Дестинација Македонија! Одморете на свеж, планински воздух (25.09-20.11.2019)! 26% попуст на ноќевање со појадок за двајца во Конак - Попова Шапка во вредност од 880 ден. по цена од 650 ден.

Вредност

880 ден.

Попуст

26%

Заштеда

230 ден.

Купени: 10

  • Ски центар Попова Шапка

    Одведи ме таму

    070 329 898

    info@konak.com.mk

Добивате

Ноќевање со појадок за двајца во Конак - Попова Шапка

Услови

  • Купонот може да се искористи од 25.09.2019 до 30.11.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Доплата: туристичка такса од 40 ден. по лице од ден
  • Задолжителна е претходна резервација на телефон пред да ги купите купоните
  • По купување на купонот потребно е да ги испратите купоните на емаил за да ја потврдите резервацијата
  • Понудата важи само за планинарскиот дом, но не за хотелот

Одберете Тим Билдинг патување во Дестинација Македонија! Пополнете ја оваа ФОРМА и ние ќе ви ја испратиме најдобрата понуда!

Потребна ви е фактура? Нема проблем. Има 2 начини.

  • Купете ги купоните со картичката од вашата фирма и пишете ни на invoicing@grouper.mk
  • Сакате да платите преку e-banking? Побарајте про-фактура на invoicing@grouper.mk
  • Во маилот навете ги следните податоци: име и адреса на вашата команија, корисничко име на Grouper профилот, линк од зделката и број на купони.

Опис

Grouper интересни факти за Попова Шапка

  • Според легендата, невообичаеното име на ова место настанало некогаш одамна кога некој поп си ја изгубил шапката. Попот, заедно со селаните, долго ја барале шапката, но не успеале да ја најдат. Во еден момент еден од селаните на шега извикал дека шапката е на врвот, бидејќи тој личел на поповата шапка. Попот шапката не си ја нашол, но името на регионот останало.
  • Во 1934 година на надморска височина од 1.710 метри на Попова Шапка е изграден првиот планинарски дом.
  •  Во 1947 година првпат е одржан Шарпланински куп – скијачка манифестација најстара на Балканот. 
  • Поклониците на екстремните спортови што трагаат по атрактивни скијалишта низ целата планета го ставаат скијањето на Шапка и регионот Лешница во ранг со Хималаи.

Конак

Претставува  современ планински објект заснован на традиционален изглед. Се наоѓа на Шар планина на скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 м.н.в. Поволна географска положба релативно блиску од Тетово 18 км и Скопје 55 км  главниот град на Република Македонија прави да биде посетен од голем број на туристи како во летната така и во зимската скијачка сезона.Особено задоволство ќе ви даде  внатрешноста на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен  поглед на скијачките терени. На платото пред домот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број на сончеви денови кои се главна карактеристика на скијачкиот центар Попова Шапка.

Ресторан

Ресторанот воодушевува со својот раскошен ентериер изработен од дрво и камен. Врвната услуга, прекрасниот амбиент исклучително добра храна и поволни цени ви овозможуваат да поминете незаборавни мигови во нашиот ресторан. Ресторанот се наоѓа на првиот кат од објектот и располага со внатрешна сала со капацитет од 50 гости и надворешна летна тераса со капацитет од 100 гости. Повелете на појадок, ручек или вечера во топол амбиент каде мирисот и вкусот создаваат магија.

Ски кафе

Ски кафето во склоп на ”Конак”  изминатите десет години работи во текот на целата година и со право го добива епитетот најпопуларно место на Скијачкиот центар Попова Шапка.  Преку ден може да се опуштите во топол амбиент со широк асортиман на топли напитоци и освежителни пијалоци или да престојувате на сончевата тераса која има јужна ориентација со отворен поглед кон скијачките терени и целосен преглед на најпознатиот скијачки терен "Церипашина".

Кога и да ја посетите Попова Шапка ”Конак” е тука за вас 365 дена во годината. Дојдете и уверете се зошто сме најпосетено место на Попова Шапка.

Сместување

Сместувачкиот дел на ”Конак”  се состои од планинарски и хотелски дел. Во планианрскиот дел на распоилагање се пет планианрски соби со кревети на кат кои користат заедничко купатило и се доста погодни за планианри и палнианрски групи.

Хотелскиот дел го сочинуваат 12 соби со сопствено купатило опремени со удобни кревети кои пружаат удобен и мирен сон и заедно со планинскиот воздух прават многу брзо да се чуствувате одморни и наспиени. Во склоп на хотелскиот дел се наоѓа и сауна која е на располагање на гостите.

Оринетацијата на собите е јужна со отворен поглед кон скијачките терени на Попова Шапка.

Самата местоположба на објектот на самите скијачки терени нуди можност за брз и лесен пристап кон самите терени. 

Било да сте љубител на скијањето, природата или едноставно сакате да уживате на Попова Шапка во ”Конак” секогаш ќе ве пречекаат гостопримливи и добри домаќини.  

Ве покануваме да го поминете Вашиот одмор или викенд во ”Конак”.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.