Ноември во Кипар (03.11-06.11.2019)! 20% на четиридневен аранжман од 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* + вклучен авионски превоз од ТА Ноа Турс во вредност од 15 438 ден. по цена од 12 338 ден.

Вредност

15438 ден.

Попуст

20%

Заштеда

3100 ден.

Преостанато време

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

| Остануваат: 10

  • ул. Наум Наумовски Борче бр. 50-2/7

    Одведи ме таму

    02 3077 957, 077 993 903

    info@noatours.mk

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Директен лет на релација Скопје - Ларнака - Скопје со авикомпанија Wizz Air
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака - хотел - аеродром Ларнака
  • Сместување во хотел 3* со појадок
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Купи зделка од Дестинација Македонија со Mastercard и доби бонус! Бонусот ќе ти биде автоматски префрлен во твојата Grouper торбичка. Дознај повеќе тука!

Услови

  • Купонот може да се искористи од 03.11.2019 до 06.11.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.  
  • По купување на купонот потребно е купоните да ги препратите на емаил на агенцијата и да ја посетите Ноа Турс за да потпишете договор за патување.  
  • Доплати: 
  • Аеродромски такси по лице - 2.460 денари (задолжително) 
  • Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm) - 2.400 денари за двата правца
  • Туристичка такса - 280 денари по соба за 3 ноќи (1,5 евро по ноќ по соба)
  • Патничко осигурување 150 денари
  • Факултативна посета на Фамагуста со локален водич и трансфер - 35 евра / Деца од 2-12 години: 20 евра
  • Факултативна целодневна посета на градот Аја Напа со пратител и трансфер - 20 евра
  • Важат општите услови на СКТМ и организаторот на патувањето ТА Ноа турс

Опис

Островска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес - kyparissos, од грчкиот збор кану - kypros, или по латинскиот назив за бакар - Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент.

1 ден: (03.11.2019 - недела) - СКОПЈЕ - ЛАРНАКА - КИПАР

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:45 часот. Полетување за Ларнака во 13:45 ч. Пристигнување во Ларнака во 17:05 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за активности по желба.

Ноќевање. 2 ден: (04.11.2019 - понеделник) - ЛАРНАКА

Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака е најстариот град на Кипар или неговата ,,душа”. Со богата историја која датира од пред 10.000 години Ларнака е ,,душата” на Кипар. Централно поставена има многу лесен пристап до и од сите региони долж островот. Денес модерен космополитски град , подеднакво убав и како град и како ресорт.
Once you fall in love with Larnaka, you will discover for yourself why both flamingos and visitors always return to their favourite Mediterranean region

Факултативна посета на Фамагуста, крајбрежниот град во Ларнака - Патување што Ви дава можност да го посетите прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и да одите што е можно поблиску до оградениот и запечатениот дел од градот кој е познат низ целиот свет како „град на духови“. Посетатa на манастирот Свети Барнабас, основачот на кипарската православна црква и античкиот град-кралство Саламис. Следната станица е стариот центар на градот Фамагуста, за да ги видите венецијанските ѕидови во стариот дел од градот и посета на готската црква на Свети Никола и замокот Отело. Последната станица ќе биде плажата сместена веднаш до „Градот дух“, долг дел од златниот песок со кристално чиста вода. Правото место да се освежите после разгледување. Можност за слободни активности и прошетка на преубавите песочни плажи на Ларнака како и можност за капење. Враќање во хотел. Слободни активности.Ноќевање.

3 ден: (05.11.2019 - вторник) -  АЈА НАПА 

Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден во градот Аја Напа. Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach - долга 1 км и Nissi Beach - долга 2 км. Враќање во хотел. Слободни активности.  Ноќевање.

4 ден: (06.11.2019 - среда) - ЛАРНАКА - СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За денешниот ден, наш предлог е целодневна прошетка и реалксирање на преубавите плажи, барови, како и многуте шопинг продавници. Индивидуално враќање во хотел и слободно време. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 14:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 17:45 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 19:05 часот локално време.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.