Нова Година во Милано (29.12.2017–03.01.2018)! Шестдневен аранжман од 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* + вклучен автобуски превоз по цена од 12 330 ден. (199 еур)

Нова Година во Милано (29.12.2017–03.01.2018)! Шестдневен аранжман од 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* + вклучен автобуски превоз по цена од 12 330 ден. (199 еур)

img

Цена

12,330 ден.

Преостанато време

  • ул. Лермонтова 3/6, Скопје (позади Италијанска амбасада) 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • support@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува аранжман во Италија за термин 29.12.2017–03.01.2018

  • Три ноќевања со појадок во хотел со 3* во Милано
  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
  • Организиран разглед на Милано со локален водич
  • Организиран разглед на Верона
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

Услови

  • Купонот може да се искористи од 29.12.2017 до 03.01.2018
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Во цената не е вклучено:
  • Факултативен излет на Лугано и Комо – 35 еур
  • Туристичка такса за ноќевање во Милано (3-5 еур по ноќ, се плаќа во хотелот)
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување –  5 еур
  • Доколку не го искористите купонот во рамките на периодот истиот пропаѓа и средствата не можат да се рефундираат

Опис

Програма на патувањето:

1 ден – 29.12.2017 СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок со групата во 12:30 часот и поаѓање за Милано во 13:00 часот на паркингот кај хотел „Александар Палас“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден – 30.12.2017 МИЛАНО

Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените и прекрасно украсени улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри (индивидуално)… Можност за шопинг по најкреативните божиќни тезги поставени во центарот на Милано… Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден – 31.12.2017 МИЛАНО

Појадок. После појадокот следи организиран разглед на Милано: Миланската катедрала, операта, галеријата Vittorio Emanuele, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle Graziе… Враќање  во хотел. Припрема и дочек на Нова Година организирано со превоз на главниот плоштад… Ноќевање.

4 ден – 01.01.2018 ЛУГАНО – КОМО

Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico…Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано. Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна (индивидуално со јавен превоз во договор во водичот). Ноќевање.

5 ден – 02.01.2018 МИЛАНО – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје со попатна пауза за посета на популарниот аутлет шопинг центар McArthur Glen. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден – 03.01.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ