Почести се добра книга! До 40% попуст на трилер, историски или детски роман по избор од Bata Press

Цена од

270 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

400 ден.

Попуст

33%

Заштеда

130 ден.

Преостанато време

Добивате

Опции на понудата:

Градот и градот од Чајна Миевил 400 ден. 270 ден.
Слаткарницата на кривогледиот Џим од Марек Томан 300 ден. 180 ден.
Проклетството на Палмизанови од Рафел Надал 400 ден. 240 ден.
Волшебницата од долниот кат од Марчин Шчигелски 450 ден. 270 ден.
Хотел со големо Л од Шурд Кајпер 350 ден. 210 ден.
Ереб од Урсула Познански 450 ден. 270 ден.
Опасниот мајмун (Неуредните) од Мависел Јенер 450 ден. 270 ден.
Пирати од леденото море од Фрида Нилсон 450 ден. 270 ден.

*Повеќе за книгите прочитајте во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 23.11.2021 до 30.12.2021
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Еден купон важи за една книга, за повеќе книги потребно е да купите повеќе купони
  • Доколку сакате производот да ви биде доставен до домашна адреса потребно е да ги испратите следните податоци на e-mail info@batapress.mk: име, презиме, адреса, телефонски број како и кодовите од купонот 
  • Доставата чини 120 ден и се извршува во рок од 2 до 3 работни денови по процесирањето на истата
  • Можно е подигнување на производите директно од компанијата со претходна најава на 070370295 или 076636082
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени

Опис

1. Градот и градот од Чајна Миевил

Кога во несекојдневниот, остарен град Бесел, некаде на периферијата на Европа, ќе го откријат телото на убиената жена, инспекторот Борлу од Единицата за екстремни злосторства смета дека тоа ќе биде рутински случај. Но како што истрагата напредува, доказите почнуваат да укажуваат на заговори што се многу почудни и повеќе погубни отколку што претпоставуваше. Набрзо истрагата станува преопасна и за него и за оние што му се важни и Борлу мора да ја премине границата каква што не постои никаде на друго место и да отпатува во една метропола на држава која е исто толку чудна колку и неговиот град.

2.Слаткарницата на кривогледиот Џим од Марек Томан

Во слаткарницата на кривогледиот Џим, служат свежо кафе, торти и јајца. Но таму се стекнуваат и книжевни и чи-тателски навики. Откако во градот пристигна библиотекарката Боженка, таа отвори библиотека дури и во затворот и животот го направи поподнослив за најтешките криминалци. Срцата на негативците се насочија кон групните читања и претставувања на литературни дела од Шекспир, Карл Мај, Достоевски, Александар Дима… Дури и нивните вкусови почнаа да се менуваат. Како и да е, оваа хармонија ја наруши Данте Ласицата Шекспир, најголемиот литературен гангстер на сите времиња. Тој им ги украде сите текстови, од класици до распореди. Борбата со дружината книгољупци завршува со победа на згодната чешка библиотекарка. Иако за бунтот против Хабсбурзите таа не успеа да обезбеди поддршка на луѓето од Дивиот Запад, култивираниот дух на нивните литературни средби го облагороди градот.

3. Проклетството на Палмизанови од Рафел Надал

Тој имаше право: црешите повторно ќе расцутат и ќе даваат сочни плодови. повторно ќе се врати времето на црешите, без оглед на драмата, што таму некаде ја проживуваат синовите на проклетата апулија. Пред крајот на Првата светската војна, меѓу маслинките и лозјата во едно зафрлено селце на југот на Италија, две жени одлучиле да ја сменат судбината на тукушто родениот Витантонио Палмизано, надевајќи се дека така ќе го заштитат од семејното проклетство и смртта за време на војна. Како дваесет и прв во редицата машки во фамилијата Палмизано, Витантонио го замениле по раѓањето и го воспитувале како брат близнак на Џована Конвертини, родена истиот ден во една од најбогатите фамилии во Апулија. Витантонио и Џована заедно растеа, врзани со тајната, а војната изгледа како некој далечен, одамна заборавен кошмар. Ама облаците на новата, уште покрвава Втора светска војна се појавуваат на хоризонтот и се закануваат да уништат сè што една храбра и пожртвувана мајка се обидела да зачува.

4. Волшебницата од долниот кат од Марчин Шчигелски

Прекрасна, возбудлива, современа бајка за деца и тинејџери, која ‒ од урбаниот свет на современа технологија ‒ нè враќа низ времето и нè воведува во секојдневието без телевизија, компјутери, паметни телефони. Што може да се прави во градот кога со денови врне дожд? Се разбира: да се јаде пица и да се гледа телевизија и да се кажуваат дијалозите од омилените серии… Ама некогаш животот бара нешто друго. Еден ден, Маја која живееше во град ‒ наместо на летување во странство ‒ мора да отпатува на распуст кај прабабата, на село. Каков малер… Бабуле, живее во сива зграда, има црно-бел телевизор без далечинско, старински кауч што чкрипи… се слушаат некои таинствени гласови и звуци на таванот. Ех, кога барем би можело да поразговара со мачорот… Или макар со некоја верверица. А тука е прастарата бабуле, нејзините гоблени и изгребани стари шолји. И Лажливите Лилии.

5. Хотел со големо Л од Шурд Кајпер 

Кос е тринаесетгодишно момче, што го раскажува најбизарниот период од неговиот живот. Неговата мајка е почината пред неколку години, а неговиот татко има срцев удар во истиот момент кога Кос го постигнува победничкиот гол на турнирот. Додека татко му на Кос е во болница, изгледа дека хотелот што го раководи ќе биде во голем хаос. Но Кос и неговите три сестри немаат намера да дозволат тоа да се случи! Најстарата и најодговорна сестра е Либи. Брик секогаш се облекува во црно и најдобро се чувствува кога се губи во нејзината музика, а пак Пел секогаш е весело расположена и често е облечена во алиштата на мајка ѝ. Сите четворица заедно ќе почнат да го раководат хотелот. По самата природа ова води кон чудни и апсурдни случки. Всушност излезе дека нивниот татко има длабоки финансиски проблеми. Хотелот е пред затворање. Но децата наоѓаат можно решение: треба да се победи на натпреварот за убавина, што има голема парична награда. Можете ли да погодите која е најубавата девојка од сите? Се разбира: Кос.

6. Ереб од Урсула Познански

Ник е опседнат со Ереб, компјутерската игра што во неговото училиште се пренесува од рака на рака. Правилата се многу строги: секој има само една можност да одигра. Притоа мора да биде сам и за Ереб не смее да зборува со никој. Кој ќе ги прекрши овие правила или нема да ги исполни задачите, отпаѓа од игра и повеќе не може да почне пак. Најнеобичниот дел е што задачите на Ереб, мора да се исполнат не во виртуелниот, туку во вистинскиот свет. Кој е всушност Ереб и што бара од играчот? Може ли Erebos, Богот на подземјето да убива? Дали мртвиот автор преку играта што ја измислил имал намера да убие за одмазда?

7. Опасниот мајмун (Неуредните) од Мависел Јенер

Почитуван читателу, ако сакаш, можеш да ги промениш сите имиња во книгата… или да ја читаш без да ги промениш. Ти одлучи! Градот на неуредните може да е многу далеку, но и многу блиску до местото каде што живееш…Еден чуден човек со мајмун дојде во Градот на неуредните. Едно љубопитно девојче почна да го следи мистериозниот човек. Во меѓувреме, како што таа го следеше, почнаа да се случуваат чудни работи во градот. Кој е тој мистериозен човек?Мависел Јенер почнала да пишува уште во раните тинејџерски денови. Денес таа е една од најпознатите авторки за деца и има напишано преку сто книги за деца и тинејџери. Во 2018 година беше во потесен избор за реномираната литературна награда „Ханс Кристијан Андерсен“.

8. Пирати од леденото море од Фрида Нилсон

„Твојата сестра ја нема. Така се случува со оние што ги грабнува белоглавиот. Тие… повеќе не постојат.“ Тој ден кога пиратите ја грабнале сестричката на Сири, нивниот капетан – Белоглавиот, добил противник на кого не сметал. Сири се осмелила да го направи тоа на што порано никој друг не смеел ни да помисли – да тргне храбро во потрага по озлогласениот пират и неговиот таинствен рудник на дијаманти. Иако се плашела, напред ја водела помислата дека нејзината помлада сестра Мики, која била сама во светот на пиратите, била многу повеќе исплашена од неа. Во „Пирати од Леденото Море“ се појавува студен островски свет населен со сирени, бели волци, сурови луѓе, ловци и опасни пирати. Капетанот Белоглав едри наоколу со својот бел брод, Снежен гавран, и ги пљачкосува жителите на малите острови во Леденото Море. Но за него не се важни златото, среброто и другите скапоцености. Единствениот плен што тој го сака, се мали деца што стануваат робови во неговиот страшен и темен рудник за дијаманти. Нешто најлошо што може да му се случи на едно дете…

За компанијата

Компанијата „Бата прес“ како новинска агенција е основана 1992 година. Во почетоците дејноста беше широка. Во 1996 беше издадена првата книга. Оттогаш, па до 2011 година „Бата прес“ продолжи со издавање книги, претежно од афирмирани македонски автори и преводи на книги од соседството. Од 2011 година дојде до промена на организациската структура на компанијата и беше поставена новата мисија во која главен збор има издаваштвото. Инспирирани од вредноста на книгата, поставена е нова мисија, во која создаваме книги кои ја поврзуваат креативноста на авторите, со желбата за читање на неуморните љубители на книгата. Ние ви нудиме да влезете во еден поинаков свет, создаден од книгите. Нашата визија е да ја подигнеме свеста на младите за вредноста на книгата. Од суштинско значење на Книгоиздателството е да се издаваат книги со висок квалитет. Без разлика дали се работи за белетристика, поезија или некоја документарна книга. „Бата прес“ има визионерска цел да создаде стандард на книгите еднаков на стандардите на најуспешните светски издавачки куќи. Основач и главен уредник на „Бата прес“ од нејзиното основање е Ненад Баткоски. Главен менаџер на компанијата е Филип Баткоски.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.