 дена пред турата! Доколку го откажете терминот 1 ден пред закажаниот термин за јавање купоните се сметаат за искористени и немате право на презакажување на термин
  • Потребна е доплата од 30 ден. по лице за туристичка такса за влез во националниот парк (доплатата се врши на лице место)
  • Напомена: Пред јавањето се потпишува пристапница за јавање
  • Ограничени количини!
  • Доколку резервирате термин, а не се појавите на турата, купоните ви пропаѓаат, односно се поништуваат и средствата не може да се рефундираат.

Опис

Јавањето на грбот на еден коњ нуди посебно искуство и особено возбудлив начин на уживање во богатствата на Националниот парк – Маврово. Ова е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој крај, далеку од секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Придружете ни се во обиколката на преубавите предели, глетки полни со моќни планини, бистри потоци и пространи и зелени шуми. Сместувањето е во стари села, уживајќи ги вкусовите на  традиционално подготвените јадења. 

Галичник е планинско село на падините на планината Бистра на надморска височина од 1300-1600 метри и на само 10 км од Мавровското езеро. Заедно со Лазарополе овие две села се двете најголеми и најстари Мијачки села во регионот. Галичник ја има зачувано својата традиционална архитектура и заедно со природната околина  успева да го задржи вниманието на секој посетител како едно од најмагичните места во Македонија. Во минатото економијата на Галичник зависела од производите што ги добивале од своите стада овци. Во овој предел е развиена богата трговија со кавалитетни производи од млеко, месо и волна. Особено ценет прозивод е кашкавалот и белото сирење. Секако не треба да се заборават и локалните специјалитети како што се бакрдан, јогурт и овчо месо.

Зошто Grouper тимот ви препорачува да го посетите ГАЛИЧНИК

  • Ако Охрид е бисер, Галичник е дијамантот на Македонија.
  • Неминовно е да ги посетите галичките бачила и да го пробате највкусното сирење
  • Карактеристично за Галичник се носиите особено женската која е една од најпознатите во Македонија и достигнува тежина и до 25 килограми.
  • Селото Галичник е светски познато по Галичката свадба која традиционално се одржува секоја година на 12 јули – Петровден. Препознатлива е по единствените, оригинални и неповторливи свадбарски обичаи.
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.