#СедиСиДома #ЧитајЛицевЛице и биди хуман! Печатена или електронска верзија на актуелниот број 39 на уличното списание за одржлив развој: Лице в лице

Цена од

100 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Купени: 19

Добивате

Печатена или електронска верзија на актуелниот број на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“ 

*Со секоја нарачка на списанието, половина од сумата ќе биде искористена во набавка на производи за продавачите на Лице в лице!

Услови

  • Купонот може да се искористи од 04.04.2020 до 16.05.2020
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Доколку сакате списанието во печатена верзија да ви се достави испратете email на компанијата со податоците за достава: купон код и пин код, име и презиме, адреса и телефонски број (или контактирајте телефонски)
  • Доставата не е вклучена во цената (истата е на трошок на примачот: 100 ден.) и се плаќа при прием на пратката
  • Доколку сакате да добиете електорнска верзија потребно е да ги испратите купонот и пин кодот на емаилот на компанијата

Опис

СОДРЖИНА:

Лице в лице со Махмуд Садик - Насмеаниот Џордан по улиците на Скопје

На­ши­от про­да­вач со ра­дост збо­ру­ва за спи­са­ни­е­то. Ве­ли, лу­ѓе­то од ка­фу­ли­ња­та ка­де што ре­дов­но по­ми­ну­ва, и вра­бо­те­ни­те и го­сти­те, му се го­ле­ма мо­ти­ва­ци­ја

Лице во Лице тема - со секој здив сме поблиску до заболување!

До­кол­ку зем­ја­ва са­ка на­ско­ро да му се прик­лу­чи на европ­ско­то се­мејс­тво, ќе мо­ра да нај­де на­чин за на­ма­лу­ва­ње на за­га­ду­ва­ње­то.

Етичката банка не е утопија, туку нужна потреба - Интервју си Горан Јерас, основач на првата етичка банка во Хрватска

Во све­тот што се со­о­чу­ва со кли­мат­ски про­ме­ни и со зго­ле­ме­на не­ед­на­квост на рас­пре­де­лу­ва­ње­то на гло­бал­но­то бо­гат­ство, по­тре­ба­та за по­и­на­ков вид фи­нан­си­ра­ње, за ал­тер­на­ти­ва - ни­ко­гаш не би­ла по­у­вер­ли­ва. Етич­ка­та бан­ка транс­па­рент­но ги пре­не­су­ва сво­и­те средс­тва во би­лан­сот на про­е­кти на ре­ал­на еко­но­ми­ја со по­зи­тив­но со­ци­јал­но и еко­ло­шко вли­ја­ние.
 
Репортажа низ призма на режисерката на медена земја, Тамара Котевска - Не постои јас, постоиме ние, запамтете го тоа!

Ка­на­ци­те мно­гу до­бро ја раз­би­ра­ат по­ра­ка­та на на­ши­от филм. Тие се пре­ку­о­ке­ан­ски­те бра­ќа и се­стри на Ати­џе, чи­ја­што су­шти­на на по­сто­е­ње­то е де­ле­ње­то. Ед­ни ме­ѓу дру­ги, ме­ѓу нив и при­ро­да­та.

Писмо до младиот јас - Ѕвездан Георгиевски: Да се биде новинар, па нека боли

Не­кои луз­ни ќе ти оста­нат за­се­ко­гаш, ка­ко не­ка­кви зна­ци на тој пат. Ќе ра­бо­тиш се­што, ќе пре­ве­ду­ваш кни­ги, ќе ор­га­ни­зи­раш кул­тур­ни на­ста­ни, ќе ра­бо­тиш по ви­де­о­те­ки, ќе при­ре­ду­ваш збор­ни­ци, ќе учес­тву­ваш во раз­ни про­е­кти... И се­то тоа са­мо со ед­на цел – да мо­жеш да би­деш но­ви­нар со диг­ни­тет и со до­сто­инс­тво!

ЗА АКЦИЈАТА:

Во оваа вонредна ситуација, продавачите на „Лице в лице“ не се на своите работни места, од разбирливи, превентивни причини.

Но, поддршката, особено сега, им е уште повеќе потребна.
Со секоја нарачка на списанието, половина од сумата ќе биде искористена во набавка на производи за продавачите на „Лице в лице“.
На ваков начин останувате информирани за важни теми од нашето опкружување, и во исто време - давате придонес во зајакнувањето на ранливите сограѓани.
„Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.

Списанието е испечатено на рециклирана хартија, на 64 страници во боја.
Ви благодариме

Детали за испорака

Доставата изнесува 100 ден. и се реализира во рок од 3-5 работни денови.

За компанијата

„Лице в лице“ е улично списание за одржлив развој, единствено во земјава. Излегува од септември 2012 година, и е меѓу пионерските социјални претпријатија во земјава. Продавачи на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. Половина од сумата на списанието (кое чини 100 денари) е директно за продавачот, а останатата половина се гради систем за нивна поддршка (за печатење и за активности кои го подобруваат животот на ранливите групи кои се вклучени во продажбата). 
Промовирајќи го моделот на социјално претприемаштво, списанието врши двојна улога – ги засилува ранливите категории граѓани, но, и ја подигнува јавната свест за прашања што нѐ засегаат сите нас – одржлив развој, социјална економија, социјална вклученост, социјална политика, демаргинализација на групи и на поединци, образование, еколошка свест, културен развој, активизам во уметноста и во културата, општествена одговорност, волонтерство, кои се и дел од темите што се во фокусот на интерес на списанието. 
Списанието излегува еднаш на два месеци, на 64 страници во боја.


Издавач е Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје

Линк до фб акаунт https://www.facebook.com/LiceVLice

Линк до инстаграм https://www.instagram.com/licevlice/
Линк до веб сајт https://licevlice.mk/

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.