Дестинација Македонија! Доживејте ја автентичноста на Кратово (25.09-20.11.2019)! 38% попуст на ноќевање со појадок во Хотел Кратис во вредност од 1426 ден. по цена од 890 ден.

Добивате
Понудата е по лице и вклучува едно ноќевање со појадок во Хотел Кратис
Услови
- Купонот може да се искористи од 25.09.2019 до 20.11.2019
- Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- За резервација на соба потребно е да престојувате 2 лица, т.е. да купите 2 купони
- Задолжителна е претходна резервација
- По купување на купонот потребно е да ја потврдите резервацијата
- Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој
- Превозот не е вклучен во понудата
Одберете Тим Билдинг патување во Дестинација Македонија! Пополнете ја оваа ФОРМА и ние ќе ви ја испратиме најдобрата понуда!
Потребна ви е фактура? Нема проблем. Има 2 начини.
- Купете ги купоните со картичката од вашата фирма и пишете ни на [email protected]
- Сакате да платите преку e-banking? Побарајте про-фактура на [email protected]
- Во маилот навете ги следните податоци: име и адреса на вашата команија, корисничко име на Grouper профилот, линк од зделката и број на купони.
Опис
Хотел Кратис
ХОТЕЛ “КРАТИС” Кратово – е угостителски објект во туристичката мапа на Република Македонија. Се наоѓа во центарот на градот Кратово прочуен како град на кулите и мостовите. Кратово претставува идеално место излез од секојдневието и уживање во опуштена атмосвера како и за запознавање на типичната староградска македонска архитектура преку организирани прошетки и посета на локалните знаменитости со културно историско значење. Хотел Кратис претставува спој на традиционалното со модерното, спој на руралното со урбаното, спој на квалитетот со професионализмот!
Кратово е мал живописен град во Северо-Источниот дел на Македонија, познат е како град жив музеј, има блага и пријатна клима, и лоциран е во кратерот на изгаснат вулкан, од каде што произлегува неговото име. Кратово за време на Римското царство бил познат под името Кратискара, и бил богат град со неколку рудници на злато и многу дуќани каде што се продавало излеаното злато во форма на монети и златен накит.
Кратово е град на кулите, мостовите, римските рудници, старата чаршија, град на прекрасни цркви и манастири изградени уште во 14 век, Кратово е град на Св. Горѓи Кратовски, и е еден од најстарите градови во Македонија. Нечепнатата природа, чистиот воздух, старата архитектура, културно-историските знаменитости, гостопримството и посебната Кратовска кујна, го вбројуваат оваа гратче во една од најпосакуваните и најпосетувани туристички дестинации во Македонија.
Хотел Кратис Ви стои на располагање за да го збогати Вашиот престој во Античкиот град Кратово, преку организирање на посети на многубројните прастари градби и знаменитости во самиот град и во неговата околина.
Grouper интересни факти за Кратово
- Кратово е познат како град на мостови и кули.
- Речиси за секој објект во Кратово постојат легенди кои старите жители ги пренесуваат од колено на колено и вреди да ги слушнете кога ќе го посетите.
- Лоциран е на западното подножје на планината Осогово, во кратер на изгаснат вулкан.
- Кулите во Кратово потекнуваат од средновековниот и турскиот период и се гордост на градот.
- Архитектурата на Кратово е карактеристична по типичната староградска македонска архитектура.
- Поради многу длабоките и стрмни клисури на речните корита, уште од стари времиња во Кратово биле изградени вкупно 17 мостови. Иако се градени во различни периоди, сите се ѕидани на ист начин и во ист стил. Денес на Кратовска Река се сочувани 4 камени, еден дрвен и еден бетонски мост кои се заштитени со закон.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.