Дестинација Македонија! Уживајте во убавините на Берово во Октомври! До 15% попуст на наем на сместување по избор: двокреветна соба, трокреветно или четворокреветно студио или апартман во Малешевска куќа

img

Цена од

1200 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

1400 ден.

Попуст

14%

Заштеда

200 ден.

Преостанато време

  • ул. Маршал Тито бр.130 - Берово (до ресторан МРС)

    Одведи ме таму

    075 488 714

    [email protected]

Добивате

Понудата е за наем на цело сместување по избор

Опции на понудата:

Ноќевање во двокреветна соба (макс. 2 лица) 1,400 ден. (23 еур)
1,200 ден. (19 еур)
Ноќевање во трокреветно студио (макс. 3 лица) 2,000 ден. (32 еур)
1,700 ден. (27 еур)
Ноќевање во четирикреветно студио (макс. 4 лица) 2,400 ден. (39 еур)
2,100 ден. (34 еур)
Ноќевање во апартман (макс. 5 лица) 2,800 ден. (45 еур)
2,500 ден. (40 еур)

*Потребно е да престојувате минимум 2 ноќи, односно да купите минимум 2 купони

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.10.2022 до 31.10.2022
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација 
  • По купување на купонот, потребна е потврда на резервација со испраќање на купонот на маил [email protected] 
  • Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој 
  • Потребно е да престојувате минимум 2 ноќи, односно да купите минимум 2 купони
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Доколку не го искористите купонот се следат општите услови за патување
  • Откако зделката е завршена, рокот е поминат или резервацијата е направена средствата за истиот не може да бидат рефундирани

Опис

За Малешевска куќа

Двокреветната соба располага со сопствена бања, ТВ, Wi-Fi и балкон (без кујна). Трокреветното и четворокреветното студио се со сопствена бања, ТВ, Wi-Fi и балкон и опремена кујна. Двата апартмани на "Малешевска куќа" се новоградба, модерни опремени и со големина од 45м2. Во еден апартман може да се сместат најмногу 5 возрасни или 4 + 2 деца. Располага со дневна, спална соба, (2 брачни кревети и еден единечен) целосно опремена кујна, купатило со туш кабина и балкон.

Берово е најголемата природна воздушна бања во Македонија. Се наоѓа на околу 850 метри надморска височина, со чист воздух, свежина и убавина, во срцето на Малешевските планини, Огражден и Пирин планина. Познато е по производството на здрава храна. Најпознат е беровскиот мед, беровските слатка од шумски јагоди, капини и малини. Тука се произведува и прочуеното беровско сирење кое што има освоено врвни европски признанија и награди. Не помалку познати се и беровските компири, какои познатата малешевска ракија од модри сливи која што е неизбежна во секој дом во Берово. Од чаевите со лековити својства, најпознати се мајчина душица и кантарионот, како и беровскиот сируп што лекува бронхитис и ги прочистува дишните патишта. Според експертите, најголема концентрација на космичка енергија и кислород на Балканот има токму во Берово. Поради ова не напразно се вели: "Дојди во Берово ако сакаш за кусо време комплетно да се регенерираш. Ќе бидеш како нов!".

Берово е мелем за очите и рај за душата, недопрена природа што само чека да биде искористена. Многумина го нарекуваат и нашата "воздушна бања" бидејќи дишењето таков чист воздух опкружен со чиста природа е вистинско задоволство и релаксирање. Берово е сместено на надморска висина од 670 до 1050 метри. Сместен е онаму каде што реката Брегалница навлегува во Малешевската висорамнина веднаш после клисурата од двете страни на реката. Оваа дестинација е се повеќе интересна и посетувана од туристите, а гости од кај нас и странство го посетуваат овој град во текот на целата година.

Grouper интересни факти за Берово

  • Берово е најголемата природна воздушна бања во Македонија. 
  • Се наоѓа на околу 850 метри надморска височина, со чист воздух, свежина и убавина.
  • Берово е најпознат по беровскиот мед, беровските слатка, мед, чај, природните сокови и малешевска ракија од модри сливи.
  • Берово поради поволната клима е најголем производител на природна и квалитетна здрава аронија.
  • Во Берово се произведува и прочуеното беровско сирење кое што има освоено врвни европски признанија и награди. 
  • Според експертите, најголема концентрација на космичка енергија и кислород на Балканот има токму во Берово. Поради ова не напразно се вели: "Дојди во Берово ако сакаш за кусо време комплетно да се регенерираш. Ќе бидеш како нов!".
  • Во Берово се наоѓаат и манастири кои датираат од 1815 год. 
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.