74% попуст на антистрес масажа на целото тело во Студио Алтернатива во вредност од 1500 ден. по цена од 390 ден.

Вредност

1500 ден.

Попуст

74%

Заштеда

1110 ден.

Купени: 180

  • ул. Исаија Мажовски 44 лок. 6 Ѓорче Петров

    Одведи ме таму

    078 429 295; 02 6150 369

    info@studioalternativa.mk

Добивате

Антистрес масажа на целото тело (времетраење: 50 мин.)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 07.03.2019 до 15.04.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Едно лице може да купи повеќе купони
  • Понудата важи за мажи и жени
Grouper & Mastercard акција на подароци!
Купувај било кои зделки со Mastercard картичка и освој подарок!
Дознај повеќе тука!

Опис

Оригинална, единствена и максимално релаксирачка масажа на целото тело, која претставува комбинација од неколку масажни техники (класична, хавајска, туина, таи и акупресура), што ја прави единствена и уникатно комбинирана масажа која можете да ја доживеете само во Студио Алтернатива. Масажата е наменета за сите оние кои сакаат да почуствуваат длабока релаксација и целосно опуштање, бидејќи го опушта целото тело и сите сетила.

Масажата опфаќа масажа на:

  • Лицето, главата и скалпот
  • Вратот и рамениот појас
  • Градниот кош и стомакот
  • Рацете и нозете, вклучително дланките и стапалата и
  • Грбот

Овозможува подобрен проток на витална енергија во телото, но истовремено и подобрена циркулација на крвта, лимфата и меѓуклеточните течности. Сето ова доведува до подобрен метаболизам и размена на материи, што ја прави одлично средство за детоксикација и прочистување на телото. Започнувајќи ја масажата од значајните точки на лицето и главата, па се до точките на стапалата, предизвикуваме непречен тек на енергијата по меридијаните на телото.

Меридијаните се канали по кои, според теоријата на традиционалната кинеска медицина, циркулира виталната енергија ЧИ, односно биопотенцијалот. Според истата теорија блокадата на овој проток е причина за проблемите и болестите кои се јавуваат. Речиси сите источни техники на масажа и лекување ги користат меридијаните и акупресурните точки, заради што значаен дел од оваа уникатно комбинирана масажа имаат источните масажни техники (туина, таи и акупресура).

Хавајската масажа како течно поврзана и ритмична масажа го интегрира и поврзува целото тело при што ја зголемува подвижноста и виталноста на телото, делувајќи притоа и на духовно и емоционално ниво, што ја прави особено корисна при депресии и други психички и психолошки проблеми. Класичната или шведска масажа пак е основа за медицинска односно терапевтска масажа на деловите од телото каде оваа масажа е потребна.

Соодветната комбинација на сите овие техники ја прави АНТИСТРЕС МАСАЖАТА уникатна, оригинална и максимално релаксирачка за целото тело и духот. Оваа масажа ќе ви овозможи максимална и целосна релаксација, но и едночасовно уживање, како резултат на што е ослободување на секојдневно акумулираниот стрес, што е честа појава во современиот начин на живеење.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Студио, кое ви нуди алтернатива и алтернативен начин на помош. На едно место ќе најдете високо квалитетна услуга, пред се професионална и стручна помош, како и можност за едукација.

Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на врвните услуги, висококвалитетни масажи и техники по европски и светски стандарди. Кај нас масажата е повеќе од допир, повеќе од релаксација, повеќе од површина. Кај нас станува збор за длабочина, стручност, професионалност и квалитет. Нудиме можност да ги почуствувате благодетите на вековните традиции од истокот и западот.

Ви нудиме:

  • Класична - шведска масажа
  • Туи-на кинеска масажа
  • Рефлексотерапија – рефлексна масажа на стапалата и дланките
  • Хавајска масажа - ломи ломи
  • Масажа со топли вулкански камења
  • Бовнова терапија
  • Kineziotaping

Кај нас ќе најдете и можност за едукација. Едукација, која во облик на курсеви ќе ви помогне во вашата професионална определба. Курсевите се наменети за сите оние кои:

  • Сакаат да се едуцираат за профилот – МАСЕР/МАСЕРКА
  • Сакаат да се научат на ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА
  • Веќе се занимаваат со масажи, но сакаат да се надградат и прошират во својот профил
  • Планираат професионално да се занимаваат со масажа, во најразлични салони, установи, домови, wellnes и spa центри

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер со стекната едукација во Р. Словенија. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.