Уживајте во традиционален амбиент оваа есен! 42% попуст на ноќевање со појадок за две лица во Куќа на Мијаците во Ростуша, Маврово во вредност од 3100 ден. по цена од 1790 ден.

Уживајте во традиционален амбиент оваа есен! 42% попуст на ноќевање со појадок за две лица во Куќа на Мијаците во Ростуша, Маврово во вредност од 3100 ден. по цена од 1790 ден.

Вредност

3,100 ден.

Попуст

42%

Заштеда

1,310 ден.

Преостанато време

Купени : 1

  • Етно-ресторан „Куќа на Мијаците“, (Под Бигорски Манастир) Општина Маврово и Ростуша, Македонија

  • 070 378 333

  • kukanamijacite@gmail.com

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 08:00 - 22:00 Саб-Нед: 08:00 - 22:00

Добивате

Ноќевање со појадок за 2 лица во Куќа на Мијаците

*Со овој купон добивате и 20% попуст на услугите во ресторанот


Услови

  • Купонот може да се искористи од 07.11.2017 до 15.12.2017
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Понудата може да се користи од недела до четврток!
  • Задолжителна е претходна резервација!
  • Доплати:
  • За дете од 0-7 год. сместувањето е бесплатно
  • За дете од 7-14 год. се доплаќа 895 ден.
  • Сите доплати се вршат директно во Куќа на Мијаците

Опис

Познатото славјано-македонско племе Мијаци, коешто е еден од главните етнички супстракти на македонскиот народ, во минатото ги населувало главно пределите на областите Горна (Голема) и Долна (Мала) Река, распо- редени североисточно од градот Дебар и опкружени од планините Љуботрн, Шар-Планина, Кораб, Бистра и Стогово, но нивниот животен простор ги зафаќал и селата од етно-географската област Дримкол, сè до Вевчани, Струшко. Меѓутоа, Мијаци имало и надвор од овие области. Така, Мијаците ги населувале и Смилево (Битолско), Папрадишта и Ореше (Велешко), Ехлоец и Лавчани (Кичевско), Крушево и др., а во мијачките села спаѓаат и Маврово, Леуново и Никифорово. Со текот на времето, како по- знати печалбари, Мијаците во голем број се населиле и во Солун, Битола, Скопје, Бугарија (Лом, Видин, Свиштов, Софија и на други места). Денес најголемиот дел од Мијаците е раселен насекаде по нашата Татковина, но и во светот. Сепак, еден значителен дел останал да живее во своите историски предели. Од овој славен род се и денешните Македонци што живеат во селата од околината на Река, кои во текот на османлиското ропство ја примиле мухамеданската вероисповед. Се смета дека славното мијачко племе, коешто ги дало нашите најистакнати црковни, просветни, културни и општествени дејци, потекнува од некој древен царски или благороднички род. Во прилог на оваа претпоставка е и високоразвиената духовна и ма- теријална култура на Мијаците. Низ историјата тие се одликува-ле со највозвишените човечки карактеристики: вера, благочестие, родољубие, целомудреност, ученољубивост, трудољубие, храброст, решителност. Напојувани од бистрите води на православната христијанска вера, тие оставиле голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура. Како мошне добри еснафи, трговци, печалбари, работници, уметници, Мијаците умееле да го впијат најдоброто и најубавото од различните култури со кои се среќавале, и наученото да го воплотат во својот секојдневен живот. На тој начин се создала една посебна мијачка култура, којашто се карактеризира со високи естетски дострели. До ден денес надалеку се прикажува за посебно убавата мијачка архитектура, за уникатната, аристократска мијачка носија, за длабоките по значење, народни мијачки обичаи... А тука е, секако, и традиционалната мијачка храна, препознатлива по гурманскиот префинет вкус. Нашата Куќа на Мијаците, изградена потполно во стилот на мијачката градителска традиција, има за цел да го доближи до Вас духот на мијачката култура од секој аспект: местоположба, амбиент, историја, храна. Уживајте во престојот и во духот на славното мијачко минато!

Куќа на Мијаците се наоѓа веднаш под Бигорски манастир препознатлив по својата богата историја. Повеќе за Бигорски Манастир може да прочитате на следниов ЛИНК.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ