2 ја следат оваа компанија


КАНОИЛ® Супозитории 25 mg CBD

170 ден.

Опис

КАНОИЛ® 25 mg супозиториите содржат CBD масло од коноп, што е маслен екстракт од едногодишното тревесто растение канабис или коноп.

CBD маслото од коноп содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количина под 0,2%.

Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ® 25 mg супозиториите се манифестираат и при:

  • Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми;
  • Се користи против гадење и повраќање, посебно за време на  хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, помага во одржување на балансот на цревната флора;
  • Ублажува состојби на болка од различно потекло, зарaди неговото противвоспалително дејство.

КАНОИЛ® 25 mg супозиториите се препорачуваат за употреба кај лица што имаат отежнато голтање или неподносливост кон вкусот на КАНОИЛ® маслата.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Возрасни

Една КАНОИЛ® 25 mg супозиторија се  става  во ректумот еднаш до двапати дневно, препорачливо една наутро и една навечер.
Употребата на КАНОИЛ® 25 mg супозиториите двапати дневно (наутро и навечер) е индивидуална и се препорачува  консултација со лекар.
Со употреба на КАНОИЛ® 25 mg супозиториите двапати дневно се прима дневна доза од 50 mg  CBD.
По ставање на супозиторијата се препорачува да се остане во легната положба 15-20 минути.

Деца  до 14 години
Една КАНОИЛ®  25 mg супозиторија  се става во ректумот еднаш дневно.
Со употреба на КАНОИЛ® 25 mg  супозиториите еднаш дневно се прима дневна доза од 25 mg  CBD.
По ставање на супозиторијата се препорачува да се остане во легната положба 15-20 минути.

* производот е со краен рок до 30.07.2021

Детали за испорака

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "Green Shop"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

Green Shop, ново отворенa ексклузивна продавница за здрава храна, додатоци за храна, производи со “full spectrum” екстракт од канабис и козметика

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.