11 ја следат оваа компанија


Млеко за длабинско чистење 3 во 1

595 ден.

Шифра:

33101
  • Димитрие Чуповски, Skopje, Macedonia

    Одведи ме таму

    078 288 504

    bioorganica@jass.com.mk

Опис

Оваа 3 во 1 комбинација за чистење се состои од остранувач на шминка околу очи, млеко за чистење и тоник за лице во еден производ.

Длабински и темелно ја чисти кожата, истовремено ја храни, негува и хидрира. Со органска роза дамасцена, органско алое и благи средства за чистење. Ја отстранува шминката и нечистоти јата, ги намалува порите и овозможува идеална подготовка за понатамошно негување. За брзо чистење. Погодно за употреба кај лица кои носат контактни леќи. Офталмолошки испитано.

Употреба: Се нанесува наутро и навечер на лицето, вратот и деколтето, потоа се масира со кружни движења. Се измива со млака вода. Потоа се нанесува соодветен ЛОГОНА производ во зависност од типот на кожа.

Количина: 100ml

Состав:

  • алое - Се сметало дека легендарната Клеопатра се грижела за својата кожа со екстракт од "крин/солза на пустината- lily of the desert " и со добра причина: екстрактот кој се добива од складираната вода од листовите на алое, се бори со иритациите и има скапоцен заздравувачки ефект. Исто така, придонесува за заздравување на изгореници од сонце и е малку УВ-отпорен.
  • ружа - Силно поздравената ружа е неоспорно кралица на сите цвеќиња. Нејзиниот сензуален мирис ги маѓепсува сетилата и нејзиниот делотворен ефект ја милуваат кожата. Го прочистува изгледот на кожата и има смирувачки, балансирачки, прочистувачки, зајакнувачки и освежувачки ефект. Пупката на цветот на "Damascus rose" исто така обезбедува софистицирана нега за кожата, екстрактот од листовите има измазнувачки, противоспалителен и заздравувачки ефект. Исто така ја хидрира, освежува и чисти кожата. Дивата ружа која не се одгледува како билка, е богата со незаситени масни кислеини, кои го прочистуваат изгледот на кожата и имаат заздравувачки ефект.
  • липа - Германските народи сметале дека липата била свето дрво. Потоа, селската липа станала главно место за средба во многу места. Додека сувите цветови на липата се ценат поради смирувачкиот ефект кој го има чајот од нив, тие можат да имаат и екстремно позитивен резултат во производите за разубавување. Го зајакнува и подобрува тенот и ја смирува иритацијата.

Детали за испорака

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.