ЗЛАТНА ЗДЕЛКА: Вкусете вистинска италијанска магија! 35% попуст на паста (таљатели, фусили, пене или шпагети) во сос по избор или салата (Шеф или Капрезе) во италијански ресторан Кај Џино

Цена од

136 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

210 ден.

Попуст

35%

Заштеда

74 ден.

Купени: 419

  • Kaj Gino - Italianski Restoran, Skopje, North Macedonia

    Одведи ме таму

    02 3121 109, 070 342 191

    restorankajgino@yahoo.com

Добивате

Паста по избор (таљатели, фусили, пене, шпагети) со сос по избор

Опции на понудата:

Fungi porcini (вргањ - 350 гр.) 300 ден. 195 ден.
Quattro formaggi (4 сирења - 350 гр.) 400 ден. 260 ден.
Verdure (зеленчук - 350 гр.) 250 ден. 162 ден.
Salsa rosa (црвен сос - 350 гр.) 250 ден. 162 ден.
Carbonara (карбонара - 350 гр.) 260 ден. 169 ден.
Pomodoro e basilico (домат и босилек - 350 гр.) 220 ден. 143 ден.
Bolognese (болоњезе - 350 гр.) 300 ден. 195 ден.
Amatriciana (аматричана - 350 гр.) 260 ден. 169 ден.
Шеф салата 300 ден. 195 ден.
Капрезе салата 210 ден. 136 ден.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 17.02.2020 до 15.03.2020
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна претходна резервација
  • Купоните можете да ги користите секој ден од 18:00 до 24:00 часот
  • Купонот важи само за во ресторанот, не важи за носење
  • Понудата не важи за 8ми Март!

Опис

ЗОШТО ОВАА ЗДЕЛКА Е ЗЛАТНА?

⭐ Над 12 000 купени купони

⭐ Прв италијански ресторан, лоциран во центарот на градот

⭐ Неодоливиот свет на свежа и вкусна италијанска паста

Постои поговорка која гласи “che mangia bene mangia Italiano“ или “оној кој добро се храни, јаде италијанска храна“. 

Најдобриот италијански ресторан "Кај Џино" ве носи во неодоливиот свет на свежа и вкусна италијанска паста по Ваш избор!

За Италијанската кујна

Италијанската кујна е една од најпознатите и најраспространетите кујни во светот. Таа постојано се развивала низ вековите како резултат на бројни социјални и политички промени, со почетоци кои датираат наназад дури до 4-от век п.н.е.

Нејзиното богатство и традиција се особено видливи од фактот што најстарата сочувана книга за рецепти е токму Италијанска, а била напишана во 1-от век п.н.е.

Италијанската кујна изобилува со мноштво на различни состојки кои вклучуваат различни видови на овошја и зеленчук, месо и сосови. Таа е карактеристична по својата екстремна едноставност, со голем број на рецепти кои содржат само 4 до 8 состојки.

Италијанската кујна е најпозната по многубројните видови на тестенини во различни бои, дебелини, должини и форми: пене, макарони, шпагети, таљатели, фусили, лингвини, равиоли, канелони, лазањи се само некои од видовите тестенини кои се составен дел од оваа кујна.

Италијанците препознаваат две основни категории на тестенини, суви и свежи. Сувите тестенини се прават исклучиво од дурум брашно, се конзумираат “al dente“, односно малку потврди или не премногу варени и имаат рок на траење од околу 2 години.

Свежата тестенина може да се чува само неколку дена и тоа во фрижидер. Секако, различните видови на сирења и вино се исто така составен дел од скоро секоја италијанска трпеза.

Италија произведува (во 20 различни региони) најголемо количество на вино во светот, но е воедно и најголемиот светски потрошувач. Практично не постои италијанска трпеза на која не се наоѓа барем едно шише вино.

Затоа ви препорачуваме оваа вкусна порција да ја збогатите со чаша прекрасно вино од понудата на Ресторан "Кај Џино".

Уживајте со вашите пријатели или семејство во прекрасно гурманско искуство!

Ресторан "Кај Џино" - прв италијански ресторан, лоциран во центарот на градот, со пријатна атмосфера, професионална услуга и врвна кујна.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.