8 ја следат оваа компанија


Мини преносен инхалер со концентриран чист кислород (99,5%) за секојдневна употреба

700 ден.

Опис

Мини преносен инхалер со концентриран чист кислород (99,5%) за секојдневна употреба!

За ревитализација на Вашето тело и ум. Секојдневните физички и психички активности, како и стресот, алкохолот и сл. придонесуваат за намалена количина на кислород во телото. Со вдишување на чист кислород Вашето тело и мозокот се ревитализираат и со тоа се зголемува Вашата сила, енергија и продуктивност!

Овој производ е особено погоден за употреба при/за:

  • Спортување (сите видови)
  • Планинарење (особено при поголема надморска висина каде кислородот е поредок)
  • Освежување на лицето и телото
  • Голем притисок/стрес/нервоза/деконцентрација
  • Пијанство / Мамурлак
  • Постари особи
  • Возачи
  • Ревитализација на телото

Напомена:

  • За ЕДНОКРАТНА употреба! Не се полни повторно!
  • САМО за рекреативна употреба!
  • Производот не заменува терапија препишана од доктор! Овој производ не е наменет да дијагностицира, третира, лекува или да спречи било каква болест!

1. Модел: О2 VIGOR (AR001А) со маска

  • Волумен на гас (кислород): 12л
  • Чистота на кислород: 99,5%
  • Количина на гас: 120 вдишувања (по 2 секунди секое)

Детали за испорака

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "KM Medical"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

Веледрогеријата КМ - Марјан д.о.о.е.л, Скопје е основана во 1993 година и е една од првите веледрогерии која се занимава со ПРОДАЖБА и СЕРВИС на медицинска опрема. За сите овие години откако постоиме, клиентите секогаш претставуваат приоритет во нашето работење. Нашето мото е Минатото за традиција - квалитет за иднина!
Нашата палета на производи вклучува голем избор на мерачи на крвен притисок, мерачи на шеќер во крв, инхалатори, прочистувачи (јонизатори) и овлажнувачи (освежувачи) на воздух, стетоскопи, инфра – црвени солукс лампи, дигитални топломери, концентратори на кислород, уреди за ноќна апнеа, УВ лампи за дезинфекција и друга медицинска опрема.

Традиционално соработуваме со светски реномирани фабрики за производство на медицинска опрема. Веледрогеријата КМ - Марјан д.о.о.е.л, Скопје е ексклузивен овластен увозник и дистрибутер за компаниите BOKANG, Elettroplastica, Tianjin Empecs Medical (Medisign), efbe – schott, KARE Medical,Citizen, Jumper, Greatcare и др.
 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.