13 ја следат оваа компанија
Jolie ланче од сребро 925 со приврзок срце обложено со дијамантски прав во сребрена, позлатена и розе злато варијанта
6751 ден.
Преостанато време
Опис
Jolie ланче од сребро 925 во форма на срце обложено со дијамантски прав и помало срце со изгравирано Rebecca лого.
- Должина: 40-45cm.
- Достапно во сребрена, позлатена и розе злато варијанта.
Детали за испорака
Испорака
- Бесплатна испорака на сите нивни производи, за нарачки над 3000 денари.
- За нарачки под 3000 денари се доплаќа 150 денари
- Време потребно за достава во Скопје: 2 работни дена по процесирање на нарачката
- Време потребно за достава низ Македонија: 5 работни дена по процесирање на нарачката
- Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 02 3104 660
- Види ја продавницата на "Rebecca" овде
- Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи
За компанијата
Rebecca е моден бренд изграден како алтернатива за скапоцен накит. Најчесто употребувани материјали за изработка се бронза, челик, сребро и бакар, изработени со најквалитетни и антички техники на занаетчиство. Во процесот на изработка на накитот, Rebecca посветува најголемо внимание на: иновативност и изработка со најсовремена технологија, висок дизајн, уникатност, завршеток и финализација со рачна изработка.
100% производство во Италија
Сите фази на формирањето, планирањето, производството и дистрибуцијата се одвиваат во фабриката во Фиренца и обезбедуваат рачно изработени “Made in Italy” производи. Креативниот тим предводен од Алесандро Тести е во можност да помине од креативната и фазата на дизајнирање до реализација на производот во просторија, во рок од неколку часа, благодарение на внатрешното производство и локалните снабдувачи на услуги и суровини на компанијата. Главните производствени техники се Cad/cam технологиите воведени за прв пат од Тести во светот на накитот како и извонредните кастинг системи кои отсекогаш биле употребувани во занаетчиската индустрија.
Колекциите се наменети за да ги задоволат сите вкусови на потрошувачите, од секојдневни и едноставни до трендсетерски парчиња. Оваа стратегија и овозможува на компанијата да работи со големопродажба и не дозволува остатокот од робата да биде несоодветно складирана. Низ светот Rebecca има над 32 монобренд продажни места во Италија, Дубаи, Словенија, Русија, САД, Карибските Острови а сега конечно дојде и во Македонија!
Брендот „Rebecca“ е постојано присутен во медиумите, а во Италија го држи рекордот на застапеност во однос на конкуренцијата.Стратегијата се заснова на интернационални кампањи со водечки агенции, фотографи и врвни модели како протагности на брендот. Накитот го имаат носено планетарно познатите јавни личности: Бијонсе, Ријана, Линзи Лохан, Ева Мендез, Пинк, Бар Рафаели и многу други.
Секое парче накит се подготвува на калап од восок на кој се нанесува нерѓосувачки челик, бронза, сребро или 9/18 каратно злато. Додатоците кои се најчесто употребувани при изработка на накитот се: хидротермални камења, кристали или полускапоцени камчиња од природно потекло.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.