Дозволете си момент на уживање и релаксација во Synergy Fitness & Spa! 51% попуст на масажа по избор: релакс или акупресура масажа, пакет од релакс масажа + СПА или користење на СПА центарот

РАСПРОДАДЕНО

Дозволете си момент на уживање и релаксација во Synergy Fitness & Spa! 51% попуст на масажа по избор: релакс или акупресура масажа, пакет од релакс масажа + СПА или користење на СПА центарот

Цена

390 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

800 ден.

Попуст

51%

Заштеда

410 ден.

Купени : 54

  • ул. 23 Октомври бр. 11а (до Пиом) 1000 Скопје, Македонија

  • 02 244 0005

  • info@synergyfitness.com.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 07:00 - 22:00 Саб-Нед: 10:00 - 22:00

Добивате

  • Користење на СПА центар (времетраење: 2 часа), цена: 800 ден. 390 ден.
  • Релакс масажа на цело тело (времетраење: 50 мин.), цена: 1200 ден. 590 ден.
  • Акупресура масажа (времетраење: 60 мин.), цена: 1400 ден. 690 ден.
  • Релакс масажа на цело тело (времетраење: 50 мин.) + СПА, цена: 2000 ден. 990 ден.

*СПА центарот содржи: финска сауна, инфрацрвена сауна, парна бања, релакс зона, финска кофа со ладна вода

*За користење на СПА центарот добивате две големи крпи


Услови

  • Купонот може да се искористи од 31.07.2017 до 03.09.2017
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација за масажа и користење на СПА центарот
  • Понудата важи за еднократно користење на масажа или СПА
  • Понудата важи за мажи и жени
  • Од 31.07 до 13.08.2017 Synergy Fitness & SPA работи со скратено работно време од 14:00 до 22:00 часот

Опис

Време е да се ослободите од напнатоста и стресот и да го доверите вашето тело на мајсторските раце на стручните физиотерапевти на Synergy Fitness & Spa!

Релакс масажа (времетраење: 50 мин.)

Релакс масажата е вистинскиот избор доколку на вашето тело му е потребно опуштање. Покрај тоа, оваа масажа благотворно делува на намалување на болките и ослободување од стресот, истовремено подобрувајќи ја циркулацијата и враќајќи ја позитивната енергија.

Кожата ја добива магијата на свиленкастиот сјај, а телото добива целосно продлабочување на физичката и менталната балгосостојба.

Релакс масажата се препорачува за чувство на опуштеност, освеженост и смиреност.

Акупресура (времетраење: 60 мин.)

Акупресурата е древна исцелителна уметност во која со помош на притисок на одредени точки на телото се стимулира способноста на телото за самолекување. Акупресурата се користи за ублажување на болката, регулирање на телесната енергија и одржување на доброто здравје.

Акупресурата успешно помага при болки во вратот, грбот, долниот дел на грбот, болки во рамената, главоболки, менструални болки, вртоглавици, ревматски заболувања, несоница, опаднат имунолошки систем.

Антицелулитна масажа

Целулитот е акумулација на течности и маснотии во најдлабокиот слој на кожата. Иако обично се смета за естетски проблем, ако не се лекува на време и на соодветен начин, целулитот може да стане здравствен проблем.

Антицелулитната масажа се разликува од класничната масажа во специфичните движења.

По антицелулитниот третман, кожата станува помазна и поцврста. Со цел да се постигнат долгорочни резултати, се препорачува редовна масажа.

Антицелулитната масажа во комбинација со правилна исхрана и редовно вежбање е најдобрата формула за отстранување на целулитот.

Synergy Fitness & Spa е комплетно нов начин на сфаќање на физичката активност, релаксацијата и уживањето во Скопје. На простор од 2000 квадратни метри, Synergy Fitness & Spa содржи сѐ што Вашиот модерен начин на живот го бара на едно место! Во рамките на центарот ќе најдете фитнес сала со целосна Technogym опрема – за прв пат во Македонија! Спа-сегментот Ви ги нуди најдобрите услови за регенерација а ќе можете и да се опуштите со различните видови на масажи, третмани, thalgo и терапии. Освен ова, центарот има многу сегменти кои ќе се погрижат за Вашиот безгрижен престој.

Фитнес салата е со дневна светлина, пространа, со висина поголема од стандардната, професионална вентилација, опремена со комплетната и најсовремена програма на TECHNOGYM. PURESTRENGTH, ELEMENT +, GROUP CYCLE, KINESIS, SELECTION MED, EXCITE +, OMNIA… Од просторот на центарот кој е скоро 2500 квадратни метри, фитнес салата е на површина од 1000 метри квадратни со посебни делови за аеробен (кардио) тренинг, кружен тренинг, за слободни тежини (специјално гумиран под), дел за партер вежби… На секоја тренинг сесија на рецепцијата на центарот добивате клуч од гардероба, мала крпа за тренинг и голема за туширање или две големи, ако сте корисник и на спа услугите. Секоја од гардеробите е опремена со по 120 сандачиња со клуч, со сопствени туш кабини, тоалети, фенови за коса, гелови за туширање во кабините, умивалници, пространи огледала. Човечкото тело е создадено да се движи. Во современиот начин на живот моторната активност е силно намалена. Со фитнес тренинзите се надоместува недостатокот на движење, мускулите стануваат посилни и здрави, телото – постегнато, тонусот – подобар. Ако се двоумите за својата програма за вежбање, контактирајте ги нашите фитнес инструктори. Тренинзите со нив се гаранција за:

  • разновидни и правилно исполнети вежби
  • усогласување со актуелната состојба на секој што тренира
  • неосетно се постигнат саканите резултати

Можете да закажете термин за тренинг со инструктор по телефон или лично . И нешто важно – апаратите во салата во Synergy се од серијата на TechnoGym кој е симбол на иновација и постигнување на подобар квалитет на живот. Над 65 000 центри и 100 000 приватни домови во целиот свет уживаат во нивните уреди.

СПА зона

Одличен начин да заборавите на стресот и акумулираниот замор од работниот ден. Место за опуштање и смирување. Сауната е идеална вежба за срцето, парната бања зрачи топлина околу 45 °С при влажност на воздухот блиску до 100% – најдобри услови за регенерација, инфрацрвената сауна помага при регенерација на сврзните ткива и е идеална за спортисти (за мускулниот и коскениот систем).

  • Финска сауна
  • Инфрацрвена сауна
  • Парна бања
  • Релакс зона
  • Финска кофа со ладна вода
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.