Релакс задоволство во Катлановска Спа! До 54% попуст на пакет по избор: мануелна лимфна дренажа, термо минерална бања, масажа со вулкански камења, тандем сауна и релакс масажа на цело тело или спа капсула пакет

Цена од

399 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

860 ден.

Попуст

54%

Заштеда

461 ден.

Купени: 215

Добивате

Опции на понудата:

Мануелна лимфна дренажа (времетраење: 60 мин) 1,500 ден. 899 ден.
Термо минерална бања во приватна када + сауна (времетраење: 60 мин) 860 ден. 399 ден.
Термо минерална бања во приватна када + кислородна спа капсула (времетраење: 60 мин) 860 ден. 399 ден.
Масажа со вулкански камења + сауна (времетраење: 90 мин) 2,400 ден. 1,299 ден.
Тандем сауна и релакс масажа на цело тело (времетраење: 90 мин) 3,400 ден. 1,999 ден.
Спа капсула пакет од 10 третмани (времетраење на еден третман: 30-40 мин) 5,400 ден. 2,500 ден.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 15.12.2019 до 29.02.2020
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација 5-6 дена претходно
  • Секој корисник добива бањарка и пешкир
  • Доколку не го посетите центарот во зажаниот термин, купонот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат
  • Бањата работи секој ден од 07:00 до 21:00 часот, освен понеделник од 07:00 до 17:00 часот
  • Катлановска Спа не работи од 31.12 - 08.01.2020 

Опис

Пролетта, 540 година кога верниот генерал Белисариус се доближи до Катланово немаше големи очекувања. “Чумата не бира ни по род, ни по заслуга” - се обеспокојуваше. Кога пред три месеци го остави својот цар Јустинијан Први во бањата, тој беше половина поминат на другата страна...Ноќта кога го викнаа во Царската палата, тој за прв пат го виде царот како човек. Потемнет во очите и усните, токму како што тоа можеше да се види и кај болните во најсиромашните маала на Константинопол, царот му даде знак да пријде. “Однеси ме дома” - му шепнаа посивените усни - Ако можам да закрепнам, можам единствено во Македонија”...

Патот кој верниот Белисариус двапати го врвеше не беше кус. Но тој не беше ништо во споредба со тоа колку долга му се чинеше патеката од мостот на Пчиња до дрвената крепост на бањата. Со симнат шлем и подготвен в раце да го земе најтешкиот товар, цар- ската круна која требаше да ја врати во Константинопол, Белисариус застана пред двокрилната порта. Кога тешките балвани мрднаа, утринското сонце се проби од другата страна и удри силно во неговото лице. Како што се ширеа портите, така се ширеше вербата на Белисариус во зборовите на Јустинијан Први: “Катланово е котелот каде сонцето се раѓа. Ако нешто може да ме излечи, тогаш тоа е таму, помеѓу сонцето и водата”. Таму, низ карпата, земјата и дрвјата кои се топеа под утринските зраци, низ испарувањата на водата во која вриеше карпата и карпата во која вриеше водата, го здогледа во целиот сјај и беспрекорна мажественост својот господар. Flavius Petrus Sabbatius Justinianus или Јустинијан Први, стоеше пред него со раширени раце и насмевка која велеше “Ти реков!”. 

Мануелна лимфна дренажа

Лимфна дренажа е механотераписка процедура со која се врши елиминација на вишокот на екстраклеточна течност и штетни метаболни продукти кои во неа се наоѓаат. 
Мануелната лимфна дренажа преку специфични движења кои ритмично се повторуваат, рамномерно зголемувајќи и намалувајќи го притисокот ја зголемуваат проточната способност на лимфните садови. Таа претставува метода за елиминација на токсините од телото.
Со мануелна лифна дренажа во Катлановска Бања се третираат и следните индикации: чистење и детоксикација на организмот, регенерација на ткиво после опекотини и лузни,  редукција на целулит преку апсорпција на масни молекули, намалување на брчки преку стимулација на лицевите
нерви, стимулација на имуниот систем, длабока релаксација и ослободување од стрес, проширени вени, спортски повреди, главоболка, акни, стрии и растегната кожа после породување. Истата се изведува од страна на сертифицирани физиотерапевти за мануелна лимфна дренажа.
 

Масажа со вулкански камења

Древна терапија во која се употребуваат топли базалтни камења од вулканско потекло кои содржат геотермална енергија. Благотворно делуваат на мускулите, нервниот систем и ја зголемуваат животната енергија.

СПА капсула

Сува кислородна капсула во комбинација со: оксигено, хромо, арома, вибро и музикo терапија. Модерен третман за релаксација, детоксикација, регенерација и слабеење. 
Помага при релаксација, детоксикација, подобрување на сонот, подобрување на состојбата на кожата, лекување настинка. 

Релакс масажа

Катлановската релакс масажа е единствена техника настаната како плод на искуството на врвните масери и физиотерапевти. Комбинацијата од релаксирачка масажа и истегнување, благотворно делува на намалување на болките. Истовремено ја зголемува подвижноста и ја подобрува циркулацијата.

 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.