Остани здрав! 34% попуст на комплетен специјалистички преглед од ортопед  во ПЗУ Мед-х дијагностика по цена од 2999 ден.

img

Цена

2999 ден.

Купени: 1

  • Иван Хаџиниколов 155, Drachevo, North Macedonia

    Одведи ме таму

    076 344 343

    [email protected]

Добивате

Комплетен специјалистички преглед од ортопед 

Услови

  • Купонот може да се искористи од 08.05.2023 до 30.06.2023
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.

Опис

Kога ќе почувствувате болка во мускул, тетива, лигамент или зглоб, побарајте помош од специјалист ортопед.

Речиси 1/4 од населението кај нас има некаква мускуло-скелетна болест. Од симптомите, најчеста е болка во долниот дел од грбот.

Најчесто, причината за болка во долниот дел од 'рбетот се повреди на меките ткива. Овие повреди вклучуваат оштетувања на меѓупршленските дискуси, компресија на нервните корени или неправилно движење на меѓупршленските зглобови.

Болката може да се смета за хронична ако трае подолго од 3 месеци. Повеќето мускуло-скелетни повреди се не-хируршки, така што сѐ освен скршеници може да се третира во нашата специјалистичка амбуланта по ортопедија, вклучително и дијагностика на нервни болки.

Првото нешто кое специјалистот за болка ќе го направи е подобро да ја разбере Вашата болка. Третманот на ортопедската болка е ефикасен само ако дијагнозата е точна.

Специјалистот ортопед најдобро разбира од каде доаѓа болката и кој е најдобриот начин за нејзино третирање. Тој ќе понуди најминимално-инвазивни и најконзервативни можности за ублажување на болката, независно дали потекнува од:

  •  грбот и вратот
  •  рамената
  •  колената
  •  колковите
  •  лактите
  •  стапалата и глуждовите
  •  дланките

За компанијата

Историја на поликлиниката Дијагностичкиот центар Мед – Х официјално започнува со работа од 28.08.2010 година.

Најпрвин почнавме со рентген и ехо дијагностика, а потоа во 2011 година се проширивме со компјутерска томографија од отворен тип.
Од 2012 година почнуваме со MRi дијагностика и мамографија. Во 2013 година го отворивме центарот за болка и физикална терапија и прераснавме во поликлиника и центар за болка. Но тука не застана нашето проширување и во 2015 година ја збогативме нашата поликлиника со интернист кардиолог. Во 2020 година отворивме консултантска амбуланта за неврохирургија. Нема да застанеме овде туку имаме нови проекти кои сакаме да ги реализираме за да го направиме животот на сите подолг и полесен.

Секојдневно работиме за да го задржиме приматот на лидери во услугите во приватното здравство во регионот. Но, и да се унапредува нивото на здравствените услуги и целокупниот здравствен систем. Професионалноста во работата на персоналот е синоним на работната култура, која создава институција вредна за почит, затоа што е чекор напред од останатите.

Секој пациент е во центарот на нашето внимание. Прецизните резултати, нивното лекување, задоволните пациенти и грижата е суштината на сите наши активности. Таа продолжува и по напуштањето на поликлиниката од страна на пациентот. Градиме пријателство со пациентите и тоа е наша и нивна најголема придобивка, која ја оддржуваме во овие години, затоа што решавањето на здравствените предизвици се наша цел.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.