12 ја следат оваа компанија


Jolie обетки од сребро 925 во форма на срце обложени со дијамантски прав

7433 ден.

Ве молиме одберете една од наведените опции!

  • Mitropolit Teodosij Gologanov 70, Skopje, North Macedonia

    Одведи ме таму

    02 3104 660

    rebecca@concept.com.mk

Опис

Jolie минимални обетки од сребро 925 во форма на срце обложени со дијамантски прав. Достапни во сребрена и розе злато варијанта.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна испорака на сите нивни производи, за нарачки над 3000 денари.
  • Време потребно за достава во Скопје: 2 работни дена по процесирање на нарачката
  • Време потребно за достава низ Македонија: 5 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 02 3104 660
  • Види ја продавницата на "Rebecca" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

За компанијата

Rebecca е моден бренд изграден како алтернатива за скапоцен накит. Најчесто употребувани материјали за изработка се бронза, челик, сребро и бакар, изработени со најквалитетни и антички техники на занаетчиство. Во процесот на изработка на накитот, Rebecca посветува најголемо внимание на: иновативност и изработка со најсовремена технологија, висок дизајн, уникатност, завршеток и финализација со рачна изработка.

100% производство во Италија

Сите фази на формирањето, планирањето, производството и дистрибуцијата се одвиваат во фабриката во Фиренца и обезбедуваат рачно изработени “Made in Italy” производи. Креативниот тим предводен од Алесандро Тести е во можност да помине од креативната и фазата на дизајнирање до реализација на производот во просторија, во рок од неколку часа, благодарение на внатрешното производство и локалните снабдувачи на услуги и суровини на компанијата. Главните производствени техники се Cad/cam технологиите воведени за прв пат од Тести во светот на накитот како и извонредните кастинг системи кои отсекогаш биле употребувани во занаетчиската индустрија.

Колекциите се наменети за да ги задоволат сите вкусови на потрошувачите, од секојдневни и едноставни до трендсетерски парчиња. Оваа стратегија и овозможува на компанијата да работи со големопродажба и не дозволува остатокот од робата да биде несоодветно складирана. Низ светот Rebecca има над 32 монобренд продажни места во Италија, Дубаи, Словенија, Русија, САД, Карибските Острови а сега конечно дојде и во Македонија!

Брендот „Rebecca“ е постојано присутен во медиумите, а во Италија го држи рекордот на застапеност во однос на конкуренцијата.Стратегијата се заснова на интернационални кампањи со водечки агенции, фотографи и врвни модели како протагности на брендот. Накитот го имаат носено планетарно познатите јавни личности: Бијонсе, Ријана, Линзи Лохан, Ева Мендез, Пинк, Бар Рафаели и многу други.

Секое парче накит се подготвува на калап од восок на кој се нанесува нерѓосувачки челик, бронза, сребро или 9/18 каратно злато. Додатоците кои се најчесто употребувани при изработка на накитот се: хидротермални камења, кристали или полускапоцени камчиња од природно потекло.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.