Дознајте го ризикот од срцеви заболувања и срцев удар! До 37% попуст на кардиолошки пакет по избор: базична и напредна ехокардиографија + коронарен стрес тест или холтер за притисок во ПЗУ д-р Маја Шушлевска

Цена од

3800 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

6000 ден.

Попуст

37%

Заштеда

2200 ден.

Преостанато време

Купени: 1

Добивате

Кардиолошки пакет по избор 

Опции на понудата:

Базична и напредна ехокардиографија + коронарен стрес тест 6,900 ден. 4,800 ден.
Базична и напредна ехокардиографија + холтер за притисок 6,000 ден. 3,800 ден.

*Подетално за прегледите прочитајте во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 10.11.2022 до 28.02.2023
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација на термин за преглед
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок, средствата за истиот не може да бидат рефундирани

Опис

Ехокардиографија

2д колор доплер ехокардиографија: Претставува основна визуелизациона метода во кардиологијата со која се овозможува приказ на срцевите структури, комори и преткомори, срцевите залистоци, болести на срцевиот мускул, способност и сила на дејство на мускулот, а истотака и овозможува одредување на  функцијата на срцевите комори со помош на колор и пулсен доплер со што се поставува дијагноза  за најголемиот број од срцевите заболувања или констатира нормална функција на срцето.

Напредна ехокардиографија е прецизна метода за рано откривање на коронарна болест и срцева слабост. 

Кога треба да направиме стрес тест?

Стеснување на крвните садови на срцето и нивното запушување се едни од најчестите заболувања во денешно време и се причина за срцева слабост или смрт. Но, дали може навремено да се препознаат симптмите и да се дијагностицира стеснувањето на крвните садови кај општата популација и особено кај ризичните групи на пациенти? Во современата кардиологија се користи алатка со која се пресметува индивидуалниот ризик од срцев удар, а се нарекува еуроскоре калкулатор (формулиран од европското здружение за кардиологија) кој ги зема предвид различните фактори (пол, возраст, генетски предиспозиции, покачен крвен притисок, холестерол, гликемија, претходен срцев настан). Со него утврдуваме колкави се ризиците од таков настан во следните 10 години. Драгоцена е улогата на стандардните методи на кардиолошка евалуација ЕКГ и ехокардиографија со помош на кои се проценува состојбата на срцевиот мускул, се анализира неговата функција, како и на дополнителните структури, залистоци, срцевата ќеса перикардиум, како и големите крвни садови. Но, овие методи дополнително стануваат попрецизни со примена на коронарниот стрес тест со кој го цениме капацитетот на срцевиот мускул да изврши работа во  услови на зададен напор и еластичноста на срцевите артерии во текот на тој напор и непосредно по него.

Стрес тест може да се изведе на подвижна трака или на ерговелосипед при што потребно е да се постигнат 85% од максимално предвидениот напор изразен во метаболни еквиваленти или вати. Во последно време стрес тестот се комбинира со стрес ехокардиографија со што се зголемува прецизноста во дијагностицирање на коронарна болест, но и други заболувања на срцевиот мускул и структури.

АБПМ Холтер за мерење на крвниот притисок

Овој Холтер е најпрецизниот метод за потврдување на дијагнозата за покачен крвен притисок и со неговата примена се намалува непотребното лекување на оние луѓе кои немат покачен крвен притисок во суштина.  Истотака, покажано е дека тој е супериорна метода за да се предвидат компликации од истиот.

Кога е потребно амбулаторно мерење на крвниот притисок?

  • Гранична хипертензија
  • Варијабилен притисок
  • Кога се сомневаме на Бел мантил хипертензија
  • Резистентна (отпорна на терапија) хипертензија
  • Хипертензија во бременост
  • Хипертензија кај постари лица
  •  хипотензија при станување
  • Како водич во лекувањето на хипертензијата
  • Како прогностичка алатка за кардиоваскуларни компликации 

За компанијата

Др.Маја Шушлевска Павковска е специјалист интернист, кардиолог со повеќегодишно искуство во интерната медицина, пред сè кардиологија. Има завршено медицински факултет и специјализација по интерна медицина на медицинскиот факултет во Скопје, а своето стручно искуство го надградува со учество во бројни симпозиуми, школи и конгреси во регионот и пошироко. Др.Шушлевска Павковска пред оснивањето на сопствената ординација ја раководеше првата приватна ординација по интерна медицина и кардиологија во Скопје 11/2017 – 10/2020, основана од др.Јосиф Наумовски, истакнат кардиолог од клиниката за кардиологија при медицинскиот факултет во Скопје и еден од основоположниците на лабораторијата за катетеризација на клиниката.

Во ординацијата е овозможена целосна кардиоваскуларна проценка на пациенти со ризик за срцеви заболувања и веќе стекнати срцеви болести со помош на дијагностички методи како екг, базична и напредна ехокардиографија, коронарен стрес тест, васкуларен доплер, стрес ехокардиографија и холтер екг. Истотака се одредува и потребата од дополнителни дијагностички методи како, перфузиона сцинтиграфија или коронарографија, а по потреба пациентите се испраќаат и на кардиохирургија. Кај пациенти кои имаат кои имаат срцева слабост, хемодинамско оптоварување на срцето кое се манифестира со заболување и на белите дробови, како и кај одредени воспалителни или акутни заболувања на белите дробови, се изведува ехо на белите дробови.

Исто така др.Шушлевска има долгогодишно искуство во ултразвучно испитување на стомакот и внатрешните органи (црниот дроб, жолчката, бубрезите, панкреасот, мочниот меур и простатата) со прецизно одредување на васкуларни промени на аортата и бубрежните артерии. Кабинет за тироидна жлезда – долгогодишно искуство во дијагностицирање, третман и следење на заболувањата на тиродната жлезда: хипотиреоза, хипертиреоза, тироидна очна болест, болести на тиродната жлезда во бременост, бенигни и малигни болести на тироидеата. Болести на метаболизмот – долгогодишно искуство во дијагностицирање и терапија на пред - дијабет, дијабет тип 2 и тип 1, со симултан скрининг за оштетувања на малите и големите крвни садови (микро и макроангиопатии).

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.