Дестинација Македонија! Мир, чист воздух и прекрасна природа - Лазарополе (11.06-01.10.2021)! 41% попуст на ноќевање со појадок за две лица во Калин Хотел во вредност од 3050 ден. по цена од 1799 ден.

img

Цена

1799 ден.

Вредност

3050 ден.

Попуст

41%

Заштеда

1251 ден.

Преостанато време

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени: 114

Добивате

Ноќевање со појадок за две лица во Калин Хотел, Лазарополе

Услови

  • Купонот може да се искористи од 11.06.2021 до 01.10.2021
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред купувањето на купонот потребно е да се информирате во хотелот за слободни соби на телефон: 078 365 070 или e-mail info@kalinhotel.com.mk
  • По купувањето на купонот потребно е истиот да го препратите на e-mail info@kalinhotel.com.mk со цел да ја комплетирате резервацијата
  • Време е за тимска дружба со колегите! Прати ни барање за тим билдинг патување од компанија и добиј понуда за некоја од најубавите дестинации низ Македонија. Пополни ја формата на следниот ЛИНК
  • Доколку не го искористите ваучерот до наведениот рок истиот пропаѓа и средствата не може да ви бидат рефундирани

Доплати:

  • За дете до 7 години бесплатно.
  • За дете од 7-13 години се доплаќа 500 ден. за ноќевање со појадок.
  • За трето возрасно лице се доплаќа 700 ден. за ноќевање со појадок.
  • Превозот не е вклучен во понудата.

Опис

Ако патувате од Скопје, преку Тетово и Гостивар, потем преку Маврово, влегувате во живописната клисура на реката Радика кон Дебар, поминувајќи крај импресивниот манастир Свети Јован Бигорски, доаѓате до крстопатот наречен Бошков Мост на неколку километри пред Дебар.

Тука се упатувате лево, по добар асфалтен пат, по околу 5 километри почнувате да се искачувате по кривулест асфалтен пат што ве води во планинските висини на Бистра.

По веќе создаденото чувство дека сте на небо, пред вас, на надморска височина од 1.350 метри, се отвара голема висорамнина на чии карпести делови се појавуваат куќи, најчесто двокатни и трокатни изградени од камен кои потсетуваат на средновековни тврдини.

Во центарот на ваквата прецизна архитектонска организација ве пречекува Калин Хотел во Лазарополе.

Сместување

Градбата на Калин Хотел е спој на традиционално мијачко градителство со современи архитектонски решенија, што создава топла и уникатна атмосфера.

Калин Хотел располага со 16 конфорни и вкусно уредени соби. Секоја соба е опремена со бања, телефон, сателитска телевизија и други погодности што го прават престојот комплетен.

Ресторан

Eксклузивниот ресторан, во релаксирачки амбиент, нуди квалитетна храна, локални и интернационални јадења и специјалитети од дивеч.

Внимателно селектираната винска листа е идеално дополнување на одличната храна. Ресторанот се карактеризира со понуда на квалитет и индивидуалност на секоја порција, бидејќи се употребуваат свежи состојки одгледани во селските градини.

Уживајте во оброкот во самиот ресторан покрај каминот, на отворената тераса или во блиската околина во изолирана приватност и изобилство на зеленило.

Рекреација

Калин Хотел и селото Лазарополе е опкружено со венец од букова и дабова шума што овозможува возбудливи дестинации за прошетки во недопрената природа.

За авантуристите Калин Хотел претставува почетна позиција за планинарење, планински велосипедизам, јавање на коњи и трчање со ски во текот на зимскиот период.

Хотелот е незаменлива дестинација за спортските ловџии, поради лоцираноста на с. Лазарополе во националниот парк Маврово.

Конференциски капацитети

Погодната локација, мирното опкружување и оптималните капацитети на Калин Хотел претставуваат идеално место за деловни состаноци, работилници или конференции за околу 40 учесници. Високите стандарди на аудиовизуелната и комуникациската опрема, нудат одлични можности за секакви деловни потреби и удобност за корпоративно задоволство.

Лазарополе

Лазарополе е сместено е во падините на Бистра и е планински рај во Македонија. Благата планинска клима, заради термичкото влијание од Медитеранот преку реката Радика, придонесува Лазарополе да има преку 2000 сончеви часови во текот на годината.

Изобилството на шуми се природен филтер што го прават воздухот кристално чист, поради што Лазарополе е официјално регисрирано како место со најчист воздух на Балканскиот Полуостров.

Црквата Св. Ѓорѓија како заштитен знак ја надополнува живописната глетка на Лазарополе. Изградена во 1841 година, претставува монументална градба, опкружена со зидини од делкан камен високи 4 метри.

Ентериерот на црквата е дело на легендарниот Димитрие Перкоски (Дичо Зограф) од мијачкото село Тресонче.

Grouper интересни факти за Лазарополе

  • Лазарополе е една од највисоките (1350 м надморска височина) и најубавите селски места во Македонија. Се наоѓа на прекрасна локација во југозападниот дел на планина Бистра со извонреден поглед кон Галска Река и планина Стогово.
  • Единствено место во Македонија каде мерните станици покажуваат чист воздух преку целата година.
  • Заштитен знак на Лазарополе е црквата Св. (Великомаченик) Ѓорѓи(ја) изградена во 1841 год. Опкружена со ѕидини од делкан камен висок 4м. Токму нејзината местоположба ја спасила од тоа Османлиоте да ја уништат.
  • Вреди да се разговара со постарите лазаровци за историјата на Калина Дупка и селото на Лазар.
  • Посетете го врвот Цуцул на чиј пат има мало мостче копија на Елен Скок во чија близина има историска чешма со вода која Лазаровците веруваат дека е лековита.
  • Лазарополе е препознатливо по своите ливади и долги зелени површини совршени за идеален планински одмор.
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.