Еднодневна посета на Лутраки (бањите со термална вода и разглед на градот) и Воден - градот на водопадите во термин по избор + превоз со ТА MT Травел по цена од 1000 ден.

Цена од

1000 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Купени: 4

  • ул. 11 Октомври бр. 25 (ЗОИЛ Македонија)

    Одведи ме таму

    ‎02 32 32 597, 070 249 049, 070 353 233

    mt.travelprevoz@yahoo.com

Добивате

Опции на понудата:

Термин 22.09.2019 1,000 ден. (16 еур)
Термин 29.09.2019 1,000 ден. (16 еур)
Термин 11.10.2019 1,000 ден. (16 еур)

Понудата е по лице и вклучува

  • Посета на Лутраки 
  • Посета на водопадите и градот Воден.
  • Превоз на наведената релација 
  • Организација и водство на патувањето.
Купи зделка од Дестинација Македонија со Mastercard и доби бонус! Бонусот ќе ти биде автоматски префрлен во твојата Grouper торбичка. Дознај повеќе тука!

Услови

  • Купонот може да се искористи од 13.09.2019 до 11.10.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Поаѓање во 05:00 часот од паркингот кај Хотел ВИП (спроти Скопски Саем)
  • Превозот е вклучен во понудата
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во ТА МТ Травел да направите резервација на телефон или е-маил
  • По купувањето на купонот јавете се за потврда на резервацијата
  • Доколку не го искористите купонот на наведениот датум, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат
  • Важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. МТ Травел
  • Влез од 2 евра за користење на бањите кој се плаќа на лице место
  • Задолжително патничко осигурување

Опис

Пожарско или на грчки Лутраки е село во Мегленско односно во Егејска Македонија. Под името Пожар тоа било познато до 1922 година. Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, на само 13 километри од градот С’ботско. Лутраки е претставен како дар од природата кој е опколен со бујна вегетација, бројни манстири, потоци, а најпознати од се се топлите бањи.Тука во Лутраки топлите бањи се со температура на водата од 37 до 38 степени Целзиусови.Водите се лековити и се препорачуваат за болни од ревма, ишијас, бронхит, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулаторни и респираторни нарушувања. 

Воден или на грчки Едеса е град во Егејска Македонија, северозападно од Солун. Тој во минатото, односно до 1923 година бил познат како Водена или Воден. Преку железничката пруга, Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, а на југоисток со Солун. Главен белег на Воден е водопадот Керано или некои како што знаат да кажат Керанос. Тоа е водопад каде што водата паѓа од околу 70 метри висина. Подрачјето околу водопадот во минатото не било добро организирано и средено, но благодарение на Воденската општина денес околу овој водопад има уреден парк кој нуди бројни погодности за сите гости. 

Опис на патувањето:
Поаѓање од паркинг наспроти скопски саем кај хотел Вип во 05:00 часот. Собирае на група 04:45. Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за царински формалности и одмор. Предвидено време за пристигнување во Лутраки до 10 часот. Слободно време за индивидуални активности како и можност за користење на бањите. Во попладневните часови во договор со групата се упатуваме кон Воден. Посета и разглед на водопадите. Слободно време за прошетка и разглед на градот. Во 17:00 поаѓање за Скопје.Посета на  Free shop.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.