Дестинација Македонија! Уживајте на чист воздух во прекрасното Берово (24.09 - 31.10.2018)! До 38% попуст на 1, 2 или 3 ноќевања во двокреветна соба, трикреветно студио или апартман по избор во Малешевска куќа, Берово

Дестинација Македонија! Уживајте на чист воздух во прекрасното Берово (24.09 - 31.10.2018)! До 38% попуст на 1, 2 или 3 ноќевања во двокреветна соба, трикреветно студио или апартман по избор во Малешевска куќа, Берово

img

Вредност

1,300 ден.

Попуст

23%

Заштеда

300 ден.

Преостанато време

Купени : 4

  • ул. Маршал Тито бр.130 - Берово (до ресторан МРС) Берово, Macedonia (Македонија), 2330

  • 075 488 714

  • zvonkopeovski@yahoo.com

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00

Добивате

Понудата е по соба и вклучува ноќевања во сместување по избор во Малешевска Куќа:

Двокреветна соба (2 лица):

  • 1 ноќевање, цена: 1300 ден. 1000 ден. (специјална Mastercard цена: 950 ден.)
  • 2 ноќевање, цена: 2600 ден. 1800 ден. (специјална Mastercard цена: 1710 ден.)
  • 3 ноќевање, цена: 3900 ден. 2400 ден. (специјална Mastercard цена: 2280 ден.)

Aпартман 45 м2 (4 лица + 2 деца до 10 години)

  • 1 ноќевање, цена: 2600 ден. 2100 ден. (специјална Mastercard цена: 1995 ден.)
  • 2 ноќевања, цена: 5200 ден. 4000 ден. (специјална Mastercard цена: 3800 ден.)
  • 3 ноќевања, цена: 7800 ден. 5400 ден.  (специјална Mastercard цена: 5130 ден.)

Студио со кујна за 2 лица + 1 дете до 10 години:

  • 1 ноќевање, цена: 1800 ден. 1500 ден. (специјална Mastercard цена: 1425 ден.)
  • 2 ноќевања, цена: 3600 ден. 2600 ден. (специјална Mastercard цена: 2470 ден.)
  • 3 ноќевања, цена: 5400 ден. 3600 ден. (специјална Mastercard цена: 3420 ден.)

*Цената се однесува за наем на целото сместување

Mastercard Бонус: Купи го овој купон со Mastercard картичка и добиј го по специјална Mastercard цена!

* Разликата ќе ти биде вратена во твојата Grouper торбичка


Услови

  • Купонот може да се искористи од 24.09.2018 до 31.10.2018
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Двокреветните соби се опремени со ТВ, wifi, тераса, бања, фен и греење
  • Студијата и апартманите имаат сопствена комплетно опремена кујна
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Потребно е да престојувате минимум 2 ноќи, односно да купите мин. 2 купони
  • По купувањето на купоните истите потребно е да се испратат на zvonkopeovski@yahoo.com
  • Откажување на резервација минимум 3 дена пред пристигнување, во спротивно средтвата пропаѓаат
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • По истекот на наведениот рок, купоните не се валидни и доколку не се искористат пропаѓа сумата и не може да биде вратена
  • Mastercard е спонзор на кампањата Дестинација Македонија. Секоја зделка купена со Mastercard картичка ја добивате по специјална Mаstercard цена.

Опис

Берово е најголемата природна воздушна бања во Македонија. Се наоѓа на околу 850 метри надморска височина, со чист воздух, свежина и убавина, во срцето на Малешевските планини, Огражден и Пирин планина. Познато е по производството на здрава храна. Најпознат е беровскиот мед, беровските слатка од шумски јагоди, капини и малини. Тука се произведува и прочуеното беровско сирење кое што има освоено врвни европски признанија и награди. Не помалку познати се и беровските компири, какои познатата малешевска ракија од модри сливи која што е неизбежна во секој дом во Берово. Од чаевите со лековити својства, најпознати се мајчина душица и кантарионот, како и беровскиот сируп што лекува бронхитис и ги прочистува дишните патишта. Според експертите, најголема концентрација на космичка енергија и кислород на Балканот има токму во Берово. Поради ова не напразно се вели: "Дојди во Берово ако сакаш за кусо време комплетно да се регенерираш. Ќе бидеш како нов!".

Во Берово се наоѓа стариот манастир "Свети Архангел Михаил", граден во далечната 1815 година, што е неодминлива локација за сите посетители на овој крај. 

Берово е мелем за очите и рај за душата, недопрена природа што само чека да биде искористена. Многумина го нарекуваат и нашата "воздушна бања" бидејќи дишењето таков чист воздух опкружен со чиста природа е вистинско задоволство и релаксирање. Берово е сместено на надморска висина од 670 до 1050 метри. Сместен е онаму каде што реката Брегалница навлегува во Малешевската висорамнина веднаш после клисурата од двете страни на реката. Оваа дестинација е се повеќе интересна и посетувана од туристите, а гости од кај нас и странство го посетуваат овој град во текот на целата година.

За Малешевска куќа

Со цел на гостите да им пружат вистинско уживање на чист воздух, двата апартмани на "Малешевска куќа" се новоградба, модерни опремени и со големина од 45м2. Во еден апартман може да се сместат најмногу 7 лица. Располага со дневна, спална соба, целосно опремена кујна, купатило со туш кабина и тераса.

Ресторан МРС традиционално работи од 1968 година. Трета генерација во овој семеен бизнис кој ги нуди највкусните специјалитети. Ресторан МРС се наоѓа во центарот на градот.

За Берово

Во пазувите на Малешевската котлина, на двете страни на реката Брегалница, на надморска височина од 670 до 1050 метри сместено е градчето Берово. Берово представува "воздушна бања" и е град со највисока концетрација на кислород во воздухот на балканот, со средна годишна температура од 11,1 °С. Малешевската област во која природата истурила едно чудо благодети, природни убавини од кои застанува здивот, тамошните жители и многубројните посетители ја нарекуваат нашата "мала Швајцарија".

Во малешевскиот регион се уште се негуваат и практикуваат традиционалните занаети: копаничарство, кујунџиство и папукчиство. На 7 км. од Берово, се наоѓа Беровоско езеро. Беровското езеро се наоѓа на 986 метри надморска височина. Прекрасната борова и букова шума околу езерото се огледува во езерската вода со што на езерото му ја дава прекрасната зелена боја. Покрај прекрасната глетка, тука има можности за разни спортски активности, за планинарење и за прошетки.

Grouper водич

Во Берово се наоѓа стариот манастир "Свети Архангел Михаил", граден во далечната 1815 година, што е неодминлива локација за сите посетители на овој крај. Тука е и црквата "Света Богородица" која што прославува секоја година на 28 август, а во рамките на прославата од 26- ти до 28-ми август се одржува и Етно фестивал на кој присуствуваат голем број гости од сите страни на светот. Беровското езеро, преполно со риби, е идеално место за рекреација.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ