Заљубете се повторно во Малта (15.02 - 18.02.2020)! 11% попуст на аранжман од 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* + вклучен авионски превоз од ТА Ноа Турс во вредност од 16 678 ден. (269 €) по цена од 14 818 ден. (239 €)

Вредност

16678 ден.

Попуст

11%

Заштеда

1860 ден.

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

| Остануваат: 6

  • ул. Наум Наумовски Борче бр. 50-2/7

    Одведи ме таму

    02 3077 957, 077 993 903

    info@noatours.mk

Добивате

Во понудата е вклучено:

  • Aвионски превоз Скопје - Малта - Скопје со вклучени аеродромски такси 
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
  • Аеродромски такси 
  • Организирани трансфери: аеродром Малта – хотел – аеродром Малта;
  • Сместување во хотел  3* со појадок 
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Услови

  • Купонот може да се искористи од 22.01.2020 до 03.02.2020
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.  
  • По купување на купонот потребно е купоните да ги препратите на емаил на агенцијата и да ја посетите Ноа Турс за да потпишете договор за патување.
  • Доколку не го искористите купонот до предвидениот рок истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат
  • Состанок на групата на скопскиот аеродром во 17:50 часот
  • Доплати: 
  • Доплата за кабински багаж до 10кг  (55 x 40 x 23 cm) - 2.400 денари за двата правци
  • Туристичка такса - 2 € по лице по ноќевање - (се плаќа во агенција)
  • Факултативна посета  на Валета со Трите Града + Рибарско село  и Мдина - 40 €
  • Факултативна целодневна посета на Островот Гозо - 40 евра (ПАКЕТ ЦЕНА ЗА 2 ФАКУЛТАТИВИ 65 €)
  • Патничко осигурување  200 денари
  • Напомени:
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници. 
  • Т.А. Ноа турс го задржува правото во случај на промена на цена на аеродромски такси, хотелско сместување, недоволен број на патници да ја зголеми цената на патувањето или во целост го откаже, но не подоцна од 7 дена пред тргнување 
  • ВАЖНО: Пасошите треба да имаат важност минимум 3 месеци од денот на завршување на патувањето - најмалку до 10 јуни

Опис

Малта, островска земја со уникатна архитектура и богата историја. Земја каде што Витезите на Св.Јован го бранеле христијанството. Малта има богата 7000 годишна историја, испреплетена со секојдневието современиот модерен живот. Сплетот на медитеранското синило и малтешката архитекура секој посетител го пренесуваат од едно мистично минато до модерната денeшница.

1 ден: (15.02 сабота) СКОПЈЕ – МАЛТА: Состанок на групата на скопскиот аеродром во 17:50 часот. Полетување за Малта во 19:50 ч. Пристигнување во Малта во 21:40 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Слободно време за активности по желба. Ноќевање. 

2 ден: (16.02 недела)  ЛА ВАЛЕТА – ТРИТЕ ГРАДА - МДИНА: Појадок. Можност за факултативна посета на Валета, Трите града, рибарско село и Мдина.Почнуваме со факултативен излет  на Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо. По договорено време тргнуваме на излет со фери брод, едно интересно и автентично патување до Трите града („Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea), најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Прошетка низ улиците на Vittoriosa се до видиковецот каде што се нуди поглед на големото пристаниште ( Grand Harbour).Во договорено време, тргнуваме кон преубавото рибарско село Маршахлок каде ќе имате можност да уживате во убавините на ова место како и слободно време за прошетка, кафе, ручек, во преубавите ресторани. Потоа се упатуваме кон централна Малта и посета на стариот главен град на островот  Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 - ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата .Враќање назад во хотел.Слободни активности. Ноќевање.    

3 ден: (17.02 понеделник ) ОСТРОВОТ ГОЗО: Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Главен град на островот е Victoria во минатото познат како Rabat, кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚.Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров.., главниот град … Попладне враќање во хотел.Слободни активности. Ноќевање.

4 ден: (18.02  вторник) МАЛТА - СКОПЈЕ: Појадок во хотел. Одјавување од хотел и слободно време за индивидуални прошетки, кафе, ручек и шопинг во градовите Буџиба, Св. Џулијан, Слиема, Qawra …кои се исполнети со голем број на кафичи ресторани, продавници, маркети.Трансфер до аеродромот во Малта во 13:30 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 15:55 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 17:35 часот локално време. 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.